Среда, 08 Јуни 2022   
ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО ЗА ТОДЕ КАБРОВСКИ ВО СИДНЕЈ

1seid

Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс организира свечена академија посветена  на светите браќа Кирил и Методиј, на која беше промовирана и монографијата за истакнатиот активист, автор и просветител Тоде Кабровски

Во Сиднеј, Австралија Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, организира свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј, што се одржа во познатиот духовен храм – во  Македонската православна црква МПЦ „Свети Кирил и Методиј“. Собирот беше вистински празник на образованието и просветата, беше празник на македонскиот јазик, на кој присуствуваа учениците од македонските училишта, професори, роднини и активисти од различни генерации. Беа присутни и заинтересирани нашинци за тоа, нивните деца да го учат македонскиот јазик и никогаш да не заборават од каде им е потеклото, од каде им се корените од јужните поли на Европскиот континент.

На масовно посетената свеченост беше промовирана и монографијата за долгогодишниот претседател на Македонскиот просветно-училишен одбор, Тоде Кабровски, кој е професор, автор на книги и учебници, познат активист и докажан хуманист.

Монографијата ја промовираше претседателот на Одборот, професорката Жаклина Михајлова, која со многу пофални зборови и признателност за Кабровски, се обрати пред многубројните присутни, истакнувајќи дека „станува збор за исклучително заслужен деец за афирмацијата на македонската заедница на петтиот континент,  кој во книгата е извонредно добро портретиран, така, и како  што навистина заслужува“, потенцираше Михајлова.

А во изминатиот повеќе од половина век откако Кабровски преселнички е заминат од родниот крај и е задомен во Сиднеј,  тој со многуте иницијативи,  дела и резултати, има несомнен придонес  што, Македонците се силно респектиран етникум во мултиетничкиот мозаик на Нов Јужен Велс и пошироко во Австралија.

Тој  беше дел речиси од сите образовно-културни манифестации и настани, во кои, заедно со разновидните  акции, работа и посветеност, даде огромен влог и за тоа, многу од младите генерации да ја запознаат, да ја сакаат и да ја чувствуваат Македонија како татковина на незаборавот.

Македонскиот просветно-училишен одбор во оваа австралиска држава е формиран во 1978 година, кога за претседател бил избран Тоде Кабровски,  кој  во децениите потоа, се изборил со истомислениците и борци, да се отворат етничките училишта по македонски јазик, во Сиднеј, во Нов Јужен Велс.

Наставата по македонски јазик ја посетувале меѓу 40-45.000 Македончиња во училишниот систем во државното образование, што е речиси единствен ваков убав пример во светот.  Исто така, голем е придонесот на Кабровски и на тимот од професори со него и за отворањето на средни саботни училишта, кога над 2.000 момчиња и девојки го полагале македонскиот јазик како матурски испит.

Скромниот и трудољубив нашинец е добитник на повеќе награди и признанија и во двете татковини за неговата долгогодишна, неуморна и посветена работа, и како претседател на Одборот 25 години, а сега и како почесен претседател, но, и за сѐ друго што сработил и придонел.

Меѓутоа посебно место и сентимент за Тоде Кабровски имаат и роднокрајните посети, средби, разговори, седенки и визити во неговото Горно Ореово под Пелистер, во Битола – на Широк сокак, во чаршијата и Хераклеја, во  балканскиот Ерусалим  - Охрид, во метрополата Скопје, во раскошната  Преспа и на секаде ширум нашата библиска, македонска земја. 

Фиданка  ТАНАСКОВА

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.