Недела, 05 Мај 2024   
По повод 121 година од смртта на војводата Гоце Делчев: ВО СИДНЕЈ СЕ ОДРЖА ПАНАХИДА

Ivan 1

На 4-ти мај 2024 година, на Велика Сабота, во организација на Црковната Општина „Св. Петка“ во Рогдаел, предградие на Сиднеј, се одржа панахида за војводата Гоце Делчев но и за сите војводи, комити, партизани и борци кои ги дадоа животите за Македонија и делумно ослободување и формирање на Република Македонија. Панахидата ја одржа свештеникот Владо Недески.

Во почетокот се интонира македонската химна во изведба на Маја Наумовска, потоа општественикот Кирил Циревски прочита реферат за животот и делото на војводата Гоце Делчев. Потоа следеа рецитации на песни од поети посветени за легендарниот Гоце Делчев во изведба на Даниела Недеска, Кристина Санчевска и Александар Младеновски. Исто така со своја поезија посветена на Гоце Делчев настапија поети од Литературното друштво „Григор Прличев“: Иван Трпоски, Марија Александрова, Спасија Огненовска и Васил Тулевски.

Ivan 4

Пред бистата на војводата Гоце Делчев беа положени венци и свежо цвеќе при што пристојно му се оддаде почит на војводата Делчев, од друштвата и организациите: Црковната Општина „Св. Петка“ (венец положи претседателот Борис Димчевски и Кире Марковски), КУД „Илинден“ од Рогдаел (Роберт Наумовски), Македонското пензионерско друштво од Рогдаел (Спасија Огненовска), Литературното друштво „Григор Прличев“ (Иван Трпоски, Марија Александрова, Спасија Огненовска, Др Васил Тулевски и Тоде Мицковски).

Поздравна реч исто така даде и градоначалникот на Општината Bayside, госп. Бил Сарафиновски кој е од македонско потекло и кој повеќе пати беше избран за градоначалник на Општината Рогдаел, град  збратимен со Битола.

Ivan 3

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.