|
|
Промоција на „Последниот Македонец“ во Сиднеј |
Минатата сабота, 19 октомври во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од овогодишната програма на Фестивалот за уметност Discovery. Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС. Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето. Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот. Авторот Ристевски накратко се осврна и им се заблагодари на издавачите, рецензентите и на сите оние кои помогнаа да се издаде ова дело и на самите актери кои успешно ја ставија драмата на сцена минатата година. Се прикажаа и повеќе клипови од драмата која е достапна и на ДВД. Потоа следеше комичната изведба „Заев пред официјална посета на Австралија“ со актерите Рубин Нешковски и Валентина Апостоловска. На промоцијата присуствуваше и Гордана Димовска, претседател на Литературното друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн. Гордана на минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда доби пет награди, меѓу кои и првата награда за поезија за песната „Земја страдалница“. На Гордана и беа доделени наградите, а таа ја прочита наградената песна и накратко се осврна за важноста на соработка меѓу двете литературни друштва и нагласи дека борбата за Македонија треба да ја продолжеме со перото, негување на македонскиот јазик и издавање на книги. На крајот следеше промоцијата на проектот, снимање на документарниот филм, „Исус Христос и Македонците“ од Александар Донски. За овој проект се бара донација од македонската заедница, а ќе биде од голема важност за осветлување уделот на Македонците пред и после воскресувањето на нашиот Бог Исус Христот и проширувањето на христијанството во Европа и светот. На крајот следеше богата македонска закуска и дружење, а и промовирање на најновиот драмски проект на АМТ „Баба бегалка“ што ќе се стави на сцена на 3 ноември во Сиднеј. Иван Трпоски Галерија
|