Четврток, 22 Ноември 2018   
ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ - Нова театарска продукција

posledniot makedonecПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ - Нова театарска продукција

Повод за разговор е најновата драмска продукција „Последниот Македонец“ на Душан Ристевски во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Како што се најавува, оваа драма е најголемиот и најтешкиот проект што ова реномирана театарска група ја има превземено. Заангажирани се, покрај режисерот Стефо Нанцу, четиринаесет актери од Сиднеј и Волонгонг.

Зошто е најголем и најтежок проектот „Последниот Македонец“?

Самото има по себе покажува дека се работи за драмско дело преку кое гледачите ќе увидат дека македонската нација е пред уште една небиднина, пред прагот на уништување. Темата е доста чувствителна бидејќи се работи за сегашните збиднувања во Македонија, Европа и Австралија. Драмата е поделена во три дела: првиот дел се случува во Македонија и покажува која е причината и кој е кривецот за нашето уништување; вториот дел се одвива во Европа, за божемниот - хипотетичен влез во ЕУ од каде премногу очекуваме, а од каде најмалку сме ценети како луѓе и нација; третиот дел се одвива во Австралија каде Македонците доаѓаат не само како економски емигранти туку како бегалци на една нација и држава која веќе не постои. Ние, нашата генерација, сме сведоци, за жал, на нашето уништување, посебно со таканаречениот Преспански договор, па со подметнатиот референдум и со парламентарната одлука на менување на уставот се „запечатува нашата иднина - небиднина“. Со истиот не само македонскиот јазик, нација и држава кои се ставаат на столбот на срамот туку и самото христијанството кое е под постојан притисок од оние кои се со исламска вероисповед. На лагите кои имаат ѓаволски опашки им нема крај: после договорот, референдумот, уставни измени и божемен влез во ЕУ во Македонија ќе никнуваат кампови од бегалци од блискиот исток и Африка, а Македонците ќе се иселуваат „за подобар живот“ во Европа. Македонија ќе стане оаза на немакедонци.

Кој е поводот за едно вакво „предизвикувачко“ дело

Текстот го работев неколку години, во различни периоди на македонското битисување. Секако во меѓувреме на сцена ставив неколку други драми но секогаш се навратував на овој текст бидејќи политиката во Македонија постојано се менуваше. Прашањето во однос договарање за името постои веќе повеќе години и тоа ни преставувало како голем проблем, не поради тоа што Атињаните тоа го бараат, туку поради тоа што нашите политичари отсекогаш истапуваат незрело, и таа незрелост сега се покажа дека не доведува до уништување. Сега со новата влада која е корумпирана со сета административна, судска и полициска гарнитура се направи каша-попара од нашата нација и таа болка што нацијата ја чувствува ја чувствувам и јас. Тие ништожници кои наликуваат на луѓе кои секојдневно роварат во Македонија и како некои црвја ја глодаат сржта на македонското битие и душа го чувствувам и јас и поради тоа патам, пати Дијаспората, патат сите Македонци. Едноставно со ова дело сакам да го претскажам самоуништувањето доколку не се свестиме и не ја земеме нашата судбина, нашата иднина, во свои раце. Не постои во светот нација која самата си потпишала договор за самоуништување освен македонската. Едноставно поттикнувам да не се ќути или молчи. Нашиот умен народ рекол „не ќути оти ќутук ќе станеш“ – а еве во Македонија направија ќутуци од луѓе, да се плашат и срамат да ја отворат устата и да си го кажат мислењето.

Писателите секогаш се повеќе напредни во своето размислување, а политичарите се назадни.

Точно, посебно во споредба со политичарите кои играат политика, а воопшто не ја разбираат и кои профитираат од нивните позиции. Овчар, како што вели нашиот мудар народ, не може да биде политичар, не може да води држава и не може да го брани интересот на својата држава. Република Македонија се соочува со закани, не само од ЕУ, ОН и НАТО туку и од самата СДС „која е нивна маша“. А да не ги спомнувам албанските политички партии кои никогаш не биле за доброто на Македонија. Тие изманипулираа со референдумското прашање и закануваа дека мора да се оди на референдум, мора да се подржи договорот, мора да се прави уставна промена, мора да се влезе во ЕУ и НАТО и дека ова ни е последна шанса – сето е манипулација за да дојдат до својата цел. Мора само да се умре, а не мора ништо да се прави кое не води во пропаст и уништување.

Таканаречените мисионери од ОН и ЕУ кои ја посетуваат Републиката, дрско влегуваат како некои волци во Македонија, не да ѝ помогнат, туку само да ја ограбат, обезличат, распарчат и секако да им донесат на политичарите мито на „демократски начин“ самите да си ја уништат нацијата. Мојот дедо кажуваше дека дрски мисионерчина доаѓаа во Македонија кога се припремаше делбата во 2013 година, значи тие не ѝ мислеа добро на Македонија, а еве и сега повторно, трчкаат како некои збеснати волци – значи тие „не ни мислат добро“. Постои кампања од надвор и од внатре (платена од западот, кукавичкото јајце да успее), македонскиот јазик, нација и држава да се уништи.

Кои се вашите очекувања, посебно кога се знае дека политичките драми можат да бидат „нож со две острици“.

Темата е деликатна и е предизвикувачка да се стави на сцена. Изведбата ќе биде на високо ниво, за наши услови, и се надевам дека гледачите ќе бидат задоволни. Имаме 14 актери но во драмата постојат 37 различни карактери. Очекувам да се јави поголема национална свест и луѓето да вршат поголемо политичко влијание, да бидат присутни и да не се самоизолираат кога ќе дојде националното прашање. Ние како дијаспора треба и мораме да вршиме притисоци врз сите македонски влади и институции за тие совесно да работаат кога ќе дојде прашањето за нашиот јазик и нација. Очекувам пофални мислења, а и критики, но за тоа ќе зборуваме откако ќе се види драмата.

Премиерата на драмата, за прв пат ќе биде направена во Волонгонг, град оддалечен од Сиднеј 80 км но богат со театарска традиција, на 17 ноември во 19 часот во просториите на Македонскиот културен центар до самата црква Св Димитрија, а следниот ден 18 ноември повторно се прикажува во 15 часот. Потоа следат престави во Сиднеј: Бенкстеон на 24 ноември и Рогдаел на 1,2 и 8 декември.

Душан, Ви посакувам како вас така и на сиот ваш тим, успех со „Последниот Македонец“, дело кое изгледа ќе ни биде „мевлем“ за нашата душа која сега толку многу ни е растргната и разединета.

posledniot makedonecИван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.