Среда, 20 Септември 2023   
ПРОСЛАВА ВО МПЦ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ДЕТРОИТ

1org44Македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтц, во Детроит е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци од сите делови на Македонија, особено од тетовскиот крај, кои живеат во метрополата Детроит и пошироко. Овој македонски центар е организатор на бројни активности од духовниот живот, културата, спортот, фолклорот и образованието

Детроит е велеград на езерото Ири - една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави  и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население и дојденци од целиот свет,а со тоа станал значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Меѓутоа, за нас Македонците најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од, Тетовско, Преспанско, Битолско и други делови од етничка Македонија.

Исто така, треба да се нагласи дела од 1- 3 септември 2023 година во Македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица “ во Стерлинг Хајтц, во Детрои, Мичиген, се одржа  49-от  Црковно народниот собор на Американско-канадско македонската православна епархија.

Инаку, собирските манифестации се одржуваат секоја година во различни градови и тоа  во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и различни активности. Првиот собир на Американско-канадско македонската православна  епархија се одржа во 1975 година во Торонто, Канада.

Според историските факти запишани во делата: „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, Славе Катин, иницијативата за изградба на Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит, Мичиген е покрената во декември 1973 година. По една година, во 1974 година е решено да се организира македонска православна црковна општина. Потоа на 14 јануари 1975 година е формирана црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ворен, дел од  метрополата Детроид.

1org444

Свештениците Синиша Ристовски и Драган Јорданов  со младите генерации

Првата архиерејска служба е отслужена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил во една Римокатоличка црква во 1975 година, а потоа е организиран пикник на кој  е собрана поголема сума на средства. Во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година, епархијскиот архиереј  г.Кирил изврши осветување на купеното место и положи камен-темелник за градба на црква. Потоа на 24 декември 1978 година е купена црковната зграда, а е осветена на 20 јули 1980 година.

За купувањето и за првите активности на црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Детроит се заслужни голем број иселеници, меѓу кои посебно место им припаѓа на почесниот претседател, големиот донатор и фабрикант Крис Ник од селото Болно, Ресенско, на првиот претседател Владо Пашариковски од Љубојно, потоа на Миле Топаловски, Сане Тодоровски, Мишко Васовски, Стив Стамевски,  Бошко Рајчовски - Пелистерски и многу други од помладите генерации доселени во Детроит..

Денес стариот објект на црквата е продаден, а е изградена нова црква во Стерлинг  Хајтц, која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ во САД.  До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс.  Местото е осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на црквата „Раѓање на Света Богородица“, поточно салата е осветена од архиепископот на МПЦ г.г. Стефан и митрополитот г. Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата е осветена на 21 септември 2002 година

Во состав на црквата „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит работат: Женската секција, која организира разни манифестации, Фолклорната група “Танец”, која е една од најактивните на северно-американскиот континет, Македонскиот радио час на црквата, едно од најслушаните,  Црковниот хор, кој настапува во Црквата и на други манифестации, неделното македонско училиште, кое едно од најпосетените од младите македонски генерации кои го чуваат македонскиот јазик и македонската вистина и пензионерското друштво – место за постарите генерации.  

Македонската православна црква во Стерлинг Хајтц го носи името Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица. Тоа е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица.  А, Богородица е родена во Назарет.  Се слави на 8 септември според Јулијанскиот календар или на 21 септември според Грегоријанскиот календар. Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај Македонците во Македонија  и во иселеништвото. 

Македонската православна црква и верниците на 21 септември го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.

Овој значаен  празник се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.

Празникот на раѓањето на Марија е 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

И оваа година, како во минатото, овој пат 49-от патронен празник  на Македонската православна црква Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица, овој пат  се одржа на 17 септември (недела) 2023 година со  храмот „Св. Богородица “ во Стерлинг Хајтс, во Детроит. На овој голем празник за Македонците од Детроит и околните места свештениците Синиша Ристовски и Драган Јорданов ја служеја празничната служба во преполнетата црковна сала, со што ја збогатија прославата и духовното верување кај македонските иселеници од сите делови на Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.