|
|
ОМД ЌЕ ОСУДИ ЗЛОУПОТРЕБА НА БАДЕНТЕРОВО ПРАВИЛО ПРИ ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА |
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) будно ги следеше Парламентарните и Претседателските избори во Република Македонија во 2024 година. ОМД согледува дека може да се формира коалициска влада и покрај доказите во последните неколку изборни циклуси дека мнозинските политички партии станаа заложници на политичкото влијание на малцинствата во државата. Поголемите политички партии, ги заборавија интересите на македонските граѓани со тоа што подлегнаа на барањата на партиите на етничките Албанци, особено на Демократската унија за Интеграција и на Алијанса за Албанците. Кандидатите се именувани на високи министерски и советнички места врз основа на политичка и етничка припадност, а не на индивидуални способности. Актуелниот состав на Владата на Република Македонија беше избран во Собранието на 28 јануари 2024 година со 65 гласа „за“ и три „против“ откако претседателот Стево Пендаровски го овласти Талат Џафери да формира преодна влада. Од 20 министерски места, во моментов има десет министри од партиите на малцинството на етничките Албанци, кои имаат застапеност и преку претседателот на парламентот. Кога 20 проценти од малцинското население е претставено со 50 проценти од владата, станува јасно дека има несоодветна застапеност на Македонците во нивната земја. Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија (позната како Бадентеровиот арбитражен комитет) првично беше замислена во 1991 година за да го олесни меѓуетничкиот дијалог. Наместо да негува единство, тоа беше значително искривено со текот на годините. Она што некогаш беше алатка за промовирање на соработка и инклузивност, сега стана пион на политичката арена, што се користи за краткорочни придобивки, а не за долгорочна општествена корист. Злоупотребата на Бадентеровиот принцип се прошири многу подалеку од нејзините првични намери, проникнувајќи во различни аспекти на македонското општество. Од локалната управа до здравството, образованието, па дури и судството, неговото деструктивно влијание е силно почувствувано, не оставајќи ниту еден аспект од општеството недопрен. Доколку на македонските и на македонско-албанските политичари им треба освежување на она што го наведува погрешниот Охридски рамковен договор во однос на Бадентеровите принципи, тие треба да се повикаат на делот 5.2 од Охридскиот договор (2001). „5.2 За донесување на законите кои директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и на законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници, ќе мора да постои мнозинство од гласови, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласови на пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија." Македонскиот устав е јасен: партија или коалиција со 61 место може да формира влада, а тоа мнозинство може да дојде исклучиво од македонските партии. Затоа, сметаме дека новиот премиер мора да формира професионална влада која ќе работи за своите граѓани и ќе се погрижи најмалку 80% од министерските места да ги заземаат Македонците, што е мнозинство од населението, и да биде пропорционално на целото гласачко тело во земјата. |