|
|
ОМД: Македонија е земја лидер во квантитет наместо квалитет на јавната администрација |
ОМД: Македонија е земја лидер во квантитет наместо квалитет на јавната администрација Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува владините предизборни политики на анимирање гласачи преку иницативата за основање Министерство за Политички Системи и Односи со Заедиците, со кое се предвидува превземање на вработените од досегашниот Секретаријат за Европски Прашања (СЕП) и со кое се негира владиното залагање за намалување на квантитетот и јакнење на квалитетот на јавната администрација. Покрај простувањето на долгот во висина од 110 милиони евра на граѓаните кон ЕВН и ЕЛЕМ, како и простувањето на долгот во висина од 1,5 милиони евра на приватните винарии кон лозарите во време кога јавниот долг на Македонија според Меѓународниот Монетарен Фонд за прв пат ја надминува црвената линија од над 50% од Бруто Домашниот Производ (ПДБ), според ОМД, владата ја загрозува земјата со ризик од банкрот со мерка на суфуцитарна администрација која достигнува сооднос на еден министер на 77 илјади жители. Со мерката за воведување Заменик Директор на секое јавно претпријатие покрај финансиската неодржливост кај повеќето од нив, заедно со иницијативата за основање на новото Министерство и советничките листи кои бројат 56 советници само во служба на Премиерот Заев, Македонија го превзема водството во квантитет на европско ниво. Косово со 24 члена, Србија со 22, Бугарија со 20, Грција со 18 и Албанија со само 16 члена на владата, се зад Македонија. Со измените во законот за Организација и Работа на Органите на Државната Управа, со кој Секретаријатот за Охридскиот Договор се трансформира во Министерство за Политички Системи и Односи со Заедиците во кое Вицепремиерот за Рамковен Договор станува Министер за Политички Системи, е во спротивност со предизборното ветување на СДСМ за намалување на бројот на министри и програмот за создавање „одговорна власт“. Со цел да се избегне ризикот од банкрот кој станува поверојатен со секое оптоварување на буџетот, ОМД апелира на јакнење на квалитетот наместо квантитетот на јавната администрација. Воедно, ОМД апелира владата да се воздржи од анимирање на гласачкото тело преку измени во законот за Организација и Работа на Органите на Државната Управа особено во предизборието, кое според сите антикорупциски мерки и етика во државната служба, се едначи со директна интервенција во изборниот резултат на претстојните претседателски избори |