Среда, 22 Мај 2019   
МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”-ТИРАНА И ММДЧП БАРА БУГАРИЈА ДА ПРЕСТАНЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ДА ГИ ИМЕНУВА КАКО БУГАРИ

p1

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и ММДЧП бара Бугарија да престане Македонците во Албанија да ги именува како Бугари

Соопштение за медиумите: Македонско друштво “Илинден”-Tирана

Македонското меѓународно движење за човекови права

Македонското национално малцинство во Албанија ниту били, ниту ќе биде бугарско. Историјата и современоста тоа го докажуваат. Но, докажуваат и нешто друго. Самопродавањето на одредени лица, желни за ситна заработувачка и „бесплатно“ школување во Бугарија, им овозможи на долгогодишните бугарски емисари во Албанија да изнајдат безрбетници сред Македонците во Албанија. Од друга страна тоа ѝ овозможи на бугарската држава да го оствари долгогодишниот сон за „изнаоѓање“ на она што го нема во Албанија, а тоа се Бугарите. Кога на сето ова ќе се додаде и фактот дека Бугарија бараше во Законот за малцинства во Албанија да се внесе и непостоечкото „бугарско“ малцинство што Бугарите го остварија со бессрамното уценување на албанската Влада со закани и оневозможување на евроаспирациите на албанската држава. Македонското друштво Илинден од Тирана уште при носењето на сремниот Закон за малцинства во Албанија реагираше и укажуваше дека признавањето ан бугарско малцинство во во Албанија е фарса. Но, истовремено, посочуваше на фактот дека Бугарите нема да запрат со свето „европско“ однесување и ќе го злоупотребуваат катастрофалниот Закон за малцинства во Албанија во секој сегмент.

Денес таквото „европско“ однесување на Бугарија се покажува на дело со актот преземен од страна на Софија која преговара за испраќање бугарски наставници во Албанија. Доколку ова се оствари, тоа ќе биде најнасилното и најпонижувачко однесување на една европска земја кон малцинствата во една суверена држава како Албанија. За ваквата намера на Бугарија говори и изјавата на министерката за надворешни работи на националното собрание Екатерина Захариева. Таа изјавила дека: „Донесувањето на законот “За заштита на националните малцинства во Република Албанија” е само првиот чекор. Го очекуваме усвојувањето на други законски акти, во кои детално ќе се наведат начините на кои ќе се гарантираат правата на малолетникот во Бугарија… Неспорен успех за билатералните односи е емитувањето на вести од бугарски јазик во РТШ2. Наскоро ќе има модул “Учам бугарски јазик”. Министерството за образование преговара и подготвува доставување на услуги за наставници од Бугарија до областите каде што живее бугарското малцинство“.

Освен реакциите на Македонците од Албанија за насилното однесување на бугарските емисари и бугарската држава кон нив, не смее да изостане и реакција од матичната, македонска држава за веќе докажаниот упад на Бугарите сред Македонците во Албанија. Воедно го повикуваме и Хелсиншкиот комитет на Албанија и европските претставници во Албанија да го осудат чинот на насилно национално обезличување на македонското национално малцинство во Албанија со уцени и закани дека Бугарија ќе го стопира напредокот на албанската држава за влез во Европа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.