Среда, 28 Јуни 2023   
АКТИВНОСТИТЕ НА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ВО СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО САД (25)

1isel3

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е активен во македонските организации од неговото пристигнување во САД па до денес. Toj особено беше активен во „Светскиот македонски конгрес“ (СМК). А, СМК е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините органи- зации.

Оваа организација е една од највлијателни- те македонски невладини организации во светот. Еден од најактивните членови на Конгресот, секако, бил бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој во 1993 година беше избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка. Неговата работа во СМК особено резултираше со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата на Македонија.

Во исто време кога бизнисменот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски како еден меѓу економски најуспешните Македонци во светот, беше претседател на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка беше и потпретседател на Светскиот македонски конгрес. Во  август  1994  година  -  претседателот  на „Македонскиот  светски  конгрес“  за  Северна Америка, господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кога  Македонија  беше  меѓународно  призната, иако не под нејзиното уставно име, ги изложи своите  погледи  за  можностите  за  македонски економска преродба и за нејзиниот натамошен демократски развој. Тој му порача на македонскиот  народ  дека  заслужува  да  има  повеќе  и, меѓу другото,  рекол:

„Драги браќа и сестри Македонци и Македонки, од мое лично име и од името на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка, сакам да ве поздравам сите коишто сте присутни овде, и другите коишто ја следат програмата на Радиото и на Телевизијата во Македонија. Јас би сакал уште еднаш да ја потенцирам улогата на Светскиот македонски конгрес и работата која минатата година ја оствари овој Конгрес за Северна Америка.

Ние активно се вклучивме со американските колеги и бизнисмени во заедничката соработка во што побрзо воспоставување на дипломатска соработка и дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, а што е многу значајно и да се отвори американска амбасада во Македонија. Но, сè уште тоа не е направено, а не е направено поради тоа што некои состојби во Македонија треба да се расветлат, а американската влада и американските сенатори веќе суштествено ги согледуваат работите во нашата земја.

1isel33

Зградата на ОН во Њујорк

Оние луѓе кои денес се наоѓаат на власт, не ја водат политика- та по демократски пат. Затоа, јас ги поканувам сите Македонци да работиме заедно во името на демократијата во Македонија, а со тоа останатите западни земји, кога ќе видат дека ние работиме на една таква западна демократија, најверојатно ќе се  обидат да ни помогнат во изградбата и иднината на државата Македонија.

Друго што би сакал да го напомнам е дека Македонија треба да се изгради како правна држава во која на секој Македонец ќе му бидат загарантирани исти права, а со тоа, се разбира, и еднаквост пред законот. Исто така, сакам да напомнам дека Светскиот македонски конгрес се заложи преку светските организации за човекови права да испрати комисии во егејскиот дел на Македонија за пребројување на македонското население, кои констатираа дека има повеќе од еден милион Македонци.

Јас конкретно сум разговарал со повеќе сенатори  од  Соединетите  Американски  Држави и веднаш по моето враќање и по завршувањето на Второто генерално собрание, веќе имам закажано состанок со неколку сенатори кои ќе ги запознаам со ситуацијата во Македонија. Уште еднаш сакам да  напомнам дека македонскиот народ заслужува повеќе отколку што има денес.

Тоа ние можеме да го оствариме со една економ- ска програма, а познато е дека Македонците се способни луѓе зашто во коренот и генот тоа им е всадено од памтивек. Некои Македонци, овде во Македонија, велат дека не сме организирани и дека не можеме да работиме, а како може Македонецот патувајќи надвор од Македонија, во Германија, Америка и Австралија да биде меѓу првите.

Со тоа тенденциозно сакам да кажам: како што можеме да ги изградиме западните земји, уште поубаво можеме да ја изградиме нашата земја. Затоа, уште еднаш ги повикувам сите Македонци со заеднички сили и од срце да почнеме да работиме заедно за изградбата на нашата татковина. На крајот - Да живее Македонија!“, рекол Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Во историјата на Светскиот македонски конгрес (СМК) е забележано дека тој е прва и единствена меѓународна невладина, непартиска и непрофитна организација кога и да е формирана во историјата на македонскиот народ која претставува неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет. Мисијата на СМК, пред сè, е благородна и патриотска. Имајќи предвид дека секоја благородна  работа  е  неблагодарна,  не се очекуваат ниту ќе се очекуваат ексклузивни резултати преку ноќ. СМК, всушност, не е манифестација, туку континуиран долгорочен процес на кој влијаат голем број поединци, групи, движења, настани, интереси, држави, разузнавачки служби, меѓународни процеси...

Основна цел во почеток беше да се подигне нивото на свеста кај Македонците во сите делови на   Македонија и во целиот свет. Бидејќи, македонското прашање на Балканот не може да се решава и да се третира парцијално, сепаратно, туку интегрално, СМК има за цел да ја наметне свеста за потребата од помирување и обединување во една единствена меѓународна организација. Преку таквата организација ќе се артикулираат интересите на Ма- кедонците независно од нивната политичка припадност, верско уверување, социјално потекло, општествена положба и државјанство кое го поседуваат.

Исто така, не треба и нема да се прави разлика на национално ниво пред домицилните власти во земјите каде што Македонците живеат, работат, престојуваат, учат, студираат, така и на меѓународно ниво пред меѓународните организации  кои  ги  третираат  човековите  права и слободи. Во овој поглед, СМК ја оправда таа своја мисија. Се разбира, престојат уште многу задачи, затоа што освојувањето на правата е динамичен процес, еднаш стекнатите права треба постојано да се унапредуваат, да се повторуваат, бидејќи права кои не се знаат или забораваат, исто како и да не постојат. Таквите обврски за правата на Македонците во етничка Македонија и насекаде во светот се, токму, на Светскиот ма кедонски конгрес.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.