|
|
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (12) |
ЦРКВИ, МАНАСТИРИ И ПРИРОДНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО КРСТОАР Крстоар е најпознато по манастирот Свети. Христофор“, посветен на маченикот Кристофер - најнеобичен светец во христијанството. Меѓу голем број светци што ги почитуваат христијаните, тука е и маченик Кристофер, кој на иконите е прикажан со прилично невообичаена слика, затоа тој се среќава ретко и практично е непознат за православните христијани Крстоарскиот манастир „Св. Христофор“ е единствен во Македонија. За потеклото на манастирот ништо не се знае. Но, заедно со Буковскиот манастир секако бил славјански, за што сведочат стари ракописни книги Тој се наоѓа во селото Крстоан и веројатно идејата за изградба на храмот е поврзана со некои руски духовници. Се чини св. Кристофер е најзастапен во Руската православна црква, каде има поголем број храмови и бројни негови икони по црквите и музеите. Манастир „Св. Христофор“ бил посетуван од бројни конзули во Битола, особено од рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски. Забележано е дека неколку дена тој поминал и во поскромните конаци на Крстоарскиот манастир.Во тоа време во селото Крстоар била сместена мала Османлиска воена единица од околу 50 аскери (војници) со цел да го следи движењето на рускиот конзул и тамошното христијанско население. Дел од споменатата аскерска единица патролираше редовно до Буковскиот манастир.
Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“ бил еден од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Турската империја. Особено бил омилено место на Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски. Се знае дека тој зел под наем од црковното настојателство неколку чисти и убави простории во големите конаци на прочуениот Буковски манастир. Во тоа време манастирот бил словенско книжевно жариште, во најнепосредна близина на Битолската книжевна школа. Таму конзулот летувал со своето семејство, во раскошно убава горска месност, покрај планински ладни извори, додека не поминат најголемите летни горештини во Битола. Меѓутоа, на 8 август 1903 година во 10 часот наутро раскошниот пајтон на конзулот Ростковски со два бели и два црни коња доаѓал од Буково по убавиот железнички булевар придружен само од неговиот близок пријател Крсте П. Мисирков, првиот македонски идеолог на македонската нација, кој ги учел неговите деца. За жал, во непосредна близина на денешниот фискултурен дом „Партизан“ се случи убиството на Ростковски. Убиството го изврши османлискиот стражар пукал со два истрели кон пајтонот на Александар Аркадиевич Ростковски од кои вториот бил смртоносен за конзулот.
Манастирот „Св. Христофор“ во текот на војните Во Крстоар е изградена и црквата „Свети Петар и Павле“ која е главна селска црква. Според податоците на храмот таа била изградена 1878 година, а повеќе пати обновувана. Во оваа црква се наоѓаат селските почивалишта - гробиша на Крстоарци. Затоа, црквата има посебно место во духовното живеење на населението во Крстоар. Таа е подигната во спомен на апостолите Петар и Павле, бидејќи христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати. Своето прво патување надвор од Азија, светиот Апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година а завршило во 54 година од нашата ера, при што во текот на тие години Апостол Павле посетил и некои суб-сахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.
Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли”, најверојатно, напишано од апостол Лука, каде се вели: ...на Павле му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!
И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи, дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Затоа во негова чест Македонците изградиле голем број духовни светилишта во Македонија и во дијаспората. Едно од нив е црквата Свети Петар и Павле во Крстоар. Во Крстоа е изградена и црква „Свети Ѓорѓи“ која е манастирска црква за овој крај и се наоѓа во месноста Сребрена Вода на 200 метра погоре од манастирот Свери Христофор. Во манастирската црква црква „Свети Ѓорѓи“ во Крстоар кога се празнува. Ѓурѓовден, на 6-ти мај. Тоа е времето кога човекот излегува во природа, на сонце, кога започнува летната половина од годината што трае до Митровден Тогаш започнува периодот кога оживува/зазеленува природата. Ѓурѓовден е празник со многу народни обичаи врзани за магичната моќ на природата која е во процут и плодност. По верување на луѓето денот се користи за штитење на здравјето и плодноста, тоа е ден кога младите немажени моми посебно се подготвуваат, ден кога се слави плодноста и на добитокот како и насадите. Ден пред Ѓуѓовден се кинат млади фиданки од зазелените дрвја, врби разни полски цвеќиња и се закитува вратите и прозорците на куќите, а се плетат и венци од цвеќиња и билки кои се по ливадите. Затоа, Црквата „Свети Ѓорѓи“ која е манастирска црква во Крстоа е место каде за празникот Ѓурговден се собираат многу посетители од Крстоар, околните села и бројни посетители од Битола. Во Крстоар постои црквата Света Петка која се наоѓа исто така во Сребрена Вода, над селото. Оваа црква е посветена на преподобна Параскева - кај народот позната како св, Петка. Се празнува во секој крај, па и во Крстоар. Секаде има свои обичаи. Инаку, е интересно патешествието на моштите на св. Петка. Имено, два века по смрта на св Петка со Цариград владееле крстоносците, па во 1238-та година светите мошти биле пренесени во Трново. Бугарија. По Косовската битка од Трново се пренесени во Романија. Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во рамките Османлиската Империја и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан. Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград, ги запленил светите мошти на св. Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Потоа, во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на св. Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.Нејзиниот спомен се празнува на 28-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил. Во Сребрена Вода во Крстоар постои и црквата Свети Теодор Тирон. Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада на 2. III./17.II. 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Ова докажува дека населението од селото Крстоар, покрај манастирскта црква Свети Христофер, која е единствена во Македонија, ја изградиле и ја посветиле црквата на големиот страдалник св, Теодор. Овој духовен храм се наоѓа на светото место Сребрена Вода во Крстоар. Крстоар Исто така, Крстоар е познато во археологијата по место викано Мирои Орници, Тоа е археолошки локалитет и претставува базилика од старохристијанско време . Се наоѓа на околу 300 m северозападно од Крстоарскиот манастир Свети Христофер, каде војската при копање на ровови во 1954 година открила објект со мозаичен под. Објектот бил ѕидан од камен и варов малтер. Денес по површината на просторот има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал, а зачуван е и еден довратник од мермер. Според исказите на жителите, одовде потекнува камената пластика (делови од мермерен саркофаг, мермерен столб и др.) што се наоѓа кај манастирот. И локалитетот Грамаѓе во Крстоар претставува населба од среден век . И тој се наоѓа на границата на атарите меѓу селата Крстоар и Бистрица, каде при обработувањето на земјата се откриени остатоци од темели на куќи градени од камен и кал. По површината се среќаваат фрагменти од питоси, керамички садови и градежен материјал. И овие локалитети заедно со духовните светилишта го збогатуваат историскиот развој на минатото, сегашноста и иднината на селото Крстоар. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |