Среда, 29 Ноември 2023   
Георги (ЏОРЏ) Томов - МАКЕДОНЕЦ ВО сад и неговата животНА СТОРИЈА (2)

                                1kov3

                            Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Според моногравското дело „Томов“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје 1-320, од авторот на овие редови Славе Катин, Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден од главните македонски и балкански движечки сили во Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за развојот на непрекинатата страст за народни игри и ора која прогресивно цветаше од едниот до другиот брег на Америка

Георги (Џорџ)Томов  беше човекот кој целиот свој живот го мина во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живееше својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Тој беше неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, вајар, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации.

Со еден збор - успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на Соединетите Американски Држави. Георги (Џорџ)Томов беше едноставен, скромен, човек од народот, достоинствен и горд на древните македонски традиции.

Тој го создаде познатиот ансамбл на народни игри и ора “ТОМОВ” кој настапувал и одржувал турнеи во целиот свет. Тој, исто така, раководел со Фолклорниот ансамбл “Гоце Делчев” при Македонската православна црква Свети Кирил и Методиј. Формирал и голем центар за народни игри и песни во Њујорк. Томов, без ничија помош, на меѓународно поле промовирал добра волја и разбирање низ поврзувањето на културите на Америка и Македонија, како и на државите од поранешна Југославија и на Балканот.

Македонецот Томов организирал и држел часови за балкански игри и песни во целиот свет.  Овој динамичен уметник е еден од неколкуте изведувачи кој беше брилијантен не само во својот занает, туку и во уметноста на подучување, така што на учениците им ја пренесуваше и радоста која се изразува при играњето.

Без разлика дали подучуваше групи или поединци, Георги (Џорџ) Томов беше прекрасен и надарен инструктор во сите фази на кореографијата, играњето во заедништво и во костимографијата.

Томов беше еден од првите Македонци кои ги запознаваше американските личности со нашата македонска култура, особено со фолклорот. Всушност, немаше доволно Македонци да ги учи, затоа тој примаше ученици од универзитетати во Њујорк, Колумбија, Њу Џерси Университетите.

Земаше родени Американци и ги учеше оро да играат македонско и песни да пеат македонски. Исто така, во 1980, под негово влијание, македонскиот јазик почна да се изучува во Университетот Њу Џерси како предмет.

Работилниците и стручните часови по музика што Георги (Џорџ) Томов ги одржуваше на универзитетите, во клубовите, училиштата, организациите и играорните групи, му донесоа меѓународни признанија, како и радост на илјадници играорци низ целиот свет.

Бидејќи бешее брилијантен играорец, Георги (Џорџ)Томов, чиј дом беше во Њујорк, беше добредојден во големите главни градови од целиот свет како истакнат ороводач во познатото национално Културно-уметничко друштво “Танец” од Македонија и со “Ладо” од Хрватска.

Образован не само за уметничка изведба, туку и за тоа како да го пренесе знаењето, Томов ги воодушевувал учениците кои сакале да го научат задоволството што го носат народните игри и песни, со неговиот хумор, трпеливост со неговата прекрасна природа и начинот на однесување со луѓето од сите старосни групи.

Народните ора, според својата дефиниција, се традиционален начин на општествено самоизразување кои будат емоции кај луѓето - манифестирање на љубов, додворување, општествени обичаи, дружељубивост, среќа и радост на животот. Според тоа, танцувањето обезбедува колористична и графичка алка во која се спојува потребата преку движења да се изразат чувствата практично со среќата која произлегува од дружењето.

Кога човекот, кој поседува цела лепеза чувства, е погоден од стресот и притисокот  карактеристични за денешниот начин на живеење, постои потреба за размислување и изразување која среќно се манифестира со убави движења на телото во форма на народни ора.

1kov33

Женската група на ансамблот „Томов“

Георги (Џорџ)Томов, родум од Македонија, во своето танцување и на своите часови, го пренесувал наследството на енергичните, а така елегантни чекори на Македонија, гордата и славна мажественост на Србија и на Босна и Херцеговина, марливоста на Хрватска и Словенија и издржливоста на Црна Гора.  Овие квалитети водат кон широка лепеза чекори и игри, а сите тие беа инкорпорирани во часовите на Томов.

Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” брзо се издигна до рангот на водечки друштво на етнички игри во САД. Прифатен со акламација од критичарите и примен со воодушевување од страна на публиката низ целата земја и во целиот свет, Фолклорниот ансамбл се стекна со голем број танчери, пејачи и музичари.

Одржувајќи околу 300 концерти во заслепувачка лепеза од преку 300 автентични, рачно изработени народни носии, ансамблот на сцената донесол безвремена традиција, а публиката ја пренесувал во еден свет на блескави бои, зашеметувачка спретност на нозете и прекрасни мелодии кои не излегуваат од мислите.

Душата на Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” беше Георги (Џорџ)Томов. Тој беше основач, уметнички директор, играорец, организатор и кореограф на ансамблот, но и претседател на Фондацијата за народни игри. Како стручњак за балкански, особено за македонски народни игри, музика и фолклорна култура, тој патувал многу за да држи предавања, да дава стручни часови и да одржува работилници низ целиот свет.

Затоа, Томов се прослави во САД и во странство не само како кореограф на народни игри и како играорец-учител, туку и како вајар чии уметнички дела имаат добиено големо признание од стручњаци и колекционери од САД и од други земји.

Особено, Ѓеорѓи (Џорџ)Томов беше активен член во македонска православна црква „Св. Кирил и Методи“ и, меѓу другото, беше  кореограф на играорна група “Гоце Делчев” која што работи при црква. Долги години ги подготвуваше македонските млади поколенија што се раѓаат во САД.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.