Среда, 28 Декември 2022   
ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА (10)

1brk12

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

ВоКембриџ живеат околу сто и дваесетина илјади жители, од кои поголемиот дел се од англосаксонско, а потоа и од германско и шпанско  говорно подрачје. Тој е индустриски град, со развиена лесна индустрија и земјоделство. Кембриџ, заедно со градовите Кичинер, Ватерло и Гуелф е град на бројни паркови и зелени површини.

Ватерло, пак, е еден од најголемите и најзначајните универзитетски центри во Онтарио, каде многу од студентите се од македонско потекло, а голем број се стекнале со факултетско образование токму во Ватерло. Во тие неколку градови свиле гнезно повеќе од илјада македонски доселеници од Македонија, претежно од Леринско, Костурско, Битолско, Воденско, Скопско, Велес, Струмица и од други места на етничка Македонија.

Во минатото, македонските семејства од Кембриџ за да ги задоволат своите верски потреби на својот мајчин македонски јазик, патувале сто тици километри до македонските православни цркви „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон и „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Затоа, се појавила желбата за своја црква, особено кај семејствата од Егејска Македонија, врз кои се вршело силно грчко влијание и пропаганда.

Така, на 28 јули 1987 година, група Македонци, на чело со Георги (Џорџ) Бранов се собрале и одлучиле да формираат македонски клуб. Целта на новоформираната асоцијација била да прерасне во место за средби на Македонците од сите делови на Македонија, кои живеат во Кембриџ, Кичинер, Ватерло и Гуелф, а потоа да се формира македонски православен духовен, црковен и национален дом.

Благодарение на демократските процеси во Канада, за формирањето на ова македонско здружение му беше даден заслужен простор во медиумите во Кембриџ. Тоа предизвика интерес кај голем број Македонци, кои станаа членови на македонското здружение. Здружението ги поттикна македонските доселеници да започнат со свои активности на национално, културно и духовно поле.

Меѓу другото Македонците кои живеат во овие неколку градови започнаа да учествуваат на традиционалниот мултикултурен фестивал во Кичинер, каде го прикажуваа нивниот изворен македонски фолклор со свои национални карактеристики. Така, и традиционалната македонска музика, песни и ора, во придружба на македонска музика беа претставени пред канадските посетители.

1brk123

Во почетокот на 1994 година тие ги започнаа преговорите за купување на една зграда на Копската православна црква во Кембриџ. На 15 август истата година, црквата беше купена и адаптирана во македонски православен храм. Инаку, овој црковен комплекс се состои од црковен храм, крстилница, сала за помали црковни обреди, сала за прослави, административни простории, библиотека, соба за потребите на свештеникот и паркинг.

Новата македонска православна црква го доби името на мајката Божја „Света Мала Богородица“. Потоа доби одобрување од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква во Македонија и се приклучи кон семејството на македонските православни цркви во Канада. За кусо време црквата беше подготвена да им служи на македонските иселеници.

Така, првата богослужба на македонски јазик се одржа на денот Мала Богородица, на 21 септември 1994 година од страна на архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ господин господин Михаил и митрополитот Кирил.

Во исто време, архиепископот Михаил, митрополитот Кирил и авторот на овие редови, Славе Катин, како гостин од Македонија и потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници, се сретнаа со голема група иселеници од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните градови. Оваа средба остави длабок впечаток кај сите присутни кои беа охрабрени за да преземат поголеми активности на духовно и национално поле.

Благодарение на бројните донации, особено на управата на „Свети Климент Охридски“ во Торонто, „Свети наум Охридски“ од Хамилтон, како и другите македонски православни цркви во Канада и САД, многу скоро беа собрани доволно средства за да се исплати црковниот објект. Подоцна, во април 1995 година, македонскиот свештеник Гоце Деспотовски пристигна во нивната заедница.

Со доаѓањето на свештеникот, заедно со управите и бројни членови се зголемија активностите во рамките на црквата. Во почет кот женската секција, а подоцна и фолклорната група, одигра значајна улога во зголемувањето, продлабочувањето и збогатувањето на активностите. Тие организираа игранки, вечери и други активности.

Еден од најзначајните датуми за МПЦ „Света Мала Богородица“ беше 21 септември 1996 година, кога црквата беше осветена. Овој чин, кој имаше црковен и национален карактер, го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, господин господин Михаил, во сослужение на бројни свештеници, а во присуство на повеќе од 2.000 македонски иселеници и нивни пријатели, кои се собраа на осветувањето кога беа поставени темелите на иднината на духовното живеење на Македонците во Кембриџ и околните градови.

Денес, МПЦ „Света Мала Богородица“ е место на духовен мир за Македонците во Кембрич, Кичинер, Ватерло и Гуелф. Тоа е место за сред на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат и да ги негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски јазик и својата земја Македонија.

Крај

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.