Среда, 26 Април 2023   
ПОСТИГНУВАЊАТА НА ЛУ ВЛАШО ВО ГРАДОТ ТРОЈ ВО ОХАЈО (13)

ПОСТИГНУВАЊАТА НА ЛУ ВЛАШО ВО ГРАДОТ ТРОЈ ВО ОХАЈО (13) 

1djorc23ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Помогнавме во тоа да се убедат гласачите во 1967 година дека на градот му се потребни приходи од данок на добивка за да може да обезбеди поквалитетни услуги. Мал Тим, кого го замолив да биде менаџер на проектот, работеше со мене како претседател, и законот беше изгласан.

Се запознав со Џим Хејстингс, кој работеше за Хобарт додека тој и неговата сопруга Керол, отворија сопствен бизнис за врамување фотографии во Трој. Тој ми стана добар пријател – искрен, паметен и отворен – и останавме во контакт се до неговата смрт во 2014 година.

Џим и Керол и Џен и јас имавме многу убави дружби. Џим исто така ми беше од огромна помош во огранокот на Џејсис во Трој, која е Стопанска комора за млади, група на општинската служба за млади луѓе до возраст од 35 години.

Работев со сите од Џејсис, а станав и претседател и направи в доста работи, така што ме номинираа за член на државниот организационен одбор. Но, она со што навистина се гордеев е наградата која ја организирав за луѓето кои беа „на маргините“, луѓето кои работеа напорно но, никогаш не можеа да освојат ниту една од нашите четири годишни награди.

Бев именуван за Истакнат млад човек на годината на Трој, и ме ставија во комисијата која ги бира идните наградени. Но секој пат кога ќе изберевме еден победник на списокот, се појавуваа уште двајца кои исто така заслужуваа награда. 

Бидејќи Џејсис го превземаа огнометот, секој 4ти јули имавме одлично посетен настан на стадионот, така што одлучив, зошто да го пропуштиме тој момент? Смислив уште една награда која можевме да ја доделиме на двајца или тројца луѓе таа вечер. Тоа се случуваше токму пред да започне огнометот, така што најмалку 5 000 луѓе беа сведоци на доделените признанија.

По Џејсис, влегов во Стопанската комора, па станав и нејзин претседател. Додека јас бев претседател, двајца лојални членови на заедницата, Стив Хамилтон и Керол Френкс Синан, ни предложија идеја за организирање на фестивал и посочија на една од двете култури кои се одгледуваа во нашата област, јагоди или пченка.

Идејата за Фестивал на јагоди се задржа и признавам дека немав некој голем ентузијазам за идејата, но таа доживеа огромен успех, дури многу поголем отколку што сме очекувале. Една интересна забелешка е дека првата година на оддржувањето, 1976 година, имавме секакви видови настани и производи на тема јагоди, но заборавивме да донесеме обични јагоди за продажба.

Така, мојот син Винс и неговата девојка беа ангажирани да отидат до фармата Фултон, локалниот производител на јагоди, и да носат свежи јагоди за купувачите. 

Тој фестивал се уште се оддржува секоја година и сега е еден од најголемите во државата. Тоа е доказ дека понекогаш треба да се тргнеш настрана и да им овозможиш и на другите да ги остварат своите идеи.

Имаше и други општински групи во кои се најдов како член: бев во комисијата за парковите и во комисијата која ја планираше двестегодишнината на Трој, бев ревизор во Фондацијата Трој и работев како ревизор во нашата локална болница која во тоа време се викаше Стаудер Меморијал Хоспитал (Stouder Memorial Hospital). Дури имав среќа да станам и управник на државниот колеџ Едисон (Edison State Community College), виша школа за четири области

Никогаш не сум играл бејзбол, но бев во Малата лига бидејќи син ми играше во неа. Тие немаа секретар, така што мене ме ангажираа за секретар. Прво видов две работи: немаше место каде да седат тимовите. Така што им набавивме клупи. Второ, немаше место каде луѓето можеа да седат и да ги гледаат. Набавивме и седишта за публиката.

Продававме слатки работи, така што ме назначија и за претседател на продажбата на слатки. Потоа нарачав да се направат и ознаки на дресовите за нашите шампиони. Создадов игра на сите ѕвезди. Во нашата комисија дури членуваше и градоначалникот.

Се обидов да се ангажирам и во извидничкото друштво поради моите синови. Но, единственото на кое се сеќавам беше викендот кога отидовме на кампување. 

Една работа беше да пораснеш во дом со кутија за мраз во подрум и без автомобил. Но сосема друга работа беше да кампуваш на отворено кога времето е ладно и почнува да врне снег. Чевлите ми се намокрија. Таа ноќ, сите се смрзнавме.

Станавме, направивме појадок на брзина и си отидовме дома. Така завршија моите извиднички денови.

Бев назначен за член на првата комисија на градот Трој за односи со јавноста од страна на градоначалникот и градскиот совет во текот на 1960-те години, кога активностите за граѓански права беа во полн ек. За време на мојот мандат, нашата прва средба со интеграцијата настана кога еден електричар, Афроамериканец, се пресели во соседство каде живееја само белци, неколку улици подолу од мојот дом во тоа време. Благодарение на нашата група, асимилацијата се одвиваше сосема непречено. 

1djorc234Одржување на „Фестивалот на јагодите“

Како да немав доволно ангажмани, во 1973 година станав претседател на Јунајтед веј (United Way). Достигнавме до 125.025 американски долари во залог. Тогаш тоа беа многу пари. Речиси 100 проценти од тоа беше распределено, како и секогаш, на добротворните и непрофитни организации во Трој.

Во јануари 1968 година бев изненаден кога дознав дека сум избран за заслужен млад човек на годината во Трој, Охајо. Ова е годишна награда и независна комисија го прави изборот. Каква чест! Не се стремев кон оваа награда, но е нешто што навистина го ценев.

Работев на толку многу добри цели. Но, една што ми беше особено драга беше кампањата Харт Фанд (Heart Fund). Џен беше родена со мана на залистокот од срцето, а во 1961 година, откако се роди нашиот прв син, Винс, таа беше една од првите во областа која направи операција за тоа да го подобри. Со радост станав претседател на кампањата во Трој, а потоа и на округот.  

Да бидеш и татко и мајка

Знаев дека Џен, поради тоа што ја имаше таа срцева маана од раѓање и дека е проблем, но не беше проблем се додека не дојде време нејзиниот доктор да и рече, ова навистина треба да го средиш. 

Достигна до точка каде тоа влијаеше на нејзината енергија, а ќе стануваше уште полошо без операција.

Отидовме во болницата Гуд Самаритан (Good Samaritan Hospital) во Дејтона, и се запознавме со др. Чарлс Е. Обрајан, еден од пионерите во операциите на отворено срце. Се уште го чувам медалот на Ст. Патрик кој тој и го даде на Џен на денот на операцијата – 17 мај, 1961 година, денот на Св. Патрик. 

Машината за срце и белите дробови, која требаше да ја регулира циркулацијата на крвта за време на нејзината операција, беше најголемиот ризик. Се сеќавам дека Др. Обрајан рече дека самата операција, дури и во тоа време, не е многу покомплицирана од вадење на слепо црево. Но, се поврзано со операцијата требаше да биде во ред.

За еден млад брачен пар, таа операција беше огромна работа. Дури и со осигурувањето кое го имав во Хобарт, ќе чинеше многу пари. Џим Мишлер, кој беше извршен потпретседател и контролор во Хобарт, ми се јави и ми рече, „Ние ќе ти позајмиме половина од износот. За другата половина оди кај Верн Лефевр (претседателот на „Фрст Нешанал Банк“ (First National Bank) да добиеш кредит за останатиот дел.“

Од платата ќе ми одбиваат рати за отплата. Колку други компании ќе го стореа тоа?

Продолжува 

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.