Среда, 06 Април 2022   
БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ И НЕГОВАТА ПОЧИТ И ЉУБОВ КОН ЉУБОЈНО (11)

1is21

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Бошко Рајчовски-Пелистерски, меѓу другото, во Љубојно е познат и по следните активноти: То ја изгради чешмата што е бетонирана на сред село е еден мал дар од него. Во  2ооо година, беше промовирана неговата книга  “Тој не се врати”, кога во знак на благодарност, за сите присутни  приреди заеднички ручек под тремот на  црквата “Свети Јован” во Љубојно, на кои присуствуваа голем број видни личности од општествениот и културниот живот. Повеќе години со ред организирал   присуство, гостување на фолклорни групи, ансамбли, истакнати личности од уметничкиот свет и луѓе вљубеници во пишаниот збор.

Една од иницијативите која се надева дека ќе биде и реализирана, тоа е неговата искрена желба да  организира Фолк - фест Преспа во Љубојно”.Тој со восхит зборува за Љубојно, за средбите за Македонија. Тој е голем вљубеник во своето родно место, кој ете, токму заради таа негова огромна љубов, по повод  неговиот шеесетти роденден издаде и СД со песна  токму за Љубојно и Преспанските села печалбарски.

Љубовта кон родното место и татковина Бошко ја изразува на различни начини . Меѓутоа, се чини наредните редови се трогателни. Имено, Бошко напиша: “Аманет им оставам на мојата фамилија, нагласува Рајчовски, последното почивалиште да биде во Љубојно. А оставам уште една порака,  селото, дедовскиот конак, огништето и домот, никогаш да не се заборават. До сите мои пријатели кои високо го ценеа мојот труд, било во културниот или во црковниот и новинарскиот живот, во Детроит, или во Љубојно, сакам да им изразам  една  огромна благодарност. Да го кажам и тоа, дека ми претставува посебна чест што некои мои пријатели    со кои блиску соработував, и имаа полна доверба во мене, дека и јас многу го ценам нивниот удел”. 

1is212

Дел од Центарот (Полената) на Љубојно 

Ново поглавје во живеењето на Бошко Рајчовски – Пелистерски се отвориво 1987 година кога беше на одмор во Австралија и пред себе и пред своите пријатели вети дека повторно ќе ги посети. Истата година отиде и во Русија на одмор. Меѓутоа нева  желба му е да го посети Санк Петерзбург, онака среде лето, кога е навистина убаво да се види и прошета  овој стар убав град

Во овие биографски страници посебно место заслужуваат неговите родители, неговите сакани, мајката и таткото. Кога зборува за нив овој поетски деец, веднаш му навираат многу  и убави и тажни чувства, спомени, непребол… 

 “Во 1987 година во месец јуни, почина мојот  татко. Десеттина години потоа и мојата  мајка ја прости Господ. Голема тага и болка, голема празнина во мојата душа беше и останува  губењето на двајцата сакани родители. И затоа сакам да бидам погребан во моето село. Неизмерно сум им благодарен на моите татко и мајка кои ме донеле на свет, ме одгледале, правилно ме воспитале, ми дариле многу љубов. Никогаш не им погрешив. Никогаш не употребив грд збор. Никогаш не сум влегувам во конфликти и тепачки, ниту пак некому должен сум му останал. Тие ме научија силно да ја сакам мојата нација и вера. За добротата на моите родители и соселаните пофално зборуваат.

Татко ми беше примерен земјоделец и бригадир  во задручното живеење. Со мајка ми   дојдоа во САД каде и работеа се до нивното пензионирање. Во знак на благодарност на моите родители за се она што тие сторија за мене, во 1984 година, им организирав “Златна свадба”- педесет годишен јубилеј на кој присуствуваа над петстотини гости”, со гордост појаснува Бошко. 

Инаку, Бошко во текот на неговиот живот работи и се труди да постигне што повеќе на сите полиња и во сите свери на живеењето, со кои ќе се зафател во животот. За илустрација ќе нагласиме дека веднаш по работното време, трчал во радио станицата, за да ја води македонската радио програма. Организирал концерти, игранки, натпревари, и многу други културни активности, кои ги правел со многу посветеност и труд, со многу желба да бидат секогаш  успешни, и тие во неговата меморија остануваат како нешто вредно и трајно.

Сепак, чинам дека посебно место во неговите сеќавања е, на пример, првата црковна богослужба во изнајмената катедрала на Ван Дајк во Детроит. Потоа, неговата Македонска и југословенска радио програма. Организирањето на низата свечености како онаа за избор на Мис на Македонија, каде  беше избран за почесен “чермен”. Сето тоа е убав спомен за човек кој максимално вложил енергија, идеи, труд и ангажман. 

МораМ да нагласам дека посебно поглавје во сета таа широка лепеза на активности зазема неговото директно учество во основањето на Љубојнското друштво во Детроит. Инаку, покрај друштвото “Преспа”, доселениците од Љу­бој­но се организирани и во свое селско друштво “Љубојно”, кое е основано во 1992 година. Треба да се потенцира дека во градот Детроит живеат над 100 семејства од Љубојно, а, исто та­ка, ги има и во други американски градови, на пример, во Чикаго, околу 20 се­мејства, потоа во Охајо, во Калифорнија и во Канада.

Се претпоставува де­ка на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љу­бојно. Со други зборови, Детроит го има второто по големина Љубојно каде нашите традиции продолжуваат да се одржуваат и негуваат и тоа се богатства кои треба да ги наследуваат новите генерации наши Љубојнчани, наши американски Македонци во Детроит, во Мичиген. Посебна грижа друштвото води за селото Љубојно. Со негови сред­ства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти. Во 1993 го­дина е спроведена посебна хуманитарна акција за собирање средства за ку­пување на лекови за амбулантата во селото. Истата година произлезе и иде­јата да се соберат пари и за изградба на патот од селото до манастирот “Св. Петар”.

Друштвото “Љубојно” еднаш годишно на празникот св. Атанас (летен), обично на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која се одржувала во манастирот Св. Атанас”. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а исто така и љубанчани од другите делови на Америка.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.