Среда, 24 Април 2024   
СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

1ilvl1 1

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

На 5.4.2024 година во Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, членовите на истоименото друштво имаа можност да се сретнат со познатиот американскиот бизнисмен, хуманист и почесен конзул на Р. Македонија г-динот Лоу (Илија) Влашо.

Лоу Влашо е роден во Америка, неговите родители потекнуваат од село Брезница, Леринско, Егејска Македонија. Со своето семејство живее во Непалес, Флорида. Преку лични контакти со американскиот Конгрес организирал групи за соработка  кои влијаеле за признавање на македонската државност и приемот на Македонија во НАТО. Целиот свој живот му го има посветено во промовирање на македонската нација и подобрување на односите меѓу Америка и Македонија, поради што е назначен и како почесен член во ОМД. Како хуманист има организирано фондации за помош на македонски студенти и лица кои се без свој дом.

1ilvl1 2

Средбата ја организира директорката на Обединета Македонска Дијаспора за Нов Јужен Велс, адвокатката Вера Секуловска и публицистот Виктор Бивел. Беше убаво да се другарува со овој витален 85 годишен активист, долгогодишен член на ОМД. Средбата помина во пријателска атмосфера со размена на мислење за иднината на македонската држава, убава македонска закуска и размена на книги. Илија Влашо за Библиотеката ја подари својата книга "AN AMERIKAN SON OF MACEDONIA", во превод на македонски од  Славе Николовски Катин, а членовите: Душан Ристевски, Иван Трпоски, Марија Александрова, Ристо Галевски, Перо Дамчевски Коцин, му подарија свои дела. Исто и Вера Секуловска му подари неколку книги од македонски автори кои живеат и творат во Австралија.

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.