Среда, 05 Април 2023   
ФАКУЛТЕТСКИ ОБРАЗОВАНИОТ ЛУ ВЛАШО ЈА ОТПОЧНА РАБОТНАТА КАРИЕРА (10)

                                                   1cari12345

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Работев во одбори - Советодавниот совет на Факултетот за сметководство, Советодавниот одбор на библиотеката, Советодавниот одбор на Колеџот за бизнис и советодавниот одбор за Центарот Воинович, програма за јавно раководство во училиштето.

Не го правев сето тоа за да добивам награди, го правев затоа што сакав и затоа што чувствував дека можам да придонесам и сакав да го поддржам мојот универзитет. Така што, беше навистина убаво изненадување кога ја добив наградата за Заслужен алумни од Универзитетот во Охајо во 2001 година. Тоа беше еден од најгордите моменти во мојот живот, никогаш не ни помислив дека универзитетот може да ми одаде таква чест.

Посакувам само да беа тука моите родители и да можеа да ме видат. А придoбивките беа прекрасни, свечена вечера, дури и автомобил во парадата на дипломираните студенти на Универзиетот во Охајо.

Сепак, додека моите денови на колеџот завршуваа, размислував за работа и, за среќа, дипломирав и работа веќе ме чекаше. Повторно, по завршувањето на училиштето на работа.

Веќе го имам тоа направено, да отидам веднаш од матурската на мојата прва работа преку лето, во ноќните смени во Репаблик Стил, а таму работев во текот на летните месеци додека одев на училиште.

Така си размислував да се приклучам на таа компанија со полно работно време откако ќе дипломирам. Претходно сум работел во ѕидарскиот оддел – многу тешка работа. Татко ми и постариот брат и двајцата работеа таму, така што си помислив дека може да има некоја работа за мене во дирекцијата во Кливленд, каде би можеле да живееме поблиску до мојот роден град.

Работа во главните канцеларии на Репаблик ќе ми овозможеше полесно да ги посетуваме моите родители. Што се однесува до времето на патувањето тоа би било како на пример од на татко ми селото Брезница да се отиде 20 милји подалеку после Битола, за ние да стигнеме во Кентон – околу 60 милји, или 32 километри. Секако, патувањето ќе ни беше со кола, а не со магаре и ќе ни беше лесно да го направиме тоа.

Но, можете да претпоставите, Репаблик Стил немаше слободни работни места за мене.

За време на еден ревизорски час, со професорот по сметководство кој се викаше Ралф „Сид“ Бекерт, јас дознав за Хобарт. Тој ни прочита едно писмо од Џон Лаферти, кој дипломираше на Универзитетот во Охајо, кој велеше дека компанијата бара работници. (Сид подоцна ми стана добар пријател, по него го именував нашиот огранок на Универзитетот на Охајо алумни. Тој беше болен и во тоа време беше близу до смртта и се надевам дека тоа беше нешто што му ги разубави последните денови од животот.)

Така, аплицирав во Хобарт. Ме повикаа на интервју. По некое време, Џон ми се јави по телефон, додека се уште бев во куќата на братството, изговорајќи ги магичните зборови: „Лу, се јавувам само да ти кажам дека ти нудиме работа. Откако ќе ја прочиташ понудата, те молам извести не што мислиш.“

Потоа дојде писмото:

„Согласно нашата позиција, ви нудиме работно место во општо сметководство… Вашата почетна плата за работното место се предлага да биде 425 долари месечно, со прилагодување од 25 долари на крајот од два шестмесечни периоди.

Сè се случи многу брзо. Имав интервју на 26 мај, денот на мојот роденден. До 1 јуни одговорив дека ја прифаќам работата.

Денес, во 2021 година, таа почетна плата би била 40.000 американски долари, што сè уште е под опсегот од 60.000 долари нагоре во повеќето компании. А јас сум оженет и имам дете кое има 3 месеци. Успеававме да преживееме, но, оф, беше тешко.

Можев да изнајмам стан. Купивме кревет, купивме детско креветче и купивме телевизор. Ги купив на кредит, што го добив затоа што ќе почнам со работа во Хобарт, главниот работодавач во Трој. Во тоа време, сите меѓусебно се познаваа.

Надоместот што го добив по незгодата со окото во средното училиште, ми беше доволна да си го купам првиот автомобил на крајот на мај истата година и ми помогна со готовинското учество за мојата прва куќа. Се спакувавме, како и бебето Винс, ги ставивме сите наши работи во багажникот и се возевме до Трој, Охајо.

1cari123456

Тој е речиси 200 милји оддалечен од Кентон, Охајо, а моите родители би рекле: „Кај го најде тој пусти Трој?“ Мама и тато се надеваа дека ќе завршам во Кентон и ќе се оженам за Македонка, но не излезе така. Како и обично, соништата на родителите и децата се различни. 

Догледање на факултетскиот живот, добредојде на корпоративниот живот

Мојот живот чудесно се измени. А јас ќе помогнам во тоа да настанат чудесни промени во компанијата на која се придружив.

На нашата фотографија има најмалку тројца сметководители во класа на четири вработени: јас, Хал Вилис, Ед Кокс и Валтер Јанг. За мене вистинско изненадување беше тоа што Валтер ми стана зет! Во Хобарт станавме вистински пријатели.

Уште едно изненадување настана кога откривме зошто ние тројца бевме ангажирани на место на еден сметководител.

Името на тој сметководител беше Имер Тобајас. Не беше дека обемот на работата на Тобајас нешто страшно се зголемила па требало тројца за да го заменат. Тој направи проневера на парите, во износ од околу 400.000 американски долари, навистина голема сума на пари, како покачување на плата од 95 долари неделно.

Омер беше љубител на уметност и својата куќа ја наполни со скапи уметнички дела – вредни околу 200.000 долари. Тоа е износ според проценките кои Њујорк Тајмс ги доби од галериите кои ги дадоа делата на аукција да се врати долгот кон Хобарт.

Привлечноста на Омер кон проневерата не заврши тука. Откако отслужи седум години затвор во Државниот затвор во Охајо и беше пуштен на условна казна, повторно го уапсија. Наводно, му била дадена одговорноста во затворот да води книговодство, и тој ги проневерил и средствата на другите затвореници во затворот!

Беше разбирливо што компанијата не сакаше повторно да му даде таква контрола на само еден човек.

Ние, новодојденците, ги запознавме сите луѓе кои го направија Хобарт тоа што беше: Џон Лаферти, кој ме вработи, Карл Хувер, мојот прв менаџер – менаџерот на општото сметководство, Бил Бекер, кој ја надгледуваше табулацијата. На сите нив сум им благодарен што ме „израснаа“ како млад вработен.

Карл беше долгогодишен член на персоналот, фин човек кој знаеше да застане и да ги објасни нештата. Работењето за него во Општото сметководство (ОС) беше вистински благослов, се здобив со големо знаење за бизнисот поради него. Некое време во ОС работев во одделот за табулација, мојот прв допир со автоматизацијата, колку и да беше на основно ниво.

Опремата, која ги содржеше нашите главни сметководствени книги, беше програмирана со употреба на разводни плочи кои и кажуваа на машината што да направи.

Продолжува 

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.