|
|
На едно место спој на традиција, фолклор, уметност, литература и култура |
На едно место спој на традиција, фолклор, уметност, литература и култура МАКЕДОНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА 2018 ВО РАСКОШЕН СЈАЈ За најголемиот и прв од ваков вид македонски фестивал на храната Footscray 2018, нема доволно зборови да се истакне неговата значајност. Нема ни потреба од многу најавување, едноставно само се очекува да се случи. На 28 Октомври во големиот Footscray Park, вриеше од луѓе не само Македонци туку и други националности кои уживаа во она што го понуди Фестивалот на храната оваа година. А изборот беше навистина поинаков, поразновиден и побогат. Штандовите продаваа, буреци, мекици, кифлички, разновидни колачи, чоколадни крофни, ќебапи на кои никој не остана рамнодушен. Сето тоа се дополнуваше со прекрасните звуци, неприкосновената игра на Културно уметничките друштва од Мелбурн и Нов Јужен Велс, гласови на пејачите кои ја воодушевија публиката. Поздравни говори и поддршка за фестивалот дадоја и градоначалничката на општината Maribyrnong, Сара Катер , Натали Сулејман (член на Парламентот за Лабуристите), Кејт Хол кандидатка на Лабуристите Footscray. Не изостана ни поезијата, за што се погрижи Гордана Димовска и ги прочита поемите: Божица, Мајчиниот глас, Еј Македонијо, Македонски чеда, како и стихотворби изрецитирани од ученичките при Викториското училиште за јазици. Овој фестивал уште еднаш го покажа својот сјај и докажа дека упорно работи да се продолжи неговото одржување, да се одржи македонската култура, традиција, јазик, богат фолклор. Настан за почит, многу повеќе од фестивал и единствен кој успева да ги собире и обедини луѓето од сите возрасти и етнички групи кои се дружат, разменуваат мислења, започнуваат идеи и можни соработки. Среќни сме што постои и да се надеваме на уште посилна поддршка од Македонската заедница во Викторија и пошироко. Ние продолжуваме да претставувме се македонско на овој настан и тоа во најубаво руво, од богатата македонска ризница. Благодарност и честитки до сите во организациониот одбор, волонтери, културно уметничките друштва, пејачи, медиуми (SBS radio Васе Коцев, Маргарита Василева, весниците Австралиско Македонски неделник, Денес (Игор Павловски),Фаланга порталот (Никола Ставрески), Мacedonian timeline, спонзори, учесници и поддржувачи. Македонска нација MACEDONIAN FOOD FESTIVAL FOOTSCRAY 2018 At one place a blend of tradition, folklore, art, literature and culture For the largest and first of its kind, the Macedonian Food Festival 2018, there are not enough words to emphasize its significance. There's no need for many annoncments, just expected to happen. Footscray Park on the 28th of October, was booed by people not only Macedonians, but also other nationalities who enjoyed the sunny weather and everything the festival offered. This year, the choice was really different, more diverse and richer. The stands were selling, bouquets, mekici, various cakes, sweets, chocolate donuts, tastiest and popular kebabs. All this was complemented by the wonderful sounds, the undisputed traditional dances performed by cultural artistic groups from of Melbourne and New South Wales, local singers, dancers, Bella Paige and many more who impressed the audience. Welcome speeches and support for the daodo festival and the mayor of the municipality of Maribyrnong, Sarah Kather, Natalie Suleyman (member of the Labor Parliament), Kate Hall Laboratory candidate Footscray. Also the poetry was introduced at the start of the program read by Gordana Dimovska (Goddess, Mother's Voice, Macedonia, Macedonian children), as well as poems recited by the students at the Victorian School of Languages, Keilor Downs. This festival once again showed its luster and proved that it is persistently working to continue to maintain the Macedonian culture, tradition, language, rich folklore. This is more than a festival, like no other manages to gather and unite people of all ages and ethnic groups who associate, exchange opinions, start ideas and possible collaborations. We are happy to exist and hope for even stronger support from the Macedonian community in Victoria and beyond. Special thanks to everyone in the organizing committee, volunteers, cultural and artistic associations, social groups, sport clubs, singers, media (SBS radio Vase Kotsev, Margarita Vasileva, newspapers Australian Macedonian weekly, Today (Igor Pavlovski), Phalanx portal (Nikola Stavreski), sponsors, participants and supporters . |