Среда, 23 Август 2023   
ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ЛУ ВЛАШО ВО САД (30)

1feli2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“ 

Едно попладне кое беше отворено за посети со членовите на Домот и Сенатот, присутните Македонци беа поканети да го посетат мојот добар пријател уште од заедничките денови на Универзитетот во Охајо, Џорџ Воинович. Џорџ сега беше еден од сенаторите на Охајо. Група од околу 12 луѓе отидоа во неговата канцеларија и оддржаа средба во неговата конференциска сала. Таа беше премногу мала за да не собере сите, но сепак имавме продуктивен состанок на кој разговаравме за проблемите на Македонците и на балканските нации.

 Додека се подготвувавме за следниот молитвен појадок, му дадов предлог на Џорџ: Да ја поканиме македонската делегација во трпезаријата на Сенатот на ручек. Тоа ќе им остави огромен впечаток. Џорџ беше стиснат за пари - без разлика дали тоа беа негови пари или на некој друг - па беше потребно малку убедување, иако тој на крај секако се согласи.

Но, кога дојде датумот за појадок во 2004 година, канцелариите на Сенатот беа затворени. Смртоносен отров, рицин, беше откриен во пликовите што ги добија неколку членови на Конгресот во вторникот, и Капитол беше веднаш затворен.

Си помислив: Сега што да правиме? Најлесно беше да се откаже состанокот. Но, јас сакав да ја искористам оваа можност Џорџ лично да се сретне со Македонците а, во тој момент, и со луѓе од другите балкански земји, исто така -- се пријавија стотина луѓе! Организаторите на Националниот молитвен појадок не спасија, ми помогнаа да најдам соба во Вашингтон Хилтон што може да се постави за ручек.

Џорџ и неговата сопруга Џенет дојдоа на ручекот. Ни се придружија христијани, муслимани, Евреи и други. Тоа беше одлична средба. Мојот дел беше лесен: јас бев домаќин. Џорџ беше главниот говорник.

Така се роди Балканскиот ручек на националниот молитвен појадок. Ручекот продолжува и денеска под името југоисточно-европски ручек на националниот молитвен појадок. Присуствував и на Националниот молитвен појадок и на балканскиот ручек и имав улога на домаќин до 2010 година. Тој период Воинович си заминуваше од функцијата. Чувствував дека е време и јас да продолжам понатаму, и тоа го направив.

Претседател за цела Македонија

Меѓу луѓето со кои работев за да ги претставам македонските прашања во САД беше Борис Трајковски, претседател на Републиката од 1999 до 2004 година. Сите му беа пријатели на Борис, и јас ја имав таа привилегија да бидам еден од нив.

Тој даде своја лична поддршка за македонските прашања на кои работев, вклучувајќи ја и проект програмата за економски студентски која се одвиваше помеѓу Универзитетот во Охајо и Универзитетот Свети Кирил и Методиј и новата црква што ја гради мојот пријател Ристо Гуштеров.

Од моја гледна точка, јас ги пренесов неговите барања до сенаторите и конгресмените кои знаев дека ќе и помогнат на Македонија во нејзиниот развој.

Борис првпат го запознав на коктел забава на која присуствував при едно од моите патувања во Македонија. Тоа се случи ноќта по претседателските избори, и се сметаше дека Борис победи, но тоа не беше официјално во тој момент.

Кратко поразговаравме за тоа колку беше блиску. Се шегувавме, велејќи дека Македонија учи од САД за блиски избори, бидејќи тоа се случуваше околу времето на спорните избори на Џорџ Буш пред Ал Гор во 2000 година.

Официјалните резултати беа објавени следниот ден, потврдувајќи го неговиот избор. Борис беше прогласен за умерен реформист. Имаше принципи и планови. Тој изненади многумина, а особено премиерот Љубчо Георгивеки, кој очигледно мислеше дека Борис лесно ќе се контролира, бидејќи неговата позиција има ограничени овластувања и е повеќе церемонијална.

Новиот претседател си постави за цел да организира мировни преговори со посредство на НАТО во 2001 година, кои ставија крај на насилството од албанските бунтовници кои бараа автономија од Македонија. Правејќи го тоа, тој спречи целосна граѓанска војна.

Потпирајќи се на својата вера во Бога, Борис им покажа на луѓето дека е силен водач во тешки околности.

  Секогаш кога ќе дојдев во Македонија, му се јавував да му кажам дека сум во земјава. Тој ќе речеше: „Дојди кај мене околу пет или шест часот кога ќе завршам со работа и ќе можам да го расчистам бирото“.

1feli22

Срџан Керим Патришија и Лу Власхо на прием 

Ретко зборувавме за политика. Ќе свиреше македонска или христијанска музика. Дури и му носев ЦД-а од популарни американски христијански пејачи како Санди Пети и Вилијам Смит. Најмногу зборувавме за нашата вера и други неполитички работи. Тој отворено зборуваше за тоа како често го карале затоа што не е православен христијанин во земја во која ги има толку многу.

Знаете, една од работите што нè поврзуваше беше тоа што и двајцата бевме методисти. Го прашав како стана методист, претпоставувајќи дека се преобратил во верата како и јас. На мое изненадување, тој рече дека со таа вера бил роден. Методистите се долги години присутни во Македонија на просторот каде што тој е роден и неговото семејство со генерации биле методисти.

Кога дојдов да го посетам во 2002 година, тој беше особено возбуден.

„Имам нешто да ви покажам“, рече тој и постави видео од церемонијата во 2002 година на која му беше врачена Светската методистичка награда за мир за неговата работа во спречувањето на граѓанската војна. Ова беше огромна чест: меѓу оние кои претходно ја добиле наградата биле Нелсон Мандела, Кофи Анан, Михаил Горбачов, Џими Картер и Анвар Садат.

За жал, тоа не беше почитувано, па дури не беше ни објавено во неговата земја бидејќи не беше православен христијански медал. Каква штета. Сите ние сме верници во еден Бог без разлика на нашата религија, и признавањето на една извонредна работа секогаш треба да биде важно.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.