Среда, 01 Ноември 2023   
19 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА“ ОД ВАШИНГТОН КОЈА Е ЧУВАР НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

1omd1Организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД)  е основана на 28 октомври 2004 година и е со седиште во Вашингтон во САД. ОМД има мноштво претставници во: Австралија, Австрија, Канада, Франција, Германија, Грција, Русија, Обединетото Кралство и во САД. Таа е формирана со цел да служи како професионален, упорен и непоколеблив глас за Македонците во дијаспората. 

Таа е врвна меѓународна, невладина асоцијација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. Примарната цел на ОМД е да го обедини македонскиот народ и нивните интереси. Активностите на ОМД се фокусирани кон промоција на нашето македонско историско, духовно и културно наследство. 

За овие 19 години организацијата „Обединета македонска дијаспора“ стана водечки промотер, лидер и заштитник на македонските интереси ширум светот. Од идеа, ОМД се претвори во македонска гордост и глобален стожер на македонизмот

Благодарение на поддршката од страна на членовите и донаторите ширум светот, ОМД има постигнато значителен напредок во однос на застапувањето на Македонците и нивните права, како резултат на што, македонскиот глас во светот е погласен и повлијателен.

Организацијата „Обединета македонска дијаспора“ е првата и моментално единствената македонска организација во центарот на светската политика – Вашингтон. Таа ја отвори својата  прва канцеларија во 2008 година, во срцето на Вашингтон на само неколку чекори од Белата куќа и Конгресот. Притоа, основаше програма преку која нуди стипендии за студенти и дипломци да дојдат таму и да се здобијат со искуство во меѓунаро-дните односи. 

Присуството на ОМД во Вашингтон е од исклучително значење што може да се види по политиката на Америка спрема Македонија. Пред основањето на ОМД интересите на различни групи во Америка имаа значително влијание врз креирањето на американската политика спрема Македонија.

Од своето основање, организацијата работи на воспоставување односи со членовите на Конгресот на кои би им ја акцентирале важноста на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Пред 2004 година Македонија и Американците со македонско потекло немаа голема поддршка во Конгресот. Тоа се промени во 2011 година кога за првпат во историјата на односите помеѓу Македонија и Америка беше создадена групата на пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло во Конгресот којашто од неодамна брои 15 членови. За првпат една организација на членови во Конгрес во своето име го содржи името „Македонија“ и „македонски“, реафирмирајќи го активно учество на дијаспората во креирањето на иднината на Република Македонија.

Од досегашните активности на ОМД треба да се споменат оние во САД, каде се реализирани повеќекратни средби со амбасадорот на ОН Метју Нимиц на кои се акцентираше ставот на македонската дијаспора во врска со името.  Меѓу другото, ОМД ја предводеше проектната коалиција на Американците со македонско потекло за пописот во САД во 2010 година; организираше состаноци помеѓу македонската дијаспора и челното раководство на Република Македонија.

Досегашните активности на ОМД во Австралија се, исто така, од големо значење. Притоа, треба да се нагласи дека на петтиот континент се поддржани и промовирани македонските протести во Мелбурн од 2008 година за името на кои присуствуваа повеќе од 20.000 учесници; коорганизира три форуми во периодот од 2009 до 2011 година за унапредување на односите меѓу Македонија и Австралија во австралискиот Парламент и по повод 20-годишнината од македонската независност. 

Од значителна помош за проектот на австралискиот истражувачки совет наречен „Истражување за македонската заедница во Аврсталија и односите со Македонија“, поддржан од македонското Министерство за надворешни работи и Универзитетот Викторија; извештајот во којшто директорот на ОМД Австралија, Ордан Андреевски, има свој придонес, беше лансиран во 2012 година; се објавија девет колумни со поддршка за Македонија во медиумот „Австралиска надворешна политика“.

Досегашни активности на ОМД во Канада, се карактеризираат со тоа што е  доделена наградата „Гоце Делчев“ на канадскиот претседател на Владата, Стивен Харпер а се предводени четири делегации во канадскиот Парламентот во Отава; објавени се колумни во медиумот – „Национален пост“.  Се организирани средби помеѓу македонски активисти од Балканот и политичари во Отава, Торонто и Вашингтон; а се спонзорирани две патувања за Македонија во периодот од 2009 до 2010 година за студенти од Универзитетот во Торонто.

Исто така, и досегашните активности на ОМД во Европа се од големо значење. Меѓу другото, предводена е делегација во Европскиот парламент во Брисел во 2009 година; координирани и испратени се повеќе од 3 милиони електронски писма во 2006 година до пратениците во Европскиот парламент протестирајќи за дискриминацијата на македонското малцинство во Буга-рија; достигната е застапеност во пет европски  земји и друго.

Затоа може да се рече дека организацијата „Обединета македонска дијаспора“  е формирана  бидејќи имаше недостаток од професионална организација во светот, која активно на дипломатско ниво и во важни политички кругови, ќе ги претставува интересите и потребите на македонскиот народ надвор од Македонија. 

ОМД не е паралелна организација на никоја друга организација и не сака да биде видена како паралелна. Секоја македонска организација во светот придонесува кон доброто на Македонија и македонскиот народ.  Членовите на оваа организација се среќни и задоволни што вратите во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Европа и се отворени за комуникација и дијалог. ОМД, чиј член е и авторот на овие редови, Славе Катин,активно работи на тоа да се едуцираат повеќе аналитичари и политичари за состојбите и предизвиците на Македонија и македонскиот народ, особено во соседните земји.

„Обединетата македонска дијаспора“ организира различни конференци, собири и други активности, кои на академска основа се занимаваат со прашања поврзани околу Букурешкиот договор од 1913 година, како и што се случило со Македонија и македонскиот народ од тогаш до денес, со цел да се потсетиме сите ние во државата и во дијаспората каде водат недоразбирањата, со цел да извлечеме  поука како да продолжиме понатаму и кои се можностите за развој на Македонија.

Името и делото на познатиот Македонец Мето Колоски е тесно поврзано со организа-цијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД)  на која е соосвовач и претседател. Главна преокупација на Колоски се корпусот прашања и воопшто темите поврзани со Македонија и со дијаспората, со правата на Македонија за сопственото име, малцинските права во Југоисточна Европа, како и прашањата поврзани со Македонија за проширувањето на НАТО и на Европската Унија.

Македонците сега имаат место на маса во места на моќ како Вашингтон, Канбера, Отава и Брисел, во значителна мерка, поради напорната работа на ОМД. Македонците помогнаа да се изградат нациите што сега ги нарекуваме дом, а ОМД ќе продолжи да ја нагласува улогата што ја играат Македонците во општеството. Промоцијата на нашето богато македонско културно наследство е камен-темелник на мисијата на ОМД.

Организацијата „Обединета македонска дијаспора“ се гордее што е посветена на родовата еднаквост во македонската заедница и води со пример со тоа што има еднаков број жени и мажи во Одборот на директори на ОМД. Дополнително, ОМД е цврст поборник за професионален развој на македонските млади преку програми како што се стипендијата во Битов, Рајтрајт Македонија, програмата за практикантска работа во ДК, Генерација М, лидерски конференции и 40 до 40 години.

Организацијата „Обединета македонска дијаспора“ е долгогодишен поборник за човекови права и верски слободи за Македонците и другите маргинализирани групи. Остварувањето и заштитата на овие права во Албанија, Бугарија и Грција е најважно за унапредување на македонскиот идентитет на градење и одржување на глобалната македонска заедница, за што Македонците се одговорни еден за друг.

Организацијата „Обединета македонска дијаспора“ досега доделила бројни награди и признанија на голем број познати и признати личности во светот, и тоа наградите: „Гоце Делчев“, „Награда за животно остварување“, „Награда за меѓународен мир“, „Награда за јавни службеници од македонско потекло“, „Награда за пријателство со Македонија“, „Плакати за признание“, „Награда за човекови права“ и „Награда за достигнување во областа на уметноста“.

Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.