|
|
Ја негуваме македонската древна традиција- Натпревар по рецитирање во НЈВ |
Во организација на Македонскиот просветно училишен одбор на НЈВ, во Сиднеј по дванаесети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон. Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба. Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе. Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на натпреварот. Жири комисијата во состав Професор д-р Ирена Чолакова Велјанова, професорката Славица Ристеска и професорката Жанета Ралповска, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд, но одлучија оваа година наградите да ги добијат: Од забавиште: Тијана Павлеска од MEU „Filip II“ Peakhurst West
Stage 1 (6-8 god) 1. Алекс Николоски од MEU „Nikola Karev “ Bonnyrigg 2. Клаудија Ристеска од Carlton PS 3. Софија Талеска MEU „Filip II“ Peakhurst West 3. Даниел Наумовски MEU „Filip II“ Peakhurst West
Stage 2: (од 8-10год) 1. Изабела Матлијоска од „ Kliment Ohridski” Rockdale 2. Стефани Христовска од Carlton PS 2. Сандра Петровска од Carlton PS 3. Јован Колевски од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona
Stage 3 (од 11-13 год) 1. Ангела Јанкуловска од „Kliment Ohridski” Rockdale 2. Алекса Димовска од Carlton PS 3. Христијан Матлиоски од „Kliment Ohridski” Rockdale
Текст: Жаклина Михајлова -Учителката |