Среда, 17 Август 2022   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ (57) НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

1si9

Списанието „Повод“ бр. 57  за август 2022 година, наменето за литература и култура се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е посветено на најголемиот македонски празник Илинден и на доблесниот македонски иселеник од Сиднеј, Иван Трпоски..

Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Меѓутоа, за одбележување е тоа што ја објави Резолуција од Дијаспората под надлов „ИЛИНДЕН е нашето минато, сегашност и иднина“ . Оваа Резолуција се однесува на нашата татковина Македонија која пригодно ја одбележа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ.

Во овој број повеќе членови на Друштвото се преставија со своја поезија со која се искажува љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците кои го дадоа животот да се формира Република Македонија за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик, нација и сите културни и национални вредности.

По поезијата следува дебата за сето она што се случува во Македонија, посебно за барањата на фашистичка Бугарија и предавничката политика на владејачката СДСМ и ДУИ кои им подлегнуваат на француските барања и уцени за промена на Уставот, бришење на македонската историја, јазик и идентитет - потпишување на смртната казна за Македонците и Македонија.

Во Резолуцијата, меѓу другото се вели: „Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и Македонците од Австралија и Дијаспората остро ја осудуваме владата на Република Македонија која е на пат кон уништување на македонската државност и нација. Менувањето на уставот и следење договори на предавство ќе има негативни и застрашувачки последици за Македонија поради тоа што со вакви измени се распродава идентитетот, историјата, јазикот и државата. Ние бараме да се прекинат какви и да било договарања со Бугарија и Европската заедница и да се прејде кон заштита на македонскиот јазик и култура во Република Македонија и поробените делови на Македонија

Во продолженије во списанието „Повод“ се поместени поетски остваруавња од  шест македонски поети од Австралија, кои одушевуваат со своите поетски способности и патриотска љубов кон Макеедонија. Потоа, за прославата на 119- годишнината од Илинденското востание и прогласувањето на слободната Крушевска Република на Балканот, се пренесени пораки и завети од Илинденската коњаница, која од Скопје, Битола, Струмица, Бигорски и Гостиварско-долнореканскиот крај, помина десетици и десетици километри, сѐ до славното Крушево, пристигнувајќи на прославата на Илинден.

Списанието „Повод“ е посветено на делото на Иван Трпоски, кое е отпечатено по повод 80-от роденден (21 јуни) на овој познат и признат македонски иселеник од Сиднеј, Австралија. Ова  дело е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј уредник е Душан Ристевски, а рецензенти се : Д-р Науме Радичевски и д-р Димитар Пандев. Монографијата „Ова е мојот живот“.е публикација на 520 страници на македонски јазик.

Делото на Иван Трпоски „Ова е мојот живот“ претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден Австралијанец од македонско потекло во чиј живот и дела се испреплетени неговите две татковини, Македонија и Австралија. Затоа неговото дело е еубав пример и патоказ на еден честит и трудољубив австралиски Македонка, на кого татковините му се и радост и тага и восхит.

Потоа е даден текст за книгата „ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија (1946 – 1949“ во која е автентичниот дневник од еден од командирите на ДАГ - Георги Христовски од село Трсје, Леринско. Книгата е подготвена и целосно финансирана од страна на неговиот брат Сотир (Сем) Ристовски од Мелбурн.  

Во списанието е објавен и тектс за неодамнештото издание во Австралија на Задграничните комитети на ВМРОДПМНЕ од Перт и Аделајд кое ја издаде книгата на македонски и англиски јазик „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“. Тука е објавен Предговорот од проф. Д-р Виолета Ачкоска.

Во него се вели дека на 17 јуни 1990 година во Скопје се одржа основачкото собрание на новата партија во семејството на европската десница, ВМРО – ДПМНЕ, чиј основач и идеолог е Драган Богдановски, партија која врз идеалите на историското ВМРО се бореше за самостојна, суверена Република Македонија. Нејзиниот темел го постави македонската политичка миграција предводена од Драган Богдановски, од која голем дел беа судени или прогонети заради нивниот патриотизам и идеал – самостојна, обединета Македонија.

Потоа е даден текст за  збирката поезија „Магични љубовни зборови“ на поетесата Оливера Јовановска од Мелбурн во која се објавени 56 песни кои се поделени на три циклуси, а рецензент на истата е писателот Александар Донски.

Исто така, во овој број на списанието „Повод“ е даде профилот на артистот Никола Апостоловски, кој во Австралиско – македонскиот театар од Сиднеј дојде случајно, но истиот му врежа голема љубов и му донесе бројни пријатели и познанства. Никола одигрува два карактера, улогата на синот и попот. Прекрасна драма која ги опишува збиднувањата и проблемите што се случуваа во македонските цркви во Австралија и низ еден комичен но истовремено многу болен и сериозен начин го „расветли“ расколот во македонската заедница поради збиднувањата во однос на црковниот живот.

Во наредниот текст е претставен брачниот пар Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе кој се Македонци и кои долги години живееја во Мелбурн, Австралија, а сега се преселија во Скопје, во Македонија. Тие долг период претставуваа мост на зближување на родниот крај - Македонија, и на втората татковина Австралија. Животната сторија на Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе е интересна,,долга и широка”. Истовремено таа е и дел од историската судбина на Битола, Скопје, на Македонија и на македонската иселеничка сага во Австралија.

На крај е дадена издавачката дејност на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое е формира на 31 март 1978 година во Сиднеј со цел да ги зближи и соедини македонските емигранти во Австралија кои активно создаваат во полето на литературата; а тие да го чуваат и одгледуваат македонскиот литературен јазик и македонската литература, а со тоа да бидат чувари на вистината за Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.