Среда, 02 Февруари 2022   
ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА СО НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕНРТ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (17)

1gac

Во продолжение ја поместуваме репортажата за одржаниот концерт на ансамблот “Томов” во Струмица, пред околу 15.000 гледачи, што Фиданка Танаскова, новинар и дописник на македонското радио во Мелбурн им ја презентираше на Македонците на петтиот континент, во која се вели:

Во струмичките бели утра, уште рано-рано пред зори, Георги Томов веќе беше на нозе. Сон не го фати, та цела ноќ око не затвори, обземен од роднокрајната возбуда дека токму таа вечер тој, со одбраната програма на неговиот американско-македонски ансамбл “Томов”, за првпат ќе се претстави пред своите сограѓани, тука среде Струмица на улица.

Подизлезе низ сокаците, се прошета низ калдрмата. Одеше полека накај раскошниот парк и задоволно ги погледнуваше плакатите изналепени на повеќето места, излози и свкерови, кои го најавуваа вечерниот, по многу нешто необичен, концерт.

Беше сигурен дека тоа ќе биде еден прекрасен културен настан, но и негов промотивен настап токму во овој град, во Струмица, каде што Георги ги помина најубавите први години од неговата младост, каде што му се дел од најсвоите и град во кој секогаш доаѓа кога ќе му дозволат купот обврски таму, далеку во големиот Њујорк.

Околу пладне, сите од ансамблот “Томов”, шетајќи се низ градските маала и пошироко, со љубопитство ги разгледуваа богатите цивилизациски, духовни и културни знаменитости во овој регион и се натпреваруваа кој ќе купи понеобичен и покарактеристичен сувенир, ракотворба, или колоритен вез, понесувајќи ги како спомен од посетата на Македонија. Беа зачудени од таа необична глетка на археолошките артефакти, од архитектурата, пазарите, старата чаршија и ракотворбите кои низ толку времиња и невремиња, низ турбулентните векови, со таква упорност и одважност ги однегувал, дочувал и генерациски ги пренесувал народниот гениј во древната македонска земја.

Стаса и очекуваната вечер. Беше тоа топла, пријатна, убава вечер. Откај падините на големата планина Беласица, ветрецот донесуваше свежина и разладување, додека река народ надоаѓаше кон центарот на градот каде што се’ беше подготвено за концертот што со внимание се исчекуваше.

1gac2 Играорки на ансамблот „Томов“

Старо и младо, изнаредени на околните платоа и на улиците околу плоштадот, го формираа најубавиот декор што би го посакал секој новодојденец, односно секој уметник било аматер или професионалец, што наумил да ѝ се претстави на тукашната прекрасна публика.

Георги, главниот кореограф, беше со посебна возбуда. Беше презадоволен од толку големиот број на неговите сограѓани, од сиот тој незаборавен амбиент среде градот. И овој пат, сакаше да покаже и докаже дека роднокрајните чувства никогаш не згаснуваат и дека ете, не случајно, дури од преку океанот дојде во родната Струмица да одржи концерт со ансамблот кој лично тој го формира во САД, Њујорк.

Песнопојците и игроорците, сите до еден Американци, беа како запнат лак, опседнати со мислата дека пред олкав аудиториум, пред многубројната публика, мора да приредат концерт кој ќе се запамети како значаен културен настан.

Под споменикот на големиот македонски син Гоце Делчев, кој високо се издигнува на централниот плоштад, одекнаа звуците на најпопуларните македонски фолк-бисери. Оро до оро, песна до песна. Аплаузите на стивнува, на воодушевувањето му немаше крај.

Не случајно беше исчудувањето како Георги успеал толку добро да го подготви ансамблот. Кој би помислил дека тие не се Македонци, туку Американци, силно вљубени во нашите песни и ора. Дури не можеше да се најде ниту една маана и на дикцијата со која тие така вешто ги пееја “Македонско девојче”, “Елено ќерко” и останатите, што како броеница ред ги редеа и непрестајно собираа искрени аплаузи.

А за ората, за чекорот, за ритамот, за “Осоговка” и “Драчевка”, за егејско, пиринско-македонскиот играорен сплет, па тоа беше посебна приказна. Со каква леснотија Американците Мајкл, Џина, Крис, Бил, Џени и останатите, облечени во раскошните мариовски и галички, во струмички и прилепски колоритни носии, ги вртеа ората, небаре чиниш дека се родени Македонци, а не луѓе што припаѓаат на други нации и доаѓаат од сосема други етникуми.

Ансамблот “Томов” толку ја плени насобраната петнаесет илјадната публика што и неколкуте бис-репетиции, пак, не беа доволни да се “прочита” и благодарноста и почитта и, секако, пораката за огромното задоволство од приредениот концерт и речиси професионалниот однос на овие бескрајно големи ентузијасти. Тие, водени од упорниот и роднокраен родољуб Георги Томов, потрошиле денови и денови напорни тренинзи, вежби, самоодкажување и самодокажување, за така убаво и така добро да ги научат македонските песни и ора.

Аплаузите и извиците - браво ! и бис!, како што подоцна и самите тие момци и девојки, помлади а и малку повозрасни, со задоволство раскажуваа, биле нивната најголема награда и сатисфакција за вложениот труд, работа и вежби и дека, пак, кога би почнале одново, тие пак би биле со Георги Томов И, пак, со најголемо задоволство и предизвик, би ги учеле македонските фолклорни броеници.

1gac3

Се поклонуваа многупати, а тоа како да не беше доволно. Публиката ја искажуваше својата голема благодарност што токму среде Струмица на улица, токму пред споменикот и погледот на големиот Гоце Делчев, беше приреден тој незаборавен концерт на ансамблот. Бидејќи ансамблот “Томов” допатува специјално од Њујорк во Македонија, а со тоа и во Струмица, за да не’ увери дека она што е вредно како културно наследство, кога уште ќе се обландира со ентузијамот до фанатизам, ете какви резултати донесува.

Георги Томов, создаделот и уметничката алфа-омега на Ансамблот, остана без збор. Сатисфакцијата беше таа. Вредеше сиот труд и патриотизам. Неговиот град, неговата Струмица и неговиот ансамбл “Томов” испишаа нова страница во хронописот на овој американско-македонски ансамбловен спојовник на релација Америка-Македонија, ја завршува репортажата познатата новинарка и публицист  Фиданка Танаскова.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.