Среда, 27 Март 2024   
НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

1brk2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Според моногравското дело „Томов“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје 1-320, од авторот на овие редови Славе Катин, Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден од главните македонски и балкански движечки сили во Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за развојот на непрекинатата страст за народни игри и ора која прогресивно цветаше од едниот до другиот брег на Америка

Џорџ Томов го живееше својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Тој беше неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, вајар, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации. Затоа, ансамблот „Томов“ и тој беше и добитник на највисоки признанија.

Медалот на честа „Елис Ајланд" (Ellis Island) им се дава во спомен и им оддава признание на Американците од какво било етничко потекло кои дале значителен придонес кон американското општество. Тој се доделува еднаш годишно од страна на Националната етничка коалиција на организации (NECO) - покровителна група од повеќе 250 организации која го опфаќа спектарот на етничките наследства, култури и религии.

Овој медал е прикладно именуван „Елис Ајланд" бидејќи по многу нешта медалот Елис Ајланд е траен симбол на емигрантските корени и различноста кои ја карактеризираат американската голема нација.                                    

Георги Томов е еден од оние кои го примиле овој медал. Америка отсекогаш била засол-ниште/прибежиште за легалните имигранти од целиот свет кои доаѓаат до американските брегови со еден едноставен сон; ковајќи нов живот во земјата на можностите, слободата и слободата - слобода од религиозно, економско, политичко или етничко прогонување.

Кога имигрантската станица на Елис Ајланд, Њујорк, беше отворена на 1 јануари 1892 година, на 700 имигранти им беше дозволено да поминат низ неа само во текот на тој прв ден. До времето кога овој центар беше затворен во 1954, 17 милиони имигранти поминале низ неговите врати. Администрацијата и персоналот на Елис Ајланд просечно процесуираа до 5 009 луѓе дневно.

Многу од овие новодојденци слабо зборувале англиски, речиси немале пари и пристигнувале само со она во што биле облечени. Наспроти таквите предизвици, сите тие биле спремни да ги ризикуваат своите животи за можноста да изградат еден подобар живот за нив самите и за нивните семејства.

Медалот „Елис Ајланд" е воведен во 1986 за да им се оддаде чест на оние поединци кои - преку својата лична истрајност, жртвување и успех - помагаат Америка да остане на чело на науката, бизнисот, спортот, забавата, истражувањата во здравството и на безброј други важни прашања.

Претставувајќи виножито на етничко потекло, наградените од 2005 година ја примија својата награда на 14 мај 2005, во сенката на историскиот Голем Ѕид каде милиони имигранти, кои дошле во САД во втората половина на деветнаесеттиот век, ги направиле првите чекори кон еден нов живот.

Георги (Џорџ) Томов со својот ансамбл “Томов” учествувал на бројни културни манифестации во САД и Канада. Меѓутоа, посебно треба да се истакне учеството пред Обединетите нации во Њујорк во организација на “Интернационалната културна мисија” и “Меѓународната имигрантска фондација”. Така, забележителен беше настапот на ансамблот “Томов” на 12-ата Меѓународна културна прослава “Ѕвезда на хармонијата” што се одржа на 12 ноември 1997 година.

Како резултат на значајните постигнувања на полето на заедничките односи  и придонесот на единството и хармонијата, Георги Томов ја доби високата и престижна награда “Ѕвезда на хармонијата” што ја доделува “Меѓународната имигрантска фондација”. Со тоа Георги (Џорџ) Томов стана првиот добитник на ваква награда на Обединетите нации во Њујорк.

Исто така, Георги Томов имал и други настапи пред зградата на ОН. Меѓутоа, неговиот удел како уметнички директор и кореограф на Македонското фолклорно друштво “Гоце Делчев” од МПЦ “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, Њу Џерси, зеде активно учество на “Милениумскиот форум”. Овој културен настан се одржа пред зградата на Организацијата Обединети нации во Њујорк од 22-26 мај 2000 година.

1brk22

На Форумот учествуваа голем број познати и признати уметници и ансамбли од бројни нации, а во присуство на амбасадори и официјални претставници од целиот свет кои се во ООН.

Преку орото и песната на младите играорци на “Гоце Делчев”, присутните се запознаа со македонското културно наследство. Тоа придонесе да се збогатат содржините на тој историски “Милеумски форум” и да се даде значаен прилог на мултикултурната вечер.

Исто така, Георги Томов има добиено пофалница од Делегацијата на женскиот клуб на Обединетите нации во Њујорк. Признанието му е дадено за претставувањето на културата од Македонија.

Г-динот Георги (Џорџ) Томов е добитник на конгресионалното признание на државата Њу Џерси за 2001 година. Оваа специјална награда му е доделена за успешното учество на 26-от Херитаге Фестивал Балл. Инц (Бал за етничкото наследство) што се одржа во Вест Орани, Њу Џерси, на 29 април 2001 година. Тој се одржа под покровителство на претседателот на Сенатот и извршен гувернер на државата Њу Џерси.

Георги (Џорџ) Томов е исто така добитник на ова признание за 2005 година. Двете признанија се израз и одраз на неговите постигнувања во општественото живеење во државата Њу Џерси.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.