Среда, 08 Март 2023   
ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

                                          1vistin123.45

Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател),Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традицијата за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука:

Песни за возрасни

Прва награда: „Од туѓина стигнав“  -  Шифра: дедо и баба, автор Наум Трајчески

Втора награда: „За сите кој се молат за некого“  - Шифра: Те молам за втора шанса, автор Оливера Јовановска

Трета награда: „Од главата си патиме“ - Шифра:?, автор Наум Пауноски

Трета награда: „Казна“ -  Шифра: мајка, автор Наум Трајчески
 
Песни за деца

Прва награда: „Новата учителка“ -  Шифра: Стариот учител, автор Ристе Петрески

Втора награда: „Не е смешно другарче“ -  Шифра:Трендафилчиња, автор Гроздан Јовановски

Трета награда: „Училиште зрак од светла иднина“ - Шифра:Деца,Деца, автор Оливера Јовановска 

Раскази за возрасни

Прва награда: „Бројаница“ - Шифра: Бројаница, автор Љубица Поповска

Втора награда: Не припаѓам во твојот свет - Шифра: Те напуштам, автор Оливера Јовановска
Трета награда: „Геноцид“ - Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Раскази за деца
 
Прва награда: „Нов будилник“ - Шифра:?, автор Гордана Димовска

Втора награда: „Двете мали мечиња“ - Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Трета награда: „Маица“ - Шифра: Маица, автор Љубица Поповска

Првонаградена песна за возрасни:

ОД ТУЃНА СТИГНАВ      

Ко уморена птица

од туѓина стигнав.

В растурено гнездо

јас ноќта ја минав.

Многупати ќерне

се завртев в час.

Наоколу гледав,

не испуштив глас.

Можеби по патот

татко ми ќе мине,

јавајќи на коњот

дома за да стигне?!

Бериќетот сакам

повторно да никне.

Мајка ми од негде

" Сине!" да ми викне!

Ветровите веат,

прашина се крева.

Во куќата наша

сега има врева.

Радувај се, село,

со нас сите збрани-

сонцето те грее

од неколку страни!

Потомци млади

дојдени се тука,

за баба и дедо

срцето им чука.

Дома да се врати

не видоа дедо,

не слушнаа баба

да им каже: "Чедо!"

Наум Трајчески

Првонаградена песна за деца:

НОВАТА  УЧИТЕЛКА       

     

Од како учителот 

во пензија појде

на негово место

учителка ни дојде.

Се престави таа

со презиме и име

истото го посака

да го сториме ние.

Внимателно сите 

не прозива со ред 

зборовите и беа

послатки од мед.

"Ќе говориме денес

за природата дечиња

во гората знаеме

има многу мечиња.

Природата е мајка 

сите што не храни

од секакво зло

таа нас не брани".

Ристе Петрески

 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.