Среда, 27 Октомври 2021   
Георги Томов – почитувач на МАКЕДОНСКАТА древна култура – I ДЕЛ(3)

1is121

Георги (Џорџ) Томов беше личност која што беше од голема важност во македонската заедница во САД. Исто така, тој беше од голема важност на црковниот, националниот, фолклорниот македонски бит, бидејќи преку песната, преку орото, преку носијата тој го репрезентираше постоењето на Македонците на американскиот континент.

Меѓу големиот број настапи на ансаблот „Томов“, за одбележување е тоа што тој еколку пати, имал настапено во ОН, при светските здруженија и меѓу другото, пред претставници на сите нации. Одликуван е од ОН како човек кој што давал се’ во своите граници на можности да ја презентира македонска нација.

Исто така, Георги (Џорџ)Томов беше вљубеник во древната култура и беше инспириран од фолклорот на античка Македонија. Затоа, тој го напишал текстот за милениумскиот ораториум “Ние сме Македонија”, кој беше претставен на пригоден начин на 26-от Црковно-народен собир  на Американско-канадската-македонска епархија на МПЦ, што се одржа во Хамилтон, Канада, во септември 2000 година, на кој, присуствуваше и авторот на овие редови Славе Катин во својство на потпретседател на Комисија за односи со верските заедници во Република Македонија.  Во овој милениумски ораториум, меѓу другото, беше нагласено следното:

Во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е во светот да се најде друг народ кој имал и толку бурна историја. Секоја бура него го погодила. Не минала војна која не го одминала. Секоја несреќа што  се случила на тие простори Македонија ја ставала во центарот, а Македонецот ги добивал првите удари“.

Потоа, Георги (Џорџ)Томов рече дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина, следејќи ја судбината во тринаесетите последни векови, цели девет века поминал под разни ропства и тоа: 517 години под турско, 225 години под византиско, 76 години под бугарско, 83 години под српско и само 409 години полуслободни  и слободни.

1is1212Изведба на „Тешкото“ 

Народ на кој најубавата песна и најдоброто оро му се викаат “Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И ако токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една не само од најстарите, туку точно и најстара цивилизација. 

Исто така тој рече: „Целата античка митологија почнувајќи од Уран и Геја па преку Зевс и сите други, всушност е македонска митологија. Сето тоа е дел од историјата и судбината на македонскиот народ. Низ сето тоа тој морал да помине да одолее на се’ што му е одземено и нанесено. Најпосле, до овие денешни денови да остане сочуван и непоматен, нескршлив и кристално рафиниран дух и талент, со неповторлив фолклор и бит и со ретки традиции и најстари писма и писменост. 

Опстојувал со постојани буни и востанија, борби и пеколни искушенија.  Македонија на светот и ја даде цивилизацијата постара од 10.000 години, писменоста и писмото се стари 9.000 години, а Палеолошката карта стара  50.000 години и дека Ѕвездената карта е постара од 13.000 години“. 

Потоа Георги (Џорџ)Томов зборуваше за Македонија и рече дека таа-Македонија го даде неповторливиот Александар Македонски. Македонија е единствената земја во Европа која христијанството го примила директно од Христовиот апостол - Павле. Македонија е најверојатно единствената земја во светот која, воопшто не го менувала своето име. Како што се смета, името го добила според Богот Македон, Бог на светлината и син на Зевс. 

Познатите истражувачи на митологијата се на мислење дека зборот Зевс доаѓа од македонскоот збор - ѕвезда, па така симболот на Македонија била ѕвездата со шеснаесет краци, односно сонцето со шеснаесет зраци. 

Постојаните борби и делби го менувале и составот на населението. По походот на Александар Македонски се намалил бројот на старомакедонското население. А за времето на Антигонидите почнала масовна миграција на Елините кон Македонија. И најпосле по наездата на варварските племиња, доаѓаат Словените. 

1is1213Филип Македонски                                         1is1214Александар Македонски

Исто така тој рече: „Македонците, пак, формирале голема и силна држава на чело со Самуил која се протегала од Лариса до Дунав и од Варна и Констанца до Сараево и Котор. 

Македонија во 1014 година била погодена со една од најтешките трагедии, потешка од чумите што беснееле во 1104, 1348, 1501, 1541, 1689 година, тогаш се случила една од најѕверските одмазди кога Василиј II, по битката на Беласица ослепел 14.000 Самоилови војници поради што и Самуил умрел од жал за своите борци. 

Македонија била во грч. Се случиле многу делби, буни и востанија кои биле предводени од Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех, Добромир Хрст, Добромир Стрез и други. Македонија била првата земја што се судрила со Муратовите аскери (војски) при нивниот пробив  кон Европа. Битката на Косово во 1378 година во која учествувале и Македонци, Карпошовото востание 1689 година и најпосле Илинденското востание 1903 година. Во меѓувреме имала уште помали и поголеми востанија и буни. 

И на крајот во Народно-ослободителната борба и на Заседанието на АСНОМ во Св. Прохор Пчињски, во 1944 година, каде што Македонија била прогласена за Народна Република Македонија“. 

Што всушност е Македонија и какви се нејзините специфики што ја прават светско духовно средиште? Зошто Македонија толку пати е делена па денес да има само една третина од териториите и зошто Македонија толку е позната по светот?“ 

Ова беа само дел од прашањата кои сценски ги постави и сценски ги бараше одговорите. Односно, за духовното живеење на Македонија во Милениумскиот ораториум во Хамилтон, “Ние сме Македонија”, Георги (Џорџ)Томов се претстави со својот уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја. Во него, меѓу другото се вели се вели:

„Двемилениумската почит кон свети апостол Павле, заради неговите големи заслуги во ширењето на христијанството во Македонија, опишано и кодифицирано во Светото писмо - Библијата, со право придонело Македонија да се нарекува библиска земја, а Македонците библиски народ. Македонија и Македонците станале првите христијанизирани луѓе во тогашна многубожечка Европа. Она што го започнал големиот Александар Македонски на културен и политички план, сега повторно апостол Павле, согласно Светото писмо, го реализира на религиозно-културно и цивилизациско поле, преку Македонија и Македонците.

Евангелистот Лука потенцира дека на Христовиот апостол Павле кој преку ноќта имал видение дека пред него стоел Македонец, кој го молел и му велел: премини во Македонија и помогни ни! По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието“, Томов наглави воуметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја“.

Продолжува

1slave 9Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.