Среда, 14 Декември 2022   
БИТОЛА - ЦЕНТАРОТ НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (33)

1manaz1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Битола е најголем градски центар во Пелагониската Котлина што се протега во југозападниот дел на Македонија. Котлината е заградена од исток со Селечка Планина, од североисток со планината Козјак, од север со ограноците на планинскиот масив Јакупица и планините Бабуна и Даутица; од запад со планините: Бушева, Крушевска, Древеничка, Бигла, Баба со врвот Пелистер (2.601 м) и Неретска Планина, кај месното население позната под името Вичо; и од јужната страна, преку пресед-лината Кизли-Дервен, се надоврзува планината Ниџе со врвот Кајмакчалан (2.251 м).

Пелагониската Котлина припаѓа на Република Македонија, а еден нејзин дел на Егејска Македонија што е во состав на соседна Грција. Пелагониската Котлина, иако е заградена со планини, сообраќајно е мошне добро поврзана со соседните и подалечните области.

Градот Битола е расположен на двете страни на реката Драгор, на надморска височина од околу 600 метри. Теренот на кој лежи градот е наведнат од запад кон исток, кон котлинското дно. Ваквата местоположба условува пријатна клима во текот на пролетните, летните и есенските месеци, додека, пак, зимите се студени и честопати градот е обвиткан со магла и сињак.

Во близина на Битола се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, основан во IV век пр.н.е. од Филип II, владетелот на Античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања, но со навлегувањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја.

Првпат името Битола се споменува во една повелба на цар Самуил од 1014 година под името „обител“ - старословенски збор што означува манастирски стан, семејство. Така, просветителската дејност на свети Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови - цркви и манастири (обители) свети Климент имал свои ученици и се развивала Битолската препишувачка школа.

Самуиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран развиток на Битола. Градот станал значаен културен и просветен центар во западниот дел на средна Македонија. Цар Самуил ја избрал Битола за една од своите престолнини и во неа изградил раскошен царски дворец. Тогаш Битола станала седиште на Битолската епископија.

По смртта на цар Самуил, во 1014 година, византискиот цар Василиј II со војската стигнал во Битолско Поле, го запалил царскиот дворец, но градот не успеал да го заземе. Во Битола, во 1018 година, била воведена византиска власт. Во тоа време и во Битолско се раширило богомилството, како верско социјално движење со антифеудален карактер. 

Од крајот на XV и почетокот на XVI век во Битола почнале да се населуваат Евреите што биле протерани како резултат на инквизицијата од Шпанија и Португалија. Тогаш во градот поголем замав зела трговијата, а се појавиле и некои нови занаети. Евреите извршиле и некои влијанија врз духовната и материјалната култура на македонските Словени и Турците. Во 1554 година, Евреите во Битола имале 87 семејства. Тие во градот основале своја талмурска школа.

Од турски документи може да се види дека исламизацијата во Битола и Битолско зела поширок замав дури во XVI век. Меѓутоа, дејноста на христијанските свештеници - калуѓери и епископи не престанала. И покрај слабеењето на Турското Царство во XVII век, Битола продолжила да се развива и да добива изглед на убав град во тогашното значење на овој поим.

Венецијанскиот пратеник А. Бернард, турскиот географ Хаџи Калсра и патеписецот Евлија Челебија ја опишуваат Битола како важен трговски и културен центар, со околу 3.000 куќи, 900 продавници и работилници, 40 гостилници, голем број џамии, неколку поскромни цркви, монументален Безистен, а подоцна и градски часовник (Саат-кула). Во градот се вршела трговија со жито, кожи, восок, волна, памук, градежен материјал, борина, катран и занаетчиски производи.

Треба да се одбележи дека битолскиот митрополит Арениј, по потекло Македонец, во 1763 година бил избран за последен охридски архиепископ на самостојната Охридска архиепископија.

Во XIX век Битола постигнала забележителен успех. Стопанството било во голем подем, а бројот на жителите се зголемил за неколку пати. Во 1840 година градот бил седиште на Санџак. Кога турските власти го префрлиле седиштето на Румелијскиот пашалак од Софија во Битола, градот станал еден од најголемите административни и воени средишта во европска Турција и голем воен гарнизон. Според патеписецот Ами Буе, во 1836 година градот имал околу 40.000 жители.

Обемните градежни зафати за потребите на војската и административниот апарат предизвикале расцут на голем број занаети. Навлегувањето на новите капиталистички односи не само што ја развиле, туку и ја осовремениле трговијата во Битола. Битолските трговци одржувале врски со Италија, Австрија, Англија, Франција, Романија, Египет и други. Тие имале свои филијали во Солун, Виена, Лајпциг, Трст, Одеса и други трговски центри. Бројот на работилниците и продавниците во Битола се зголемил на 2.150, а во разни делови на градот се наоѓале повеќе од 20 специјални пазари: Ат-пазар, Маст-пазар, Житни-пазар, Грав-пазар, Овчи-пазар и други.

Во Република Македонија еврејската култура имаше големо влијание, бидејќи постоеше многу жива активна и просперитетна еврејска заедница, за жал, холокаустот и трагичните настани од март 1943 година доведоа до фактичко исчезнување на 98 отсто од еврејската заедница, меѓутоа, духот на присуството на еврејството во Македонија е жив. Материјалните споменици се живи, сè уште постои еврејска општина, и постои разбирање меѓу другите заедници и елементи што ги спојуваат Македонците и Евреите.

Односите меѓу Македонија и Израел ги карактеризира традиционално пријателство, со висок степен на меѓусебно разбирање и почитување и со заемна подготвеност за интензивирање на соработката во повеќе сегменти од заедничкиот интерес. Македонија  отвори амбасада во Израел, со седиште во Тел Авив. Таа одлука беше ефектуирана симболично неколку дена пред одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на државата Израел.

Македонското присуство во државата Израел се карактеризира со два елемента кои на директен начин позитивно влијаат и ги засегаат обичните граѓани на двете земји. Првиот елемент е укинувањето на визите за македонските граѓани, така што македонските државјани без виза може да патуваат во Израел.

Вториот аспект е откривањето на Република Македонија како нова туристичка дестинација. Така, израелски туристи доаѓаат во Македонија со чартер летови  до Охрид. Во наредните години се очекува зголемување на бројот на израелски туристи во Македонија кои имаат сè повеќе интерес за културната понуда, посебно за Галичката свадба и Охридското лето, како и интерес на полето на бизнисот.

Денес во Македонија живеат мал број еврејски семејства, но тие здружени во еврејска заедница се значаен мост на зближување меѓу Република Македонија и Израел. Затоа, придонесот на еврејската заедница во Македонија е огромен и со непроценлива вредност токму во активностите за изградба на македонска православна црква во Израел.

Продолжува 

1sla1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.