Среда, 06 Септември 2023   
ВО ДЕТРОИТ СЕ ОДРЖА 49-ОТ ЦРКОВНО-НАРОДНИОТ СОБОР НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНАТА ЕПАРХИЈА

1crka12

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И КАНАДА 

Од 1- 3 септември 2023 година во Македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица “ во Детрои, Мичиген, се одржа  49-от  Црковно народниот собор на Американско-канадско македонската православна епархија. 

Собирот се одржа во Детроит, кој е распространет на  езерото Ири. Тој е една од петте метрополии во Соединетите Американски Држави и седиште на автомобилските компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие американски простори, затоа и станал „мека“ за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капацитети, во кои работат голем број доселеници од Македонија и пошироко од Балканот

За нас Македонците најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него и околните места живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од Тетовско, Преспанско, Битолско и други места. Затоа, со право се вели дека Вратница - Тетовско и Љубојно - Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија и тоа: околу 300 семејства од Вратница, а околу 150 семејства од Љубојно. 

Овогодишните собирски манифестации во Детроит се одржуваат секоја година во различни градови и тоа  во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. Првиот собир на Американско-канадско македонската православна  епархија се одржа во 1975 година во Торонто, Канада

Инаку, овогодишната соборска манивестација на Американско-канадско македонската православна епархија во Детроит започна во петокот на 1- септеври кога гостите од Соединетите Американски Држави (САД) и од Канада пристигнаа во метрополата Детроит и кога во вечерните часови се одржа Младинска игранка во Центарот на Македонската православна црква „Рождество на Пресвети Богородица“ во Детроит.

Вториот ден, на 2-ти септември, во просториите на црквата „Рождество на Пресвети Богородица“ во предпладневните часови се одржа седница на Епархиското собрание, потоа на фудбалското игралиште на црквата се одржа турнир во фудбал, а во попладневните  часови се одржа вечерна  богослужба. Потоа следеше смотра на девет играорните групи од пове градови, кои настапија во црковниот Центар каде во вечерните часови се одржа Младинската игранка со концерт.

Третиот - последниот ден, 3-ти септември  започна со света архиерејска литургија во црквата „Света Богородица“, на која чиноначалствуваше надлежниот архиереј на Американско-канадско македонската православна епархија, митрополитот г. Методиј, во сослужение на голем број свештенослужители од Епархијата.

Во попладневните часови се одржа финалниот фудбалски турнир, а вечерта во Центарот на црковат се одржа Гала банкет  со церемонија на доделување награди и признанија, за на крај до доцна во ноќта, вечерниот собир да заврши со младинска игранка.

Инаку  историскиот развој на оваа Епархија, датира уште од времето  кога со одредба на Црковно-народниот собор што се одржа во Охрид од 17 до 19 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија, беше донесена и одлуката на Светиот архиерејски синод да се формира Американско-канадско-австралиско-македонска епархија. 

1crka12345

На 49-от Црковно – народен собор во Детроит  се собраа неколку лјади Македонци, од сите делови на Македонија кои живеат во САД и Канада. Тоа беше Собор за дружење, разговори за црковното живеење, како и за претставување на голем број македонски фолклорни групи и фудбалско екипи.

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на целата Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија - Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј. Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, имаше бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.  

Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

По одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија. 

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, американските и во канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собор, кој се одржува секоја година од 1975. Првиот собор се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители и еден надлежен архиереј. 

 1crka123

Митрополитот Методиј со свештениците од САД и Канада

Содржински, собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културно-просветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите Македонци.

1crka1234

Традиционално, собирските манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември. Траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат ги помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, играорните групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата.

Притоа може да се рече дека и МПЦ-ОА, преку севкупните исклучително позитивни активности на, од Бога благословената почва од САД, придонесе денес нашата суверена Македонија, од оваа најмоќна демократска велесила на планетата Земја, да биде признаена под нејзиното уставно име.

Мисијата на денешниот  митрополит г.Методиј како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА е драгоцена. Тој, заедно со голем број свештеници и со активистите од македонските асоцијации се целосно посветени на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македонија.

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.