|
|
Ударот е голем, шокот исто така , ама во “најтешките моменти се наоѓат јунаците” |
Соопштение на Глобалната Македонска ДијаспораВо овие клучни и решавачки моменти за Македонија , гласот и пораката на македонската дијаспора се неминовни и толку очекувани . Навистина се очекувани поради самиот факт што досега скоро повеќето активности на протести во државата се иницирани и финансиски подржувани токму од неа а и имиџот и е непартиски и македонски. Со последните парламентарни случувања се здобивме со силен емоционален шок но и една светлина се појави во расветлувањето на предавничката гарнитура на Македонија. Ударот е голем, шокот исто така , ама во “најтешките моменти се наоѓат јунаците” и оптимизмот мора да превладува . Бидејќи престојат повеќе фази во уставната промена во собранието, потребно е уште двотретинско мнозинство за усвојување на промените со амандманите и законите. Значи тој процес ќе трае и се остава малку време за наша консолидација и барање солуција за реализирање на нашата македонска цел. По сите европски и светски искуства , легитимноста се црпи од народот и за народот , а пратениците само ја пренесуваат и реализират неговата волја. Тоа што се случува во Македонија е надвор од секаква демократска и парламентарна рационалност, бидејќи се работи по директиви од Калето а не од народот . Тој што треба да биде водилка на процесите , тој ќе треба и да го покаже својот револт на узурпацијата на неговата волја. Со еден збор, солуцијата е собирање народ на улица и пред парламент и тоа многу народ. Последните случувања во Романија и Ерменија тоа го и покажаа кога три дена народот пред владата успеа да ги отргне од нивната замисла. Само тој е легитимен во овој случај знаејќи ја природата на “македонската”политичка корумпирана гарнитура актуелно. 1.Поради ургентноста на ситуацијата, во најкраток рок е неминовно собирање народ кој ќе остане со денови до пад на хунтата и конечна победа .Тоа ќе може да се постигне со обновување на акцијата по примерот на “Македонија бојкотира”, каде скоро 80 организации и повеќе други движења успеа да го мотивираат народот за бојкот на референдумот , наспроти енормната владина и надворешна пропаганда . 2. Иницирање на заеднички состанок на сите овие про македонски сили и здружено и координирано да се поведе народот на улица и бојкот на институциите . Иницијатор на тоа зближување ќе треба да потикне од страна на про македонските сили во Македонија како и од дијаспората, како чинител кој неуморно и чисто непартиски работи за Македонија . Заради успешна реализација на иницијативата, неминовна е првична согласност на сите потписници за основните постулати во одбраната на државата: – непартиско дејствување и еднаквост во донесувањето на мерките. -Поништување на договорот со Грција; – Поништување на сите други договори и платформи донесени од сегашнава анти македонска влада; – пад на истата ова влада и создавање на услови на формирање на привремена техничка влада која ќе ги подготви наредните предвремени парламентарни избори. Заедничкото прифаќање на предложениве точки е неопходно поради идеолошките разлики на организациите и партиите , кои ќе можат да дојдат до израз во втора етапа и на наредни избори. Се надеваме дека предложената иницијатива која доаѓа во нај критичниот момент за судбината на Македонија и македонскиот народ, ќе биде сестрано прифатена и во нај краток рок и реализирана од страна на сите про македонски сили. Со почит, 27 Октомври 2018 ,Торонто Канада |