|
|
МАКЕДОНСКИ ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СИДНЕЈ |
Душан Ристевски-Сиднеј, Австралија МАКЕДОНСКИ ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СИДНЕЈ На овогодишниот интернационален Филмски фестивал во Сиднеј ќе се прикаже македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митревска и во главна улога на Зорица Нушева. Овој филм е работен врз вистинска случка во Штип и извонредно ја пренесува приказната за храброста на една невработена жена да се спотивстави на воспоставени и затемелени структури на стереотипите и патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја обознови солидарноста во борбата против неправдата. Петрунија (Зорица Нушева) на религиозниот празник Водици решава да се фрли по крстот во ладните води. Но кога успева да го фати, почнуваат и нејзините проблеми затоа што е жена. Филмот е најавен како „емотивен енергичен манифест на балканскиот феминизам“. Филмот ги открива „мистериозните длабочини на човекот“, а режисерката Митевска со приказната успева да направи „сатира помеѓу гневот и меланхолијата“, таа патува амбициозно „за да ги разреши хипокризите на нашето време“. Инаку филмот е прикажан на повеќе филмски фестивали во Русија, Украина, Франција, Германија и е наградуван повеќе пати. На еден филмски фестивал во Германија кој е посветен на женски автори ја доби главната награда; на филмскиот фестивал во Тирана беше прогласен за најдобар филм и награда за најдобра женска улога доби Зорица Нушева; на престижниот филмски фестивалот во Берлин освои две награди Ecumenical Award и Guild Film Prize и доби позитивни критики што овозможи полесно дистрибутирање во светот, а еве сега и прикажување во Сиднеј. На фестивалот во Сиднеј и после секоја проекција ќе биде присутна и режисерот Теона Стругар Митревска која ќе има свое обраќање пред сиднејската публика. Треба да бидеме горди што македонската кинематографија повторно се преставува на Сиднејскиот фестивал, посебно во време кога за нас Македонците многу е важно да зборуваме за Македонија без придавки и додавки. Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе има само три проекции и тоа во четврток 13 јуни во 6.15 и петок 14 јуни во 11.45 во State Theatre во Сиднеј како и на 15 јуни во 3.45 во Hayden Orpheum во Cremorne. Со карти ќе можете да се снабдите преку следната веб страница: https://www.sff.org.au/program/browse/god-exists-her-name-is-petrunya |