Среда, 09 Март 2022   
ЗНАЧАЈНИ МАКЕДОНСКИ РАДИО И ТВ ЧАСОВИ ВО ДЕТРОИТ (7)

2isel2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Појавата на македонскиот иселенички информативни гласила во иселеништвото е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Македонските информативни гласила, особено на северноамериканскиот континент имаат посебно значење и играат огромна улога во зачувувањето на македонскиот јазик, во продлабочувањето на националниот дух и са­мобитноста и за продолжување на културните традиции на Македон­ци­те во англосаксонскиот свет.

Радио часовите во дијаспората се оној интегративен фактор кој на македонските исе­ле­ници им овозможува не само да ги афирмираат своите активности по­вр­зани со националната припадност и културата, туку и да ги следат и бидат во тек со најбитните настани и случувања во нивната матична држава. Во истовреме, тие го збогатуваат и мозаикот на мултинационалните кул­тури во САД, Канада, зашто македонските културни вредности, во светски рамки, претставуваат највисок цивилизациски дострел на една од најстарите нации во светот - македонската нација.

Таков е случајот со информативните гласила во Детроит, во македонската најбројна доселеничка заедницана американскиот континент. Таму, во овие педесетина години се печателе весници и списанија, се отвориле бројни радио часови.  Меѓу тие македонски информатори, посебно место има Бошко Рајчовски-Пелистерски. Така, тој, заедно со авторот на овие редови беше основач и сопственик на весникот “Македонска искра”, од којазлезе еден број во 1967? Година. Меѓутоа, Бошко  повеќе од три децении  е  катадневен хроничар на настаните и  “гостин” во домовите на Македонците и тоа со неговата радио програма која го носи името   “Оро македонско”.

Радио часот “Оро Македонско” претставува лозинка, еден вид мостовник на иселениците меѓу старата и новата татковина со блокот на вести и информации за настаните во родната македонска земја. Македонската песна се слуша на сите простори во Детроит. Ја слушаат многу Македонци и други народи од Балканот. На овој радио час и други емиси, особено пренесени од емисиите на Радио Скопје. Бошко посветил огромно внимание на прославите, свадбите, веридбите, личните информации, поздрави и честитки. Исто так, објавил многу интервјуа со познати политички, културни, спортски, естрадни и бизнис имиња од американскиот живот и секако од татковината.

Радио часот доживеал многу прослави. Така, за триесетгодишиот јубилеј  тогашниот македонски амбасадор во Вашингтон Љубица Аческа поздравувајќи го и изразувајќи му признание за големата мисија на овој радио, меѓу другото  рече: “И кога немавме амбасадор во Америка,  Оро македонско  вршеше амбасадорска улога”.

2isel23

Македонскиот радио час “Оро македонско” претставува, движечка полуга на македонскиот дух и опстој, за што Бошко е горд.  Преку “Оро македонско” им ја ублажувам болката и носталгијата на оние наши луѓе кои со себе го носат непреболот за родниот  крај. Бошко имал плодна соработка со Матицата на иселеницитеод Македонија. А, пак, во списанието “Македонија” често учествувал со свои текстови. Сето тоа го поттикна се повеќе да создава творештво и да ја сака својата земја од каде што му се корените.

Во исто време Бошко Пелистерски е многу благодарен  за домаќинот, за земјата на неговиот животен пристан - Америка,  средина што  му овозможува непречено развивање на неговиот творечки  дух и на прилагодувањето во новата средина.

Свесен е за придонесот од САД кон натамошното успешно  и непречено декларирање  на нашата нација  и условите кои се пружаат за  континуирано успешно спроведување и развивање  на црковните општини и културни центри,  низ целата земја, низ целиот овој северноамерикански континент.

Постојано ја искажува неговата најискрена благодарност кон САД. Кога дојде во Америка во 1964 година, Бошко немаше самостојна македонската држава и црква. Сите одеа по други цркви, особено во тнр. Македонско-бугарска црква Свети Климент од Охрид. Долги преговори тој лично водеше оваа црква да потпадне  под  јуриздикција на Македонската православна црква, но без успех.е

Меѓутоа, Бошко Рајчовски беше упорен во намерата да се направи некое посебно, македонско катче во Детроит, оти доста беа асимилации, доста беа негации, доста му беше на македонскиот народ  секој да посегнува по неговото  име и идентитет. Затоа, во 1967 година, Бошко и Мич Митровиќ (Миле Пашариковски) го основаат  првиот Македонски клуб во метрополата на државата Мичиген- Детроит. Тоа беше никулецот на самоорганизирачкиот “поход” на Македонците кои натаму уште поинтензивно почнаа да формираат најразлични друштва и асоцијации.

Новоформираниот Македонски клуб покрај фидбалските натпревари организираше и културни настани, средби, концерти и дружњење на нашите луѓе во овој дел на американската држава. Во новото катче  доаѓањето на гости од Македонија стана традиција, и нема да се заборават концертите на пример  на Кочо Петровски, Александар Сариевски, Виолета Томовска, Васка Илиева, и многу, многу други звучни имиња на македонската естрада., како и глумци од различни генерации, кои се претставија во најубава светлина, како на Пример Петре Прличко и др.

Иато така и Академикот Димитар Митрев беше еден од угледните гости поканет од клубот, заедно со  многу други познати личности од академскиот живот  и творечкиот опфат, потоа истакнатиот поет Љубен  Ташковски, и уште редица многу познати културни дејци.

Во тоа време се формира и фолклорна група, исто така за првпат, која беше собираличте замладите генерации и расадник за идните фолклористи. Со успешните фолклорни настапи Македонците се афирмираа пред другите етнички групи и ги собираа симпатиите. Со тоа постепено животот печалбарски добива поинтересни димензии и поинтересно  секојдневие.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.