|
|
ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР |
Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од Спортскиот центар во Рогдаел, Сиднеј, Волинци ја одржаа Хуманитарната вечер, чии профит е наменет за изградба на Заштитна ограда околу црквата Св. Богородица во с. Волино, Охридско. Нешто од билетите, нешто од лотаријата, а повеќе од доброволниот паричен влог на луѓето, собраните парични сретства деновиве ќе им бидат испратени на овластените лица во Волино. Да напомнеме дека иконата од светицата Света Богородица која ни ја пратија од Волино, на јавно наддавање, за 500 долари ја купи Ѓорѓи Николоски од Грингила. Им благодариме на медиумите кои ја објавуваа рекламната порака, а и на музичарите од ВИС „Китка“ кои без хонорар не забавуваа до раните утрински часови. Присутните ги поздрави добро познатиот волински поет Иван Трпоски, а членовите на одборот: Страше Чалдрмоски, Ристе Николоски, Симон Велјаноски, Габриела Трајаноска и Тодор Николоски успешно ја извршија нивната задача. |