|
|
СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (18) |
СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА Печалбарската традиција на Стив започнала уште од дедо му Ване, кој во почетокот на минатиот век, заминал преку големата вода до источните брегови на северноамериканскиот континент каде останал, речиси, три години. По враќањето од Америка Ване освен со пари се вратил задоен со многу патриотски дух во себе. Дошол со голема желба заедно со истомислениците и хероите да стори сè за слобода на својот народ, за ослободување на Македонија. Секако дека предците по прадедовска, дедовска и татковска линија имале силно влијание врз развојот и формирањето на младото Македонче. Стив и Лили за прв пат решаваат во 1972 година да го прелетаат Атлантскиот Океан и да дојдат во Европа Во аналите на семејните корени на Стив Пљакас стои дека таткото на Стив – Ламбро (1912-1999) исто така е роден во селото Зелениче, во летинската околија. Соочен со тешкиот живот, без перспектива, во 1948 година заминува на печалба во американскиот град Питсбург. Им се придружил на своите браќа Славе и Коле, кои како постари печалбари и сложни добри браќа веќе биле таму. Подоцна, тие ќе му помогнале на Ламбро околу купувањето на фармата во Канада. Ламбро бил многу трудољубив човек кој вредно работел, печалел и се пробивал во новата средина, па наредните четири години во Онтарио го носел товарот на целото семејство на своите плеќи.
Мајката Џина и таткото Ламбро на Стив Стив со внучињата Инаку, печалбарската традиција на оваа фамилија е уште од дедовското гурбетџиство. Така, дедото на Стив, Ване во почетокот на минатиот век, заминал преку големата вода до источните брегови на северноамериканскиот континент каде останал, речиси, три години. Со заработените пари и многуте идеи за подобар животот, тој се вратил назад во родното селото. Меѓутоа, Ване освен со парите се вратил задоен со многу патриотски дух во себе. Дошол со голема желба заедно со истомислениците и хероите да стори сè за слобода на својот народ, за ослободување на Македонија. Кодошите секогаш му биле зад петиците. Му го мереле секој збор, го регистрирале секој негов контакт и секое негово дејствување. Во 1943 година џандарите го фатиле и тој бил осуден на три години затвор. Причините биле, неговите слободарски и патриотски идеи. Го издржал тој неподнослив тригодишен затвор, кога конечно излегол од зад решетките. Ама и натаму дедото Ване не мирувал. Сите го знаеле и почитувале. Ване посветено, а тајно, многу тајно, создавал мрежа од патриотско-македонски ќелии во егејскиот дел на Македонија. Инаку, да потсетиме, дека според семејното стебло дедо му на Стив, Ване дошол од Албанија во селото и се оженил за Магда од Зелениче. Според зборовите на Стив, Ване бил најдобриот дедо кој во скутот го држел Стив и неговите браќа. Долго им раскажувал најубави приказни и ги заспивал на своите гради. И секако дека предците по прадедовска, дедовска и татковска линија имале силно влијание врз развојот и формирањето на младиот Стив. Тој напросто впивал сè учејќи од своите предци. И, не случано, таквиот патриоски дух постојано го носи во себе како нешто свето, како нешто најсилно. Дедото и таткото на Стив, низ разни преданија, сказни, песни и настани, му ја кажувале вистината за својот народ, му пренесувале идеи и завети,како своевидна семејна традиција. Стив Пљакас по Втората светска војна го завршил шестото одделение во селското училиште со многу свои врсници. Потоа следела преселбата и патот кон канадската земја. Во 1958 година, кога веќе бил отиден од родното место во беломорието, тој добил покана да се врати назад за да го отслужи воениот рок во грчките армиски формации. Меѓутоа, се разбира, не се вратил назад. Ништо не можело да го натера да појде и да биде војник во земјата од која заминал. Било најдено Соломонско решение, поточно, платил казна и го затворил тој случај. Група деца од Егејска Македонија Во меѓувреме, во Канада сè поуспешно чекорел низ животните и бизнис патиштата. Бргу се снаоѓал со својата упорност, храброст, умешност и капацитет, за кој бизнис и да се определел. Го бирал тоа што му носи убава перспектива, профит, име и углед во тамошната доселеничка средина. Со избраничката на неговото срце - Лили, тие за прв пат решаваат во 1972 година да го прелетаат Атлантскиот Океан и да дојдат во Европа, а со тоа да ја посетат Република Македонија и родните огништа во Егејска Македонија. Тоа било и прво нивно доагање на македонските простори од поделената етничка земја. Најпрвин пристигнале во Хрватска, а попатна станица им бил Загреб, од каде со автомобил го прокрстариле брегот на Јадранското Море, посетувајќи ги Дубровник, Сплит и други места и градови долж јадранскиот брег. Натаму, преку Црна Гора стасале во Македонија, каде во оваа земја тие секогаш ке бидат свои на своето. Речиси еден месец колку што престојувале во Македонија, најмногу денови поминале шетајќи низ селата и градовите, воодушевени од убавините на татковината. Во собе носеле прекрасни доживувања од престојот во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп,Гевгелија, Хераклеја, Пелистер, Стоби, Преспа и каде сè не. Милениумските цивилизациски траги во времето и просторот, биле најверната личната карта за својот род и својата библиска земја. Отпатувале и во Егејска Македонија. За прв пат по преселбата во Канада, заедно го посетиле родното место, селото Зелениче, кое според литературата припаѓа на Општина Лерин, а духовно, со црквата припаѓа на Костур. Повторно по низа години, Стив со многу емоции и спомени чекорел низ маалата и сокаците, се присетувал на детството, и носталгично застанал на куќниот праг каде што не можело ни солза да се задржи. Во Зелениче со сопругата Лили ги споделувал спомените од некогашното време, раскажувајќи детаљ по детаљ од спомените за она што непрекинато навирало во тие мигови. Стив и’ раскажувал на Лили за минатите детски години и со солзи на очите евоцирал спомени од тоа време. При средбите и разговорите со најблиските кај Стив се пластела тага во душата , бидејќи неговите соселани не сакале да зборуваат на својот мајчин македонски јазик, уплашени да не ги поткаже некој на грчките власти, тоа е нешто кое тој никогаш не го заборавил, доживувајќи го како проклетство, кога ти го забрануваат најсветото. Стив со поглаварот на МПЦ-ОА и архимандридор Царкњас Стив и Лили Пљакас си заминале од Европа и се вратиле во Канада каде понеле многу спомени кои ги потврдиле со безброј фотографии. Сето тоа било прикажано пренесено на своите најблиски и на голем број пријатели. Тоа патување за нив бил вечен спомен кој им ги отвори патиштата на вистината и ја потврдил љубовта кон Македонија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |