Среда, 03 Октомври 2018   
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (13)

dzordz13-1

ДОАЃАЊЕТО НА ЃОРЃИЈА АТАНАСОСКИ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Младиот Ѓорѓија Атанасоски пристигнал во мегалополисот Њујорк  на 28 април 1970 година, каде остана до 1980 година. Потоа заедно со братму Јосиф се пресел на Флорида, каде една година произведувале специјални машини за повеќе фирми. Добитник е на наградата „Елис Ајленд“. Тоа е многу големо признание, бидејќи влзе меѓу стоте избрани луѓе од разни земји, кои се наградени за хуманитарни, бизнис, културни и други придонеси и мисии

Во интервјуто што го водевме во телевизијата „Сонце“ на 29 април 2012 година, бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски беше искрен, расположен и отворен во разговорот и во продолжение, меѓу другото за неговото преселување во Соединетите Американски Држави одговори на моите прашања како што следното:

СН-К: Како се снајдовте во Њујорк и како течеше животот?

ЃА: Со авион преку Ирска и Атлантскиот Океан се приземјивме на аеродромот во Њујорк. Во овој мегалополис стасав на 28 април 1970 година. Таму ме чекаа брат ми и неговата девојка, па заедно отидовме во станот каде што тие живееја во познатиот кварт Менхетн.

Во Њујорк останав седум години. За мене е значаен овој огромен град бидејќи таму се исшколував и некако Њујорк го чувствувам како мое родно место. Три години работев како инженер, меѓутоа со брат ми решивме, наместо за други, да работиме за себе. Затоа отворивме своја компанија во Милфорд, место оддалечено еден и пол час од Њујорк.

СН-К: По Њујорк, дали следи Флорида и нови предизвици?

ЃА: Во почетокот стартувавме како три компании. Останавме таму до 1980 година. Потоа размислувавме да се преселиме на Флорида, каде веќе една година произведувавме специјални машини за повеќе фирми што имаа потреба од нив. Кога се поврзавме како три компании со останатите, добивме работа од познатата фирма „Кодак“. Натаму го проширивме производството и правевме машини кои одеа на јапонскиот пазар. Кога веќе направивме за Јапонија, тогаш ние произведовме и за нас. И бизнисот ни тргна многу добро .

Конечно, решивме да се преселиме на сончевата Флорида, која климатски ни беше мошне добра опција. Дојдовме до Ормонд Бич. Таму купивме триесетина хектари земја до една главна магистрала. Имавме многу идеи, бевме доста ангажирани и посветени на тоа да успееме, па така започна нашата флоридско – американско - македонска лична, семејна и бизнис приказна.

dzordz13-2
Доаѓањето во Америка

Инаку, во Њујорк од 1974 до 1980 година бев секретар на Македонското друштво кое беше наше убаво катче во мегалополисот на Ист Ривер. А во Њу Џерси одев во нашите духовни храмови „Св. Никола“ и „Св. Кирил и Методиј“, за која црква татко ми даде донација, бидејќи тој по една и пол година дојде кај мене во Њу Џерси заедно со мајка ми и сестра ми. А јас за црквата на Флорида дадов 188.000 долари. Во меѓувреме кога добив државјанство по четиринаесет години, е, тогаш навистина бев горд и задоволен. Во 1984 година дојдов во Прилеп. За првпат по подолго време. И така речиси на секои две години

сум во мојата Македонија.

СН-К: Идеите, идеалите и битката за самостојна Македонија, дали отсекогаш сте ја носеле во себе и постојано сте ја промовирале?

ЃА: Доаѓам во мојата татковина за која уште одамна пред 1991 година, насекаде велев дека ќе биде самостојна, суверена, независна Република Македонија. И пред осамостојувањето, Македонското друштво организираше демонстрации пред ОН, затоа што ние и тогаш се залагавме да имаме суверена Македонија. И предадовме документ со нашите барања во тој дух. Сакам да истакнам дека за време на приемот во Организацијата на Обединетите нации, отидовме заедно да се радуваме и да го прославиме големиот чин.

Во 1992 година се организиравме шеесет и двајца Македонци - патриоти, се собравме и се договоривме да создадеме организација - „Македонски светски конгрес“. На тој конгрес мене ме избраа за претседател и развивме доста значајна активност. Лобиравме и лобираме за вистината на нашето име и нашите национални достоинства во мултикултурното американско општество. Постојано на реверот ја носам значката на која се наоѓа цела етничка Македонија и горд сум на тоа.

СН-К: Нели корените не се забораваат, каде и да се наоѓа човек во светот?

ЃА: Да. Јас сум роден во Марул, Прилепско и таму сакам да изградам една викенд куќа. Барем еднаш нека е годишно, меѓутоа ќе одам да седнам, да си приспомнам на моето време, да ги видам градините и полето. Да си муабетиме со моите драги пријатели и роднини. Во Прилеп имам многу пријатели. И не само во Прилеп, туку речиси во сите градови во етничка Македонија. Далечината го прави своето но носталгијата и спомените траат вечно.

Ние Македонците од сите делови на нашата земја веќе еднаш треба духовно да се обединиме и економски да се поврземе. Работам на таа стратегија подолго време и се надевам на нејзино реализирање.

СН-К: Вие сте лауреат на повеќе награди и признанија, ќе издвоите ли некои?

ЃА: Кога луѓето го ценат и валоризираат трудот и активноста, тоа некако се преточува во награди и признанија. Добитник сум на наградата „Елис Ајленд“. Тоа е големо признание, бидејќи влегов меѓу стоте избрани луѓе од разни земји, кои се наградени за хуманитарни, бизнис, културни и други придонеси и мисии. Кога се даваше дипломата, носев значка со шестнаесетзрачното сонце. Со душа и со срце работам за македонската кауза. Тоа беше своевидна промоција на Македонија.

СН-К: Во 2013 година се навршија стоте години од Букурешкиот договор, како гледате на овој погубен договор за Македонија?

dzordz13-3
Мостот Бруклин во Њујорк

ЃА: Во 2013 година, на 10 август (житар), требаше да се обединиме сите Македонци, од сите делови на етничка Македонија, и се разбира од Австралија, Америка, Канада и Европа. Да излеземе масовно и во тој момент да прогласиме дека Букурешкиот договор веќе не важи, затоа што нема македонски потписници. Не е лесно, но ако го почнеме тој процес да го запознаеме светот со вистината, ние ќе успееме да ги постигнеме целите за кои се залагаме.

СН-К: Имате силна љубов кон црквата, дали сте верник?

ЃА: Верувам само во Господ и во никој друг. Го молам Тој да ѝ помогне на Македонија, рече на крајот од разговорот бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.