|
|
Борбата на Илинденците продолжува! |
По повод Илинден-ИЛИНДЕНСКА ПОЕТСКА СРЕДБА ВО СИДНЕЈ Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 2-ри Август во своите простории одржа Поетска средба посветена на Илинден и Илинденци. На првиот дел од програмата Протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденци од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски. Следеше општа дебата при што се нагласи уништувачката за македонската нација политика на сегашната марионетска влада на Заев кој погази на се што е македонско, погази на крвта што се пролеа на паднатите борци, погази на духот што го обединува македонскиот народ а тоа е јазикот, културата, историјата, религијата и земјата, нашата мајка Македонија. Присутните едногласно донесоа одлука членовите на македонското литературно друштво „Григор Прличев“, Македонците од Австралија и Дијаспората како и оние од поробените делови на Македонија да продолжат со борбата против марионетската влада и нивните предавнички договори, да не ја предаваат својата историја и да продолжат да ја промовираат на културен план Македонија и македонската нација. Македонско име нема да загине! Борбата на Илинденците продолжува! Македонска нација |