Среда, 23 Октомври 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (17)

jurukot1

НАЈСИЛНИОТ МАКЕДОНЕЦ - БОРАЧОТ ТОДОР ЈУРУКОТ ОД КРСТОАР

Често се вели дека убавото село Крстоар кое е  сместено на падините на Баба Планина, свртено кон Пелагонија, е едно од карактеристичните места во Битолскиот крај. Крстоарима интересна местоположба и климатски услови за одмор и живеење и како едно од најблиските населби на Битола, затоа го вбројуваат меѓу најхристијанските села во тој Битолски Регион

Крстоар е печалбарско село во кое се вратиле да живеат и да ги остават коските во родниот крај бројни печалбари кои ја барале среќата ширум светот.. Еден од таквите печалбари бил и Тодор Јуруковски, кој го прокрстарил светот и се вратил во родното Крстоар, во Македонија.

Со борачот Тодор Јурукот селото Крстоар доби една светска личност со карактеристики на човек со високи, дури и несфатливи физички способности и карактеристики. Тодор Јурукот, кој беше роден во 1895 година а почина 1979 на 85 години) беше инспирација за писателот Владо Трајчески кој напишал две книги со тематика за неговата физичка надареност. Првата е „Пеливанот од Крстоар“ (1977) и втората е насловена со посвета на „Најсилниот Македонец Тодор Јурукот“, отпечатена во Австралија. Во делото, авторот се обиде во пократки црти да го прикаже животот на Тодор Јурукоски од село Крстоар – Битолско.

Според авторот Владо Трајчески, по објавувањето на првото издание во 1977 година, кај читателите се појави големо интересирање за тоа да разберат нешто повеќе за Тодор, човекот феномен, кој со своите вештини и сила зачудуваше многу луѓе во светот, а тоа остана речиси до крајот на неговиот живот.

Интересирањето за книгата беше, а, исто така, и сега е големо. Голем број читатели што ја прочитале книгата изразиле желба да се сретнат со Тодор. Желбата на сите им била речиси иста: сакале да го видат Тодор и да поразговараат со него. Исто така, и авторот на делата за Тодор Јурукот го замолувале преку писма да го прошири и повеќе пати да го објави изданието.

jurukot2 

Во разговор со многубројни читатели биле поставувани разни прашања во врска со животот на Тодор. Луѓето најмногу се интересирале: дали е можно во денешно време да има човек со таква сила како него?! Во семејството на Тодор, како и меѓу најблиските негови роднини, никој не познава дека живеел човек сличен на него.

Татко му на Тодор, Јован, во селото бил познат како мошне вешт селанец. Но тој во Крстоар кревал предмети тешки околу стотина килограми. Но,  тоа што го постигнувал син му Тодор во својот живот, навистина беше нешто зачудувачко за луѓето. Тодор креваше предмети тешки околу шестотини килограми. Креваше волови, коњи, крави, биволи, магариња и слично. Нив ги носеше в раце како јагниња. Тој беше човек – феномен, којшто ретко се сретнува каде и да е во светот.

Инаку Тодор по раст бил покрупен од обичен човек. Самиот достигнал тежина од сто и дваесет килограми. На едната рака под мишка имал знак уште од раѓањето во вид на печатна буква А. Коските му биле двојно пошироки од коските на другите луѓе. Слободно можел човек да го удри со стап или со некое дрво по градите, а нему да не му биде ништо. Ударот на Тодор со раката му изнесувала јачина од триста килограми! Во својата боречка кариера имал повеќе од сто мегдани, натпревари со многу прваци од целиот свет. И тој ги добивал сите борби.

Тодор Јурукот е еден од печалбарите од Крстоар. Живеел, работел и патувал по Соединетите Американски Држави, а најдолго живеел и се борел во Австралија, каде ѝ ги постигнал најбројните победи.

Речиси до крајот на животот се чувствувал способен да излезе на мегдан со кој и да е човек во светот, со намера да го победи. И победувал. Тоа било нешто зачудувачко. Сите се прашувале: од каде толку сила кај човек на возраст преку осумдесет години?  Тоа, навистина, било феноменално! Дури би се рекло и фантастично. За неговата сила авторот на делата имал можност да се увери и со свои очи.

jurukot3

Многупати, како што кажувал и самиот, барал човек од селото за да се бори! Но, со смеење велел Тодор, таков човек ретко можел да се најде, да се реши и да се бори со него ...

На Тодор друго не му останувало освен да влезе во гората над селото, па таму да фати некое дрво со дебело стебло и да го ниша, небаре некој најсилен ветер го корне. А оние дрва, пак, што биле млади, од по три или четири години, можел како пченка или како сончоглед да ги откорне.

Вистинската приказна за Тодор, авторот Владо Трајчески ја составил од податоците што ги собирал десетина години. Земал податоци од сите места во светот каде што престојувал Тодор. Неговиот живот во неговата повест се трудел да го изнесе реално. Но, се разбира, на јазик што им е близок, пред сѐ, на неговите искрени читатели.

Затоа можеби, на младите читатели неговата повест ќе им прозвучи и како возвеличена приказна! Но и од фактот што Тодор повеќе не е меѓу живите, авторот се надева  дека неговото раскажување во повеста ќе го открие и расветли ликот на Тодор како човек и пеливан, што достојно нѐ претставувал во нашата земја и во светот. А такви луѓе, се разбира, не се сретнуваат секогаш и насекаде.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.