Среда, 20 Ноември 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (6)

A11

ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ”

“Да  живееш, значи да се бориш-

робот за слобода, а слободниот

за совршенство”

Јане Сандански

Врз основа на точка 5 од Одлуката на Универзитетскиот совет за формирање Фонд ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје донесена на 148-та седница од 18.IV.1977 година, Советот на Фондот на седницата од 1. IX.1978 година ги донесе Правилата на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Во нив, меѓу другото се вели дека Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање на студенти кои покажуваат особени резултати во студиите е формиран со Одлука на Универзитетскиот совет донесена на 148 седница од 18.ИВ.1977 година врз основа на лично изнесената желба на Атанас Близнаков, како и врз неговото последно завештание и тестамент.

Седиштето на Фондот ,,Атанас Близнаков” е при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. Задачата на Фондот „Атанас Близнаков” е да помага, по пат на стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студиите во нивното натамошно образование, стручно оспособување и усовршување.

Основач на Фондот „Атанас Близнаков” е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје врз основа на желбата на македонскиот сонародник Атанас Близнаков од Гери, Индијана, САД, кој сега живее во Скопје, изразена лично, како и со неговото последно завештение и тестамент.

Со Фондот „Атанас Близнаков” управува Советот на Фондот. Советот на Фондот го сочинуваат тројца постојани членови и тоа: Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и Томе Буклески-Маќули од Скопје, како и четворица членови избрани од Универзитетскиот совет. Постојаните членови ќе бидат доживотни членови на Советот на Фондот, а избраните членови со мандат од две години.

По смртта на постојаните членови на нивно место Универзи­тетскиот совет избира нови членови од редовите на општестве­но-политичките работници надвор од Универзитетот. Сите членови на Советот на Фондот „Атанас Близнаков” ќе работат без надоместок.

Советот на Фондот избира Управен одбор од три члена од своите редови. Членовите на Управниот одбор се потписници на документите за располагање со средствата на Фондот. Исплатата се врши со два потписа.

Стипендиите на студентите се даваат за учебните месеци во текот на годината, и тоа од 1 септември заклучно со 30 јули. Фондот има свој печат и штембил, печатот е во форма на круг, во чија средина е амблемот на Универзитетот, а наоколу е испишан следнив текст: Фонд „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Сите средства на Фондот се чуваат во банка со седиште во Скопје и во Чикаго и гласи на име: Фонд „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Средствата потребни за реализација на годишниот фонд од кој ќе се испаќаат стипендиите, ги определува Атанас Близнаков. По неговата смрт годишниот фонд за стипендирање ќе го определува Советот на Фондот. Годишниот фонд за исплаќање на стипендиите на студентите се формира само со приходите добиени како камата од средствата на Фондот.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје доверениот имот нараснат, недистрибуиран и приходите од имотот ќе ги држи континуирано и ќе го користи само за доделување стипендии на студенти кои покажуваат посебни резултати во студиите.

Сите административно-технички и финансиски работи во врска со користењето на средствата од Фондот „Атанас Близнаков” ќе ги врши Работната заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Од средствата на Фондот „Атанас Близнаков” се доделуваат стипендии на вредни и талентирани студенти кои покажуваат резултати во стидирањето како признание и стимулација во нивната натамошна работа. Изборот на стипендистите се врши по пат на конкурс, а врз основа на единствени критериуми.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” кога донесува програма за остварување на целите за кое е формиран Фондот, утврдува за колкав број студенти, за кои факултети, односно научни области ќе бидат доделени стипендиите во учебната година и висината на стипендиите во сообразност со административните критериуми за стипендирање.

A12

Единствените критериуми за избор на стипендисти се: способност и успех на студентите; потекло од работнички семејства и материјалната положба на семејствата на студентите; други критериуми утврдени со конкурсот за доделување стипендии од Фондот. Стипендиите можат да се доделуваат само на оние кандидати кои немаат стипендија или кредит по некоја друга основа. Стипендијата се продолжува за наредната учебна година доколку стипендистот успешно ја завршил претходната година.

Корисникот на стипендијата е должен во почетокот на секој семестар да му достави на Советот на Фондот „Атанас Близнаков” потврда за запишан и завршен семестар и за предвидените и положените испити, и тоа за зимскиот семестар до 30-ти септември и за летниот до 15-ти март.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” на крајот од секоја учебна година поднесува до Универзитетскиот совет извештај за работата на Фондот и финансиски извештај.

Овие правила на Фондот влегуваат во сила со денот на усвојувањето од страна на Советот на Фондот.

Бр. 03-3302/1                                     Претседател на Советот на Фондот

   Скопје,                                                         ,„Атанас Близнаков” при

23.XIII 1982 год.                                 Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” –

                                                                             Скопје

Исто така, Советот на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на својата редовна седница одржана на 23.VII.1982 година, меѓу другото, донесе Одлука за регистрирање на Фондацијата „Атанас Близнаков”, како и за изготвување на печат и штембил.

Така, во Одлуката се вели дека треба да се изврши регистрирање на фондацијата „Атанас Близнаков” во судските книги и регистри и да се изготви тркалест печат и штембил според Правилата на Фондацијата „Атанас Близнаков”.

Во текот на дваесетина години Фондацијата се раководеше со почетните Правила. Меѓутоа, со текот на времето, во чекор со новите општествени трасформации, а врз основа на точка В од Одлуката за основање Фонд „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје донесена на 148-та седница на Универзитетскиот совет од 18.IV.1977 година, Универзитетската управа на 16-та седница одржана на 6.II.1996 година донесе Правила за измени и дополнувања на Правилата на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Во документот, меѓу другото се вели дека во целиот текст на Правилата на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје бр. 03-3302/1 од 23.XII.1982 година, пред зборовите „Кирил и Методиј” се додава кратенката „Св.”;

            - насекаде во текстот на Правилата, зборовите „Универзитетски совет” се заменуваат со зборовите „Универзитетска управа”;

            - во членот 5, став 2, името и презимето Димче Стојанов – Мире се заменува со името и презимето Славе Николовски – Катин;

            - Во членот 5, став 2, по зборовите „четири членови избрани од Универзитетскиот совет”, се додаваат зборовите „и тоа: ректор, проректор, генерален секретар и претседател на Матицата на иселениците од Македонија”.

Продолжува

 New Katin

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.