Среда, 16 Август 2023   
НОВ И ИНТЕРЕСЕН ЖИВОТ СО НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ ВО НЕЈПЛС, ФЛОРИДА (29)

1l2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

После 38 години брак, по смртта на Џен реков дека еден брак ми беше доволен. Не бев свесен што Господ ми има подготвено!

Со текот на годините површно ја познавав Патриша Ен Дикерсон. Ќе се видевме на плажа и околу Пеликан Беј. На 2 септември 1998 година, бев на јужната плажа во Пеликан Беј кога таа пристигна. Ја поздравив со „Се надевав дека ќе дојдеш на оваа плажа вечерва“, и нашата врска започна. Таа денес ми вели: „Тие зборови беа како магија“.

Почнавме да поминуваме многу време заедно, и времето поминато заедно беше одлично. Нашата романса стана хит во Пеликан Беј. Библијата и специјалната картичка што ми ја подари Пети за денот на вљубените, го зацрстија моето мислење. На 2 април 1999 година се веривме.

Тоа беше кратка свршувачка. „Ние не сме деца, па зошто да чекаме да се венчаме? Реков, и на 2 мај го направивме токму тоа.

 Како што беше соодветно, се венчавме на јужната плажа на зајдисонце со целосна церемонија. Пети имаше направено олтар на патеката до плажата и свод од бисерно бели балони. И верувале или не, ни се појави зелен блесок, легендарниот миг во кој сонцето потонува во Мексиканскиот залив.

Потоа, имавме прием во ресторанот на јужната плажа.

Пети ја избра својата многу добра пријателка, Арлин Николс, како старосватица, а пријателите Гери Шекелфорд, Џоан Ли и Сју Остеринк како деверици. Еден од моите синови, Винс, ми беше кум, а пријателите од секое место што ми значеше нешто во животот имаа задача да се грижат за гостите – Пит Нимс од Трој, Рич Ратчесон од Грин Беј и Ристо Гуштеров од Македонија. Моите внуки Меган и Лекси Влашо беа нашите девојчиња со цвеќиња.

Имавме повеќе од 100 пријатели присутни, а моите пријатели од Трој ме изненадија со тоа што ни се придружија со многу куса претходна најава.

Продолживме да живееме во Пеликан Беј, селејќи се во четири различни делови, до 2020 година, кога ги намаливме барањата и се преселивме во градот Нејплс.

Патриша – Пети – беше и се уште е голем поборник на сите мои активности и во многу од нив имаше значајна улога. Сè што имав постигнато откако стапивме во брак немаше да биде возможно без неа и нејзината поддршка.

Пети е вистински претприемач. Како долгогодишен жител на Нејплс, таа отвори своја продавница за модни додатоци на Петтата авенија кон крајот на 1970-тите, доста успешен бизнис. Во 1980-тите, таа започна бизнис со големопродажба на свилени цвеќиња, кој го изгради во најголем таков бизнис во Југозападна Флорида.

 Покрај тоа, таа организираше сопствени проекти во заедницата. Пети отсекогаш финансиски поддржувала многу заедници и религиозни организации, дури и кога не и било лесно да го стори тоа, и продолжува до ден-денес. Таа беше основачки член на Грејс Плејс за деца и фамилии, (Grace Place for Children and Families), што го организирала Стефани Кембел, министерка која работеше со црковната младинска мисија во Македонија и која ме придружуваше на осветувањето на тамошната црква Света Троица.

Пети, исто така, го поддржува Хабитат фор Хјуманити на округот Колиер и на Република Македонија; Клуб за момчиња и девојки од округот Колиер; Хари Чапин Фуд Бенк (Harry Chapin Food Bank); и многу, многу други добри проекти.

Таа ми донесе и нови пријатели, луѓе како Сју Ердел Аткинс и нејзиниот сопруг Алан. Сју и Пети беа пријателки уште од нивните средношколски денови во Мисури, а јас и Алан брзо се спријателивме. Дури понекогаш се собираме за возење до црквата на заедницата за прослави во паркот Камбиер во неделите кога тие беа во Нејплс.

Што е најважно, Пети и јас едноставно уживаме да бидеме заедно. Со текот на годините патувавме многу, откако ги посетивме сите држави во САД и повеќе од 100 земји во светот.

1l22

Патувавме од Северниот Пол до Јужниот Пол, Африка, поголемиот дел од Европа, Јужна Америка, Централна Америка, Австралија и многу места помеѓу нив. Два пати ја посетивме земјата каде што одеше Исус. Одевме на тури по копното, крстарења по океанот, крстарења со речни чамци и многу патувања со возење, со Пети како наш способен „директор на турнеја“.

  Таа ме придружуваше на две патувања во Македонија и двапати беше во селото. Патриша Ен Влашо е совршена личност со која ги поминав последните 25 години.

Реков во тоа време и продолжувам да го кажувам тоа и денес: „Господ ми испрати ангел кога најмногу ми требаше“. Благословен сум што бев и сум женет со две прекрасни жени.

Почетоци со појадок

Токму Пети, всушност, индиректно ми донесе можност да и помогнам на Македонија во Вашингтон. Се започна во есента 2002 година, кога појадувавме со една од најдобрите пријателки на Пети, Сју Остеринк, и нејзиниот сопруг, Брус. Брус беше вклучен во Националниот молитвен појадок. Ме праша: „Дали би сакал да одиш?“ Се разбира, реков да.

   Националниот молитвен појадок започнал да се оддржува во 1953 година благодарение на Абрахам Вереиде, методистички свештеник кој сакаше да организира појадоци со локалните бизнисмени и граѓански лидери каде и да бил на служба. Кога се преселил во Вашингтон за да стане извршен директор на организацијата Меѓународно христијанско лидерство, тој својата пракса ја донесе со себе. Неговото свештенство организираше појадок кој го вклучи целиот Конгрес и претседателот на САД.

Почнувајќи од претседателот Двајт Д. Ајзенхауер, кој присуствуваше на првиот појадок, американскиот претседател присуствуваше на Националниот молитвен појадок секоја година. Настанот е толку популарен што присуството е само со покана, и таму има луѓе од повеќето земји во светот. Главната трпезарија, во Вашингтон Хилтон, собира 2.000 луѓе и во последниве години ѝ требаше дополнителна просторија каде се сместуваа уште 1.000.

Таа прва година беше возбудлива. Пети и јас бевме воодушевени што појадувавме со претседателот на САД и што бевме во присуство на повеќе од 2.000 луѓе во главната сала. Ова е дводневен настан, а сите состаноци на кои присуствувавме се фокусираа на Исус и молитвата.

Се разбира, меѓу причините поради кои овие луѓе се во Вашингтон за појадокот е можноста да поминат време со претседателот, неговите блиски доверливи луѓе и Конгресот без да поминат низ вообичаениот синџир на команда.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.