|
|
НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА |
“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА КЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА Се заложивме од самото формирање да ја промовираме македонската литература, да го негуваме јазикот во сите форми и на сите можни начини. Важно е да му се даде посебно место на читањето. Тоа е корисно за развојот на мислата, збогатување на речникот, подобра комуникација, изразување на она што сакаме да го кажеме, развивање на мечтаењето, намалување на стресот. Читањето е како копче за пауза, треба да подзастанеш и да се концентрираш кога читаш. Придобивките од оваа зголемена активност ја заоструваат меморијата и способноста за учење. Книгата е извор на знаење, јазикот е коренот на нашето постоење и препознатлив национален белег. (Гордана Димовска) Неуморните членови на литературното друштво МЛД Кочо Рацин од Мелбурн неколку пати годишно успешно ја промовираат македонската литература, како од локалните автори така и од македонски познати автори. Многу често се поканети да учествуваат и читаат свои дела на Фестивалот на писателите заедно со сите други локални автори што е навистина убаво место за афирмација на македонските дела. Една од низата активности беше и литературното читање кое се одржа на 29 ноември во библиотеката во Мил Парк. Настан со кој литературното друштво настојува да го претвори во традиционален и да го продолжи патот кон успешното афирмирање на македонскиот јазик. Во изборот од членовите но и пријавените учесници прекрасно прозвучија убавите извадоци од драми, романи, поеми на Македонски и Англиски. Се започна со извадок од драмата Антица на еден од првите македонски драмски писатели, Ристо Крле а беше избор на Гордана Димовска, следуваше расказ за грабнувањето на Калина од турскиот аскер и нејзиното проштално писмо до мајка и (Даниел Димовски), дел од современиот роман на Сашо Димоски (Алма Малер), мемоари од книгата на Андон Дончевски (Дона Д. Кантаровска), прекрасно прозвучија и авторски поеми и четива од Вера Горгиевска, Крсте Наумовски (Грамотник), заедно со Дона ја прочитаа и поемата Јагула од Анте Поповски, Стеван Ацески (Солунски браќа). Прекрасни настапи имаа и гостите кои се пријавија да читаат: Танас Петрин со поеми од неговиот татко: Деца бегалци, Песна за Нерет и Крушевската република, Василка Патерас (Празнина и Невена), Вера Мажеска (Т’га за југ и свои поеми), Сашка Ставреска (Македонец да си), Розита Груевска (Не дај боже). За првпат настапи и Адриан Горгиевски кој со голема љубов прочита свој состав за Александар Македонски. Учеството на младите генерации Македонци, нека биде поттик и за сите други наши деца во заедницата да се вклучуваат во активноситите на литературното друштво и да го чуваат македонскиот јазик. Се оддаде почит и кон починатиот познат драмски писател Горан Стефановски познат по драмите “Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, и добитник на престижниете награди: „Стале Попов“ Во склоп на оваа вечер беше организирана и едукативната програма за деца “Од буква до буква – азбука” во која учествуваа: Емили, Оливија, Оливер, Михаил и Ајзек. Децата беа поздравени со аплауз за нивниот труд да изговорат букви и зборови кои им беа дадени да ги учат. Литературното читање беше повеќе од успешно, навистина предизвика голем интерес а настанот беше одлично организиран.
www.mldkocoracin.blogspot.com Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |