|
|
СТОРИЈАТА НА ЌЕРКАТА НА ДАНА - ДЕНА ЕЛИЗАБЕТ СКОТЛАНД (19) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО Јас, Дена, родена сум на 17 март 1969 година во Торонто. Работам 25 години во Здравствениот систем „Руж вели“, на Одделот за дијагностички снимки. Јас сум главен технолог и професионален водич за дијагностички снимки. Со сето срце и душа водам грижа за моите пациенти и обезбедувам реализирање на најдобрите и тековни пракси во Одделот. Постојано учам и одам на курсеви за да останам во тек со технологијата на снимки. Имам 3 сина - Мајкл, Андреј и Максвел, кои се моја гордост и радост. Ме окупираат со нивните активности, што се во голем број, но уживам во секоја минута да бидам дел од нивните бројни успеси. Кога не работам, уживам во музика и да одам на концерти, спортови како кошарка, фудбал и таеквондо и да присуствувам на многу натпревари во живо, да готвам и да помивам време со семејството и пријателите. Исто така, уживам да патувам и се надевам дека ќе ја посетам Република Македонија во текот на следните неколку години, бидејќи одамна не сум била таму. Мајкл е роден на 24 јули, 1993 во Торонто. По многу напорна работа, Мајкл стана лиценциран електричар во декември 2014 година Многу е зафатен со работа и продолжува да учи за на крајот да стане мајстор-електричар. Ужива во многу спортови и игра фудбал и голф. Освен тоа, сака музика, велосипедизам во кал, да тро- ши време на неговата куќа и да патува. Андреј е роден на 8 јуни, 1999 во Торонто. Андреј ќе оди во 11-то одделение во средното училиште „Данбартон“ оваа учебна година. Тој е по спортот и вежба таеквондо од својата 5-та години, а во 2013 година доби црн појас, негов прв дан. Продолжува да работи напорно за да добие втори дан. Андреј зема курсеви и стана помлад инструктор за таеквондо и се стекна со сертификат за тренирање. Тој е помлад инструктор и тренира таеквондо деца на возраст од 4 -18 години. Освен тоа, тренера и ги мотивира учениците кои се натпреваруваат на турнири. Андреј се има натпреварувано на неколку турнири и има освоено многу пехари и медали како награда за своите достигнувања. Игра фудбал во неговиот средношколски тим и игра кошарка со своите пријатели. Има голем број хобија, како кошарка, голф, фудбал, музика, готвење и видео игри. Андреј планира да стане еден електричар штом ќе го заврши средното училиште. Макс е роден на 7 март 2004 година во Торонто. Ќе тргне во 6-то одделение оваа учебна година, во државно училиште на „Е. Б. Пин“. Макс вежба таеквондо од својата 7-ма година и во октомври 2015 година ќе се обиде да до- бие црн појас за јуниори. Макс им помага со инструкции на деца на возраст од 4-7 години. Се има натпреварувано во неколку турнири во текот на последниве години, најголем дел во спаринг. Победил во многу натпревари и освоил 1-во место на голем број турнири. Во 2014 Макс го освои првото место на Канадскиот национален турнир, што е врв на неговите нат- превари. Член е на тим со високи перформанси и ќе продолжи да тренира и да се натпревару- ва. Макс, исто така, игра кошарка, а минатата година беше избран да игра во еден ААА тим. Неговиот тим освои бронза на регионалниот турнир оваа година. Макс ќе продолжи да игра кошарка следната година и се надева дека еден ден ќе игра во НБА. Тој е љубител на музика, видео игри, пливање и сака да спортува со своите пријатели. Следејќи ја филозофијата на мојот татко дека нашите деца и внуци се нашето најголемо животно богатство, Блер и јас го почнавме нашето патување наречено чување на нашите внуци. Неколку години Мајкл беше најстариот и единствениот внук и така, ние почнавме како пионери со него и станавме поисполнети како дедо и баба како што во нашето семејство пристигнуваше секој нов член. Дури и пред да ја започнеме нашата редовна работа на водење грижа за Мајкл, кога моите родители го чуваа него, Мајкл, Блер обично се кое утро одеше и го земеше Мајкл од неговиот дом во Пикеринг и го носеше во нашата куќа. Јас ќе го преслечев, ќе го облечев, ќе му го дадов неговото шишенце и потоа ќе го однесев дома кај моите родители пред да одам на работа. Мајкл често остануваше на спиење, бидејќи Дена работеше во смени, вклучително вечерни и ноќни смени, како и многу викенди, така што едниот родител одеше на работа пред другиот да успее да се врати дома. Кога Мајкл наполни две години, секое утро Блер застануваше во МекДоналдс каде што му купуваше млеко и колач со боровинки. Нам тоа ни беше интересно, бидејќи иако Мајкл не јадеше боровинки, тој секогаш бараше колач со боровинки, ги вадеше боровинките и му ги даваше на дедо Блер. Блер продолжи со тој обичај да го зема Мајкл и со традицијата да купува колачи во Мек Доналдс. Ние преуредивме една од собите во соба за играње, со детска маса и мали столчиња каде што тој сликаше со прсти, правеше уметнички дела, имаше обичај да игра со тесто и други игри. Секој ден ние имавме време за ужинка со јаболка, сирење и соленки. Јас купив компјутер на кој што снимивме некои образовни програми како што се Душко Долгоушко, Математика, Правопис, забавни програми за учење кои што Мајкл ги совлада многу брзо.Исто така имаше неколку телевизиски програми. Јас најдов место каде што можев да ги искористам моите учителски вештини. Како што тој растеше, јас понекогаш наутро го носев во Општинскиот центар во Скарборо каде што имаше Детска програма кога родителите и бабите и дедовците ги носеа своите деца. Имаше различни места каде што децата можеа да си играат, некои со коцки за градење, имаше простор за возење велосипеди, простор за занаети, за игри со табли и за пеење. Имаше организирани излети до Онтарио Плејс, до зоолошката градина во Бауманвил и многу други. Таму тој можеше да се дружи со другите деца. А сега беа двајца, бидејќи ние, исто така, се грижевме и за Вилијам, а Мајкл можеше повеќе да се забавува, бидејќи имаше братучед со кој што можеше да си игра. Тие уживаа да сликаат со прсти, а јас ги зачував нивните најкреативни дела и истите ги врамив. Тие беа горди што сликите беа изложени во нашиот дом, а јас сѐуште ги имам горе на спратот. Кога малку пораснаа, јас исто така ги поттикнував децата да играат математички игри и да ги научат нивните распореди на часови. Ние се обидувавме да читаме и тие научија да ги пишуваат буквите од азбуката. Имавме многу книги за деца и секој ден определено време за читање. Тие слушаа музика и ние пеевме песнички. Вилијам имаше алергија на кикирики и затоа ни дадоа Епипен во случај на потреба ако тој дојдеше во контакт со кикирики додека беше кај нас. Блер обожаваше путер од кикирики, но ние дома го тргнавме путерот како и сите производи кои што содржеа кикирики. На Мајкл исто така му беше забрането од дома да носи нешто што содржеше кикирики. Јас морав да ги читам сите етикети на прехранбените производи за да бидам сигурна дека тие беа безбедни и дека Вилијам можеше да ги јаде. Ние сфативме дека најтешко беше со чоколадите бидејќи сите деца на негова возраст ги сакаат, а најмногу со чоко- ладните табли, колачите и другите десерти кои што можеа да содржат или да бидат направени во фабрика каде што се работи со кикирики. Тоа беше нашиот најголем проблем, но имаше само мал број слатки кои што беа безбедни за јадење, како што се Аеро Барови и Смартис во кои што Вилијам можеше да ужива. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |