Среда, 17 Мај 2023   
ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛУ ВЛАШО ВО РАЗЛИЧНИ АМЕРИКАНСКИ НАДВОРЕШНИ ОРГАНИЗАЦИИ (16)

1glas234

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Во 1970 година, бев избран за претседател во периодот од 1970 до 1971 година, заобиколувајќи го членот кој беше на ред да ја добие работата. Се уште ми останува мистерија зошто тоа се случи.

 Организиравме образовни разговори за светот на финансиите кој што се менува, со некои интересни наслови како „Работи кои мајка ти никогаш не ти ги кажала за ЕДП конверзијата.“

 Испланиравме годишен турнир за голф и ни дојдоа гости од државниот и националниот најстар професионален безбол тим, Синсинати Редс, вклучувајќи го и Џони Бенч, нивниот врвен фаќач на топките. Редсите го освоија Ворлд сериес (World Series) – шампионатот на САД – во 1975 и 79 година, додека јас бев во НАА, а Бенч беше впечатлива атракција на нашиот настан. 

Секој месец, морав да напишам по една статија за нашиот билтен, „Баланс шиит“ (The Balance Sheet).

Две години подоцна, ме поканија да се приклучам на националниот управен одбор. Се разбира дека прифатив, со поддршка на Хобарт, бидејќи тоа беше дел од мојата професија..

Членувањето во националниот управен одбор значеше многу за Хобарт, Инволвирањето во заедницата беше сосема во ред, но ова беше „леб и сол“ за вашата акредитација. По некое време ме избраа за потпредседател, но ги заслуживме и сите почести како службеници: дванаесетмината потпретседатели патуваа 184 000 милји секоја година, за средби и работа со 271 ограноци, и со 161 огранок на НАА, кој подоцна ќе го прошири називот во Институт за сметководители на менаџментот (Institute of Management Accountants). Говорниците на годишните средби беа добро познати: Арт Бухвалд, колумнист на синдикалните организации, претставници на Крајслер, врвни сметководствени професионалци и многу други.

 Но, јас ги чував одделно, секогаш велев дека кога си заминувам од Трој, ја ставам НАА капата, но кога се враќам назад во Трој, си ја ставам Хобарт капата.

Тоа беше фамилијарна работа, поинаку од денешните професионални асоцијации. Националната конвенција беше нашиот фамилијарен одмор. Каде и да одевме за да одржиме средба, имавме една недела за тоа. Така што моите деца пораснаа на одмори во Лос Анџелес, Чикаго, Далас и Мајами, бидејќи таму ни се оддржуваа состаноците на управниот одбор. Убаво си поминувавме и се запознавме со многу добри луѓе.

Дел од мојата работа како регионален потпретседател беше да ги посетувам ограноците во мојот регион, и многу патував – илјадници милји во текот на една година. Но никогаш не останав во ниедно од овие места. Се возев до таму, ќе одев на состанокот и ќе се вратев дома.

Ништо од ова не се случуваше во вакум простор. Дел од моите патувања настанаа откако Организација на земји извознички на нафта (ОПЕК) на Блискиот Исток ја покачија цената на суровата нафта за речиси 70 проценти во октомври 1973 година. Уште полошо, групата стави ембарго на продажбата на нафта во САД откако застана на страната на Израел против Египет и Сирија во војната на Јом Кипур (Yom Kippur War).

Така, беше многу скапо и тешко да се најде бензин. На бензинските пумпи имаше редици на кои се чекаше со часови или воопшто немаше гориво. Моравме однапред да планираме каде и како ќе се возиме од 1973 до 1976 година.

Во тоа време, титулата за овластени сметководители на менаџмент штотуку беше создадена - титула со строги стандарди што бараше од вас да положите пет тестови. Бев еден од првите што се пријавија за тоа, со поддршка на мојот пријател, Ед Роџерс, професор по сметководство на Универзитетот во Дејтона и член на огранокот. До 1975 година, јас бев ЦMA, бр. 260 во САД.

Станав национален потпретседател на НАА во мојот прв мандат почнувајќи од 1975-76 година. Имавме средби четири пати годишно. Тоа беше патување од поинаков карактер; се состанувавме четири пати годишно за да водиме бизнис -- да ги прегледаме активностите на здружението, да учествуваме во поставувањето стандарди за нашата професија, да ангажираме корисни експерти да оддржуваат говор. Уживав да бидам на некои места каде што искрено не би одел сам, како што е историското одморалиште Гринбрајар во Вајт Сулфур Спрингс (Greenbrier Resort, White Sulphur Springs), Западна Вирџинија.

Станав национален претседател во мандатот од 1982 до 1983 година и тоа беше голема одговорност за мене. Презедов здружение со 90.000 членови и големи предизвици.

1glas2345

За време на моето време таму од 1982 до 1984 година, развивме етички кодекс за сметководителите, прв од таков вид за организацијата и огромен потфат. Го направивме и главниот чекор, тежок за нас, да се преселиме од Њујорк во наш сопствен објект во Монтвејл, Њу Џерси. Бев предводник на работите; ги имав потпишано сите документи за купување на земјиштето и за 4 милиони долари во обврзници. (Тоа би било 19 милиони долари во 2021 година.)

Имав измешани чувства за заминувањето на НАА од Њујорк, но трошоците стануваа астрономски за нас.

Здружението сè уште е во Њу Џерси, иако сега има и персонал распределен низ целиот свет, во Кина, Сингапур и Африка/Блискиот Исток, па дури има и канцеларии во Амстердам и Цирих. Работите за кои не морав тогаш да се грижам, сега се дел од него: сопствена веб-страница и мрежата на социјалните медиуми; профили на Twitter, Instagram и LinkedIn; дури и канал на YouTube на интернет.

Јас всушност сè уште сум член на огранокот од Дејтона, но не сум бил на состанок од 1984 година. Сепак, кога националната организација за овластени сметководители на менаџмент ја одржа својата прослава за 40-годишнина од постоењето во Сан Диего во 2019 година, тие ме поканија да дојдам – и јас отидов.

Личните врски со Македонија продолжија понатаму. Кореспондецијата беше бавна, но ја оддржавме. Меѓу писмата кои најмногу ги ценам во сите овие години е писмото од чичко ми кое го напишал од селото во Грција, од 5 октомври 1982 година.

 „Пред неколку недели го примив твоето писмо и се чувствував многу горд на твојот успех. Ти посакувам тебе, како и на твоето семејство, од целото мое семејство, многу здравје и среќа, исто така и многу успех во животот. Исто така сме многу среќни за успехот на Винс. Би биле навистина среќни доколку тој би дошол во Атина да се запознаеме. Очекувам да добивам уште новости за тебе и за твоето семејство. Поздрави ја мајка ти и семејствата на брат ти и на сестра ти. Со љубов, чичко Василиј.“

Ова беше напишано додека нашиот син Винс беше на служба во морнарицата на САД, а чичко Василиј се надеваше, се разбира, дека бродот на Винс може таму да се укотви.

Се уште ме воодушевува трудот што го вложил во пишувањето на писмото. Не знаеше да пишува на англиски јазик, мораше да најде преведувач. А јас не знаев да читам и да пишувам на македонски јазик за да можам да му вратам на неговиот јазик. Сега со Facetime и Google Duo едноставно можеме да разговараме на македонски јазик. Колку одлично ќе беше тоа! Сега зборувам со братучедите на тој начин, буквално лице в лице.  

Се бориме против неправедно преземање

До 1980 година, Хобарт беше подготвен за иднината. Но, тоа им беше очигледно и на другите. Ова беше време кога корпорациите почнаа да ги голтаат другите во САД, да вршат интегрирања или, почесто, да ги купуваат со малку пари и да ги користат ресурсите од нивното купување за, всушност, да ја натераат компанијата да плати за сопственото преземање. Познато е како откупување на компанија со потпора (LBO).

Продолжува  

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.