Среда, 24 Јули 2019   
4 години од формирање на Фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ (7)

gorg1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ е насочена кон зачувување на уставното име на Република Македонија, унапредување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух и друго.  Исто така, бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е голем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци

Бизнисменот Атанасоски е препознатлив како најзначаен бизнисмен од Македонците во дијаспората кои инвестирале во дедовската земја - Република Македонија. Тој е основач на Македонскиот светски неделник „Македонско сонце”, на претпријатијата „Мак ам”, како интернационална компанија, на хотелот со бензинска пумпа „Сонце ГА” во Прилеп, најпатриотската телевизиска станица во Македонија ТВ „Сонце” во Скопје, „Жито Прилеп” во Прилеп и други инвестиции.

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во Соединетите Американски Држави.

Тој е собено е активен во промовирањето на демократските процеси во Македонија. Се чини тој е преокупиран со заштитата на македонското име, знаме, Устав и промоција на признавањето на Македонија како суверена земја од страна на земјите од светот. Значајно е тоа што тој остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации во светот.

Меѓутоа, овој пат ќе пишуваме  за неговата Фондација  „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“. Имено,  на 07.10. 2015 година, во голема сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје е формирана Фондацијата „Ѓорѓија ­ Џорџ Атанасоски“. Чинот на формирањето се изврши пред голем број присутни, поддржувачи на овој познат македонски иселеник од Флорида, од Соединетите Американски Држави, бројни гости од цела Република Македонија, од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, од општината Пустец и други места од Мала Преспа и Албанија, од Гора, претсавници од општествено­политичкиот живот, од дипломатскиот кор, претставници на Македонската православна црква, од Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ од Соботско, како и претставници на бројни хуманитарни и други организации од Прилеп и Скопје.

gorg2

На свеченото основање на присутните им се обратија директорот на Фондацијата, Николас Атанасоски, роден Американец, а горд Македонец, син на Џорџ Атанасоски. Тој, меѓу другото, рече дека Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ ќе ги унапреди сите досегашни хуманитарнии донаторски активности во Македонија и регионот. Исто така, Фондацијата ќе биде посветена на промовирање на македонската култура и традициите, ќе иницира широк спектар на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци од етничка Македонија, а ќе се грижи и за богатото македонско културно и духовно наследство.

Во своето излагање основачот на Фондацијата Ѓорѓија ­ Џорџ Атанасоски истакна дека владеење на правото, почитувањето на човековите слободи и права, економскиот развој, толеранцијата за различностите, се столбови на кои треба и мора да опстојува модерната Македонска Република. За таа цел Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски ја основа Фондацијата преку која ќе се промовира македонската култура и традициите преку поддржување на образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права и правата на жените, спортот на социјалните, правните и економските реформи.

Исто така, Атанасоски рече дека активностите на Фондацијата ќе бидат насочени кон зачувување на уставното име на Република Македонија, унапредување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух, развивање и реализација на едукативни програми, поддршка на мали бизниси, издавање публикации, организирање дебати и трибини за македонското културно творештво, развивање на етничка толеранција, промовирање на социјални проекти од интерес на заедницата, реставрирање на стари градби, финансирање на археолошки истражувања и друго.

Во делот на промоцијата на второто издание на монографијата „Ѓорѓи – Џорџ Атанасовски, авторот на овие редови, Славе Катин, меѓу другото рече дека делото е изблик на силната љубов на патриотот и големиот бизнисменот Атанасоски кон родната земја – Македонија, која, во исто време, претставува и гордост и радост и тага и сон и јаве за Македонеците во дијаспората. Монографијата е свидетелство на неговото духовно и национално живеењена, на убавиот збор и откривањето на животот и постигнувањата на овој доблесен патриот.

Второто издание на оваа двојазична монографија (на македонски и на англиски јазик) која содржи 500 колорни страници, претставува еден вид огледало за ликот и делото на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Со монографијата се овековечува овој познат и признат Македонец, за кого со право се вели дека нему му припаѓа заслужното високо место во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Како резултат на неговата политичка кариера, на претседателските избори во октомври 1994 година, македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за независен кандидат за претседател на Република Македонија. Исто така и во 1999 година Атанасоски се кандидира за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем.

Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од познати причини неуспеа да ја реализира својата намера. Меѓутоа, Атанасоски не ја напушти почнатата патека за доброто на македонскиот народ и за неговата подобра сегашност и иднина. Продолжи со своите активности и како резултат на тоа, во текот на јануари 1996 година, поведе иницијатива за формирање на политичката партија “Македонска алијанса”.

gorg3    gorg4

Споменикот Александар Македонски во Прилеп / Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е уште голем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци, дава стручна, економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко. Меѓу другите заслужуваат внимание следните донации:

Споменик на Александар III Македонски Велики во Прилеп е израз на силната љубов и почит кон античка Македонија и кон древните корени, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Имено, на 30 јуни (жетвар) 2006 година во Прилеп ги потврди и ги одбележа со поставувањето на споменикот на Александар III Македонски. Имено, тој го финансираше создавањето на бистата, дело на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот Македонец, кој славата на својата земја ја пренесе низ цел свет. Дотогаш Република Македонија беше една од ретките земји каде што немаше никакво обележје за Александар. Затоа, таквото монументално дело стана македонски препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го водел во походи со цел да ги обедини народите.

Благодарение на Ѓорѓија Атанасоски Република Македонија го доби симболот на својот национален идентитет за да потсетува на незаборавот на македонската кауза. Со тоа, Прилеп градот херој, градот под Марковите кули, во 2006 година стана единствениот град во Република Македонија чиј плоштад се гордее со грандиозен споменик на македонскиот великан и војсководец Александар Македонски.

На 13 јуни (жетвар) 2008 година, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски заедно со делегација на неговата партија, „Македонска алијанса“, од името на целиот македонски народ му оддаде достојна почит на кралот Персеј. Всушност, на тој ден бизнисменот Атанасоски поставил масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце. Со тоа се потврди дека традицијата и почитта кон големите ликови од сопственото минато е нешто најсвето и секогаш ги носи народите кон посреќна иднина.

Во македонската православна црква „Св. Димитрија“ има голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во купувањето, изградбата и реконструкцијата на зградите, меѓу кои најголеми донатори досега се бизнисмените браќата Јосив и Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кои 2004 година подарија 200.000 американски долари. Исто така, на 2­-ри март 2014 година на пикникот што го организираше црквата „Св. Димитрија“, а на кој присуствуваа околу 250 посетители, членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците, се собраа повеќе од 30.000 долари. Притоа еден од големите донатори беше Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој подарија по 10.000 долари. Затоа, со право се вели дека браќата Јосив и Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се најголеми донатори на МПЦ „Св. Димитрија“ во Флорида.

gorg6  gorg5

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е познат хуманист и донатор не само во САД, туку и во Македонија. Тој е донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија, Мала Преспа и други места. Исто така, тој е донатор и поддржувач и на голем број културни, спортски фолклорни и национални активности кај Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Една од значајните донации на господинот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е, секако, камбанаријата за Македонската православна црква Св. Никола во Маврово. Камбаната во која е втиснато шеснаесетзрачното сонце тежи 350 килограми и била завршена до крајот на семптември 2004 година.

Господинот Џорџ Атанасоски како еден од од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, е добитник на бројни награди, меѓу кои и на  највисокото американско општествено признание „Островот Елис“ „Ellis Island”. Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерарсиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски

Продолжува

Katin6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.