Среда, 15 Декември 2021   
АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (10)

0100a

Според моногравското дело „Томов“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје 1-320, од авторот на овие редови Славе Катин, во 1980 година, Ансамблот “Томов” имаше чест да даде претстава за спортистите на Зимските олимписки игри во Леик Плесид 

Пред тоа, кога се случи силен земјотрес, Ансамблот веднаш организираше добротворен концерт, а приходот беше наменет за жртвите од земјотресот. Ансамблот одржал бројни концерти во општински установи, во старечки домови и болници за ветерани во Њујорк и неговата околина, а секоја година учествуваше со народни ора во манифестацијата “Словенска културна недела” 

Она што ги збогати и внесе живост во изведбите и настапите од 1980-та беше постепеното лиферување на касети со снимени ора и нивна замена со вокални и инструментални мелодии во живо. Создавањето на народниот оркестар “Томов”, додаде зачин на спонтаност и дури неочекувана програма. Музичарите напорно учеа и се трудеа да ги совладаат таквите селски инструменти како тапан, гајда, тамбура и фрула, а танчерите почнаа и продолжија да вежбаат и да пеат во балкански стил.

По првото јавно деби на Ансамблот “Томов” - настап на Денот на благодарноста во 1975 година со изведба на “повардарје”, репетициите брзо продолжија во текот на зимата. До пролетта 1976 година, Георги (Џорџ) Томов почувствуа дека Ансамблот е подготвен за свој целовечерен настап кој беше одржан во Колеџот “Хантер” во Менхетен.

Беа додадени сплетови за да ги презентираат различните ора од Посавина, во источна Хрватска, брзото оро со скокање линџо од Далмација и буњевачко, орото трио од Суботица, во близина на границата со Унгарија. Силното албанско влијание беше евидентно во шота, оро на додворување од косовскиот регион. Сплетот ора од Србија ги прикажаа бројните разновидни движења - од спокојниот, прецизен моравец до галопирачките ритмови на катанка, орото на коњаници.

01001a

Ансамблот „Томов“ на Олимписките игри 

Како што Ансамблот се стекнуваше со слава, Алберт Кеј, директор на Асоцијацијата за концертни уметници беше ангажиран да ги организира резервациите. Почнаа да пристигнуваат покани од сите делови на Њујорк, како и од други држави и патувањата започнаа.

Внатрешната организација се прошири за да го процесуира распоредот за проби и за настапи, кој стануваше се’ поинтензивен. Зад сцената, повеќето одговорности - технички, аудио и осветлувањето - беа формално сконцентрирани врз уредникот. Кулисите на сцената беа специјално дизајнирани и направени за подобро расположение на публиката, како и за истакнување на народните носии. Танчерите ги научија техниките на ефикасно сценско шминкање и земаа театарски часови за да го засилат својот сценски настап.

Тие, исто така, научија да се грижат за своите сложени, автентични народни носии за да можат брзо да се пресоблекуваат со помош на неколку вешти помошнички за народни носии, бидејќи тоа беше подвиг така бргу да се манипулира со елеци, појаси, блузи, кошули, туники, престилки, колани, панталони, влечки, чизми, шапки, цвеќиња, пердуви, огрлици и шалови. 

Ансамблот “Томов” беше на турнеја во Македонија, а потоа и во балканските земји во 1979 година, како и повторно во 1981, 1985 и 1990 година на покана на македонската влада. Овие турнеи без возбудлива можност за танчерите и музичарите на Ансамблот “Томов” да одат “на лице место” да гледаат и изведуваат балкански ора во нивната изворна средина.

Вдолж и попреку патувајќи низ земјата, со 19 ковчези за народните носии и со веселиот возач на автобус, членовите на Ансамблот научија не само за “селското оро” и за “лесното”, туку исто така и за задоволството од пиење турско кафе и вињак и ракија, ценкајќи се на пазарите и излегувајќи на крај со екстравагантните свечени ручеци кои траеја и до ноќ.

На нивното прво патување, една македонска филмска екипа патувала со Ансамблот за да сними документарен филм за нив.

Танчерите биле снимени во прекрасни амбиенти во манастири, во текот на етничките паради, рецепции и на концертите. Во текот на турнеите, Ансамблот “Томов” настапи на Битолскиот фестивал каде имало карти само за стоење и нивниот настап бил емитуван на македонската ТВ во живо.

Врвна точка за самиот Георги (Џорџ) Томов бил двочасовниот настап во Струмица, неговото родно место. Околу 15.000 луѓе се собраа на градскиот плоштад, некои беа качени на дрвјата, стоеја на покривите и на прозорците за да ги видат 'Американците' на Томов, оние Американци кои ги биеше глас дека играат како вистински, чистокрвни Македонци.

01002a

Томов во Њујорк

Една од најнаградуваните изведби беше на Фолклорниот фестивал во “Риверсајд”, годишен настан во Њујорк на кој секоја сезона се прикажуваат најдобрите и најинтересни бројни и разновидни фолклорни друштва од градот. Ансамблот “Томов” се истакнувале по тоа што бил единствениот етнички ансамбл кој беше покануван да се појави во текот на шест сезони.

Токму во Риверсаид, Ансамблот имаше прв настап со две нови кореографии во последните години: сплет на влашки ора од Србија, во кореографија на Цига Деспотовиќ, кој вклучува енергични овчари и весели млади девојки, како  “барања”, кокетно оро од Хрватска. Во претстојната сезона, Томов дебитирал со “дарке” кое комбинира пеење и играње со цел да го претстави древниот балкански ритуал на пролетта.

Сезоните во Риверсаид исто така оставија траги за еволуцијата на оркестарскиот и за вокалниот ансамбл. Оваа програма вклучуваше не само изведба на ора и танцување, туку и интерлудии (меѓуигри) кои ја презентираа богатата ширина на балканската изворно народна песна. 

Ѓеорѓи Томов и Ансамблот со големи надежи и ентузијазам гледаа во иднината, бидејќи планираа да ја прошират програмата и настапите со цел на светот уште повеќе да им го презентираат богатството на македонската и балканската народна традиција.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.