|
|
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: 150 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ |
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: 150 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ На 4-ти февруари 2022 година, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј, во својата библиотека во Арнклиф, по повод 150 годишнината од раѓањето на идеологот и војводата Гоце Делчев одржаа пристојно чествување. По читање на неговата биографија, која иако зафаќа периот од само 31 година, е доста емотивна и бурно го отсликува неговиот револуционерен живот. Гоце е еден од најмаркантните личности по Александар син на Филип Македонски, на македонскиот народ, земја и историја. Последниот Гоцев подвиг е минирањето на мостот од железничката станица кај селото Анжиста (Драмско). А потоа? Потоа морници, црнина и солзи. Баница 4 мај 1903. Крвава зора. Предавство! Македонија сардисана... Гоце сардисан... Пукот... Ах, момци. рани... И смрт! Гоце е мртов! Го убија Делчев! Го нема Гоце! Години го нема. Но, Гоце е мојот син. Гоце е твојот син. Гоце треба да биде внукот на твојот внук и овде во Австралија и таму во Македонија. По неговата смрт, на Македонија и се заканува разимување, расчеречување. Македонија се распродава за циничен / насмев, а Македонците за едносмерен билет. Ние светот го разбираме како поле за културни натпреварувања нанародите, но светот не ја разбира нашата цивилизациска лозинка. На 150 годишното чествување во Сиднеј, група поети и лубители на делото на војводата Делчев, прочитаа свои и песни од македонски поети посветни на македонскиот револуционер и водач, војводата Гоце Делчев. Еве ги нивните имиња: Марија Александрова, Иван Трпоски, Цане Ѓуроски, Петар Дамчевски - Коцин, Вера и Тоде Мицковски. А како додаток беа прочитани и песните на Дана Тембелевска „Гоце“ и песната за „Султана„ од поетот Бошко Смаќоски испратени од Македонија.
Иван ТРПОСКИ |