Среда, 21 Јуни 2023   
ПОЛИТИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (24)

1nij3ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во организација на Иницијативниот комитет за обединување на Македонците од Чикаго 18 мај (косар), 2002 година во  овој  град  се  одржа  конференција на која биле поканети претставници на сите македонски организации во Северна Америка. Свесни за тешката положба во која се наоѓа Македонија, организаторите на хуманитарната организација од Чикаго по успешното собирање на помош од 25.000 американски долари за семејствата на загинатите во воениот   конфликт од 2001 година  во Македонија решија дека во интерес на сите Македонци, крајно време е да се обединат сите сили за да се помогне во излегувањето од тешката криза во која се  наоѓа нашата татковина, криза за која се одговорни сегашните партии на власт како и поранешната владејачка гарнитура.

Инцијативниот комитет бил   составен од добро познатите македонски патриоти и активисти: Дане Поповски, Раде Јанковски, Митко Ристев и Блаже Мицкаловски. На конференцијата беа поканети претставници на сите македонски цркви и организации во Северна Америка, а присуствуваа и претседателот на „Македонска алијанса“, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, Васил Бабамов и Марјан Кочовски од Македонско-американската асоцијација за пријателство, претставникот на Македонската заедница од Детроит, Бошко Рајчoвски-Пелистерски и претставникот д-р Стојадин Наумовски.

Васил Бабамов од Македонско-американската асоцијација за пријателство зборувал за итната потреба за здружување и дејствување преку лоби. Тој истакнал дека Албанците оствариле преку 100 средби со Стејт департментот, а Македонците само една средба. Резултатот се гледа.

Во врска со лобито, бизнисменот Атанасоски подвлекол дека е потребно пошироко учество на сите македонски организации во САД и избор на општоприфатени делегати кои ќе ги претставуваат македонските интереси пред американските власти. Истакнал дека, сепак, залудни ќе бидат сите напори ако нема соработка и заедничка политика со Владата на Република Македонија и затоа е потребно на следните избори да дојде на власт влада која ќе го разбира придонесот и важноста на Македонците надвор од Македонија и ќе работи заедно со нив на лобирањето пред властите на државите каде што живеат. Исто така, Атанасоски рекол дека на Македонија не ѝ се потребни 54 политички партии, туку една вистински македонска партија како што е „Македонска алијанса“.

Потоа им се дало можност на присутните да им постават прашања на излагачите. Според некои од учесниците, настапила бурна и доста остра дискусија и полемика меѓу претставникот на ПОМНИ и присутните. Општиот заклучок бил дека треба да се избегнуваат партии и органи- зации со самоизбрани раководители кои единствено водат сметка за личните и партиските интереси. Се рекло дека таквите партии ја довеле Македонија во пропаст и во иднина не смеат да се повторуваат истите грешки и дека времето минува и не смеат да се повторуваат истите работи кои довеле до крајно лошата ситуација во која се наоѓа Македонија.

Исто така, според пишувањето на „Македонско сонце“ бр. 417 од 28. 6. 2002 година, ма- кедонските иселеници во Америка се состанале во градот Детроит, Мичиген за да се запознаат и да разговараат за најновите политички состој- би во Република Македонија во јуни (жетвар) 2002 година.

1nij33

Оваа средба ја организирала Македонската црковна општина „Света Богородица“, која е една од најорганизираните општини на американскиот континент. Македонските иселеници најмногу се организираат преку Македонската православна црква која помага во формирањето на општините кои ги обединува- ат Македонците во светот. На оваа средба се обиделе  да  се  организираат  и  да  проговорат за нивно учество во претставувањето на македонските национални интереси во Америка.

На средбата на македонските иселеници во Детроит присуствувал заменик-гувернерот на Ми- чиген, Дик Постхумус, кандидатот за сенатор Алберт Росковски, претседателот на Организацијата на Латиноамериканците, Виктор Дијаз, како и тогашниот потпретседател на СДСМ, Владо Бучковски. На македонската средба во „Света Богородица“ во Детроит, претседателот на „Македонска алијанса“ Ѓорѓија-Џорџ Атанасо- ски меѓу другото потенцирал:

Онолку колку што е можно соработувам со американски конгресмени и сенатори. Проблемот не е дали лобираме ние, туку проблемот е што ние не сме единствени. Ние немаме дефинирано една заедничка политика со власта во Македонија и Македонците кои живеат тука. Ние не можеме да работиме на две бранови должини, а сè дури ние не се синхронизираме и не ги издефинираме македонските национални стратешки интереси, не можеме да лобираме во САД. Властите лобираат едно, ние лобираме друго. Без една синхронизирана политика ние нема да имаме успеси. 

А тоа многу лесно може да се направи. Тоа може да нè чини многу малку за да се дојде до една македонска лоби група во САД. Многу луѓе зборуваат дека Албанците потрошиле еден милион долари. Тоа не е голема пара. Во Америка ако сакаш да успееш треба да земеш група луѓе коишто биле и работеле во државата и можеш да ги земеш да работат за Македонија, а тоа чини некаде од 8 до 15 илјади долари месечно. Зборуваме за 150 до 200 илјади долари годишно. Ако ние не можеме да платиме една таква група, тогаш ние Македонците не треба и да бидеме Македонци.

Ние во Македонија и овде не ги искористуваме методите коишто се употребуваат во САД. Никогаш не сме седнале за да дефинираме како ќе настапиме. Сè додека не го направиме тоа единство и не застанеме зад една платформа, нема да имаме никакви успеси. Нам ни се потребни сите Македонци, да се вклопиме во тој систем ако сакаме да успееме за Македонија“, нагласил бизнисменот Џорџ Атанасоски.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со са...

Иселеници

News image

ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Руската сказна за царот Македон

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.