Вторник, 11 Јуни 2019   
Ние сме Македонци од Македонија и зборуваме Македонски јазик
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЛЕНИШТВО НА САМОНАРЕЧЕНАТА РЕПУБЛИКА (терминот на”с”) МАКЕДОНИЈА

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЛЕНИШТВО НА САМОНАРЕЧЕНАТА РЕПУБЛИКА (терминот на”с”) МАКЕДОНИЈА

Македонскиот весник “Македонија” кој се издава во Канада упати остра реакција до Агенцијата за иселеништво на “самонаречената Република (терминот на”с”) Македонија” кое го пренесуваме во целост:

Ние сме Македонци од Македонија и зборуваме Македонски јазик!

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО НА САМОНАРЕЧЕНАТА РЕПУБЛИКА (терминот на”с”) МАКЕДОНИЈА

Агенцијо за Иселеништво на самонаречената држава насилно и без волјата на Македонците Не ве признаваме, не ве препознаваме, се срамиме од вас!

Ова се само дел од огорчените секојдневни реакции на читателите на весникот ,,Македонија,, од Торонто Канада кој патем ги претставува Македонците од сите некогашни и сегашни делови, а нема Македонец на земјината топка кој не знае до каде е Македонија, до каде се зборува, пее и игра на македонски.

Се дрзнавте неодамна да преземете содржина која е комплетно авторска на весникот ,,Македонија,,. Се работи за текст и фотографии од македонскиот павилјон на мултикултурниот фестивал Карасага претставен од црквата Св. Илија од Мисисага, своеволно сте копирале (само неколку) иако ги имаше многу фотографии и на секоја втора беше развеано знамето од Кутлеш, нашето шеснаесеткракото, кое мислевте лесно ќе го згазите и фрлите во заборав, постапка рамна на самоубиство, исто како да сте рекле ве нема повеќе -НЕ ПОСТОИТЕ. Но, како во песната ,,Велат не нема ама еве сме,, тука сме, постоиме и гордо го вееме националното знаме, послушајте ја, засрамете се од себеси, од родот македонски.

До македонската заедница во Канада (до која освен до вашите малкумина истомисленици) немате пристап, тоа е и писмено потврдено, при последното барање на министерот за дијаспора Адеми за посета на македонските православни цркви во Канада. Тие како духовни и културни центри на Македонците одбиваат било каква соработка и забрануваат официјални посети на министри од сегашната одродничка влада.

Ако сте решиле да преземате, сте можеле и да погледнете во содржините на фејзбук страницата на весникот,,Македонија,, кои зборуваат и илустрираат настани во кои се вклучени Македонци од Вардар, Егеј, Мала Преспа, Пирин… вака само прекројувате вести по ваша мерка како впрочем се’ што правите, спротивно на волјата на македонскиот народ.

Срамно и недопустиво, како може некој да претставува државна институција со која немаме никаква соработка без дозвола да презема вести од животот на Македонците во Канада со цел да ја прикаже својата наводна успешност, а кога и самите знаете за злото и болката што им ја нанесовте на Македонците ширум светот??!

Соработка со вас нема да дозволиме, ниту сега ниту во иднина. 

Ние сме Македонци од Македонија и зборуваме Македонски јазик.

alt

Превземено од фејсбук страницата Весник “Македонија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.