Среда, 02 Октомври 2024   
ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Со средствата од првиот бизнис во автомобилската работа, а и како сервис-дилер на услуги и продажба на автомобили, Стив го купува големиот градежен плац отспротива, каде го изградиле и семејниот дом. Меѓутоа, и натаму не мирува немирниот дух на Стив. Тој трага по нови бизниси, по друго работно место, по сопствен пат и иднина.

Затоа, по некое време го продава автомобилскиот сервисен центар, ја напушта доста успешната автомобилска работа и влегува во продажба на имоти, односно недвижнини (real estate), во кои дошле до израз неговото животно искуство, познавањето на англискиот јазик,кој е особено внослив бизнис во Канада. Притоа, финансиската помош од страна на семејството на неговата сопруга била од многу голема важност

Интересен спој било сето тоа негово активирање на повеќе полиња. Сето тоа му овозможило да се занимава и со политика, што е веќе значаен исчекор во неговите богати и многу впечатливи биографски страници. Така, во изборниот циклус од 1987 до 1988 година, како член на федералната партија НДП (Нова демократска странка), Стив е избран во одделот „Полициски сервис“.

Како и во секој негов ангажман дотогаш, и во политичките води, Стив се снаоѓа и постигнува успех и тоа мошне добро и на долги патеки. Затоа е респектиран член и активист и во Њумаркет каде што е избран, но, и пошироко, добивајќи многу комплименти, признанија и сатисфакција за ангажманите на политички план.

Меѓутоа, сепак, прва и основна преокупација му е бизнисот. Заедно со сопругата Лили, во Њумаркет ја отвора компанијата Lilicris Industry Ltd, заедно со Џим, Македонец од селото Бесвина, Егејска Македонија.

Меѓутоа, во 2000 година, Стив и Лили го купуваат делот на нивниот партнер и пријател Џим и самостојно ја продолжуваат среќната иднина. По поделбата, односно по неговата целосна сопственост врз компанијата, веќе се внесува нов импулс, нова енергија и се започнува со нови проширувања и дејности.

 12 copy copy

Лили и Стив Плакас во Нијагара

Како холдинг компанијата прерасна во моќен бизнис центар во Њумаркет, чиј претседател и директор е Стив Пљакас. Под неговата контролоа се и берзанските движења, трансакции и акции. Сето тоа претставува многу интересен спој на полето на бизнисот, кој со голема поддршка од Стив и Лили со успех го водат нивната ќерка Џини и зетот Алек.

Познатиот македонски активист и бизнисмен Стив Пљакас и неговата сопруга Лили, исто така, се и големи хуманисти и донатори на многу личности, асоцијации и важни македонски културни и други манифестации во Канада, САД и во Република Македонија.

Стив Пљакас долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји. Тие се спонзори на бројни социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Затоа, со право се вели дека Стив Пљакас успешно се снашол во Канада. Меѓутоа, воден од љубовта кон татковината тој е мошне активен и во Македонија.

Исто така, Стив Пљакас е еден од Македонците на северноамериканскиот континент кој е масон, или слободен ѕидар. Инаку масонството е братска организација која се појавила кон крајот на XVI  и почетокот на XVII век. Масоните денес постојат во различни форми низ целиот свет, со членство од околу пет милиони луѓе, вклучувајќи околу половина милион во Англија, Шкотска и Ирска, како и околу два милиона во Америка, каде нивното членство е најбројно.

Според зборовите на Стив Пљакас, сите форми на масоните делат исти морални и метафизички идеали, кои во најголемиот број случаи вклучуваат изјава за верување во Бога. Инаку, братството административно е организирано во големи ложи, а секоја од нив си има свои јурисдикции. Исто така, постојат дополнителни тела, кои се организации што се во тесна врска со масоните, но со своја независна администрација.

Првата Голема ложа на Англија е формирана на 24 јуни 1717 година, кога четири веќе постојни ложи во Лондон се сретнале на заедничка вечера, додека во Ирска и Шкотска се формирани во 1725 и 1736 година.

Масонството е распространето и во британските колонии во Северна Америка, односно во Канада во текот на триесеттите години на XVIII век,каде биле оформени различни локални големи ложи. Треба да се нагласи дека во суштина не постојат вистински разлики меѓу масонските практики на ложите во минатото и денес.

Најстарата надлежност во континенталниот дел од Европа, пак, ја има Големата ложа на Франција, формирана во 1728 година. Повеќето ложи од земјите од англиско говорно подрачје ги прекинале контактите со оваа ложа околу 1877 година-- кога Големата ложа на Франција го сменила условот за своите членови во врска со верувањето во Бога  и го прифатила атеизмот. Затоа, обично се вели дека масонството е составено од две гранки: Големата ложа на Англија (UGLE), и Големата ложа на Франција (GOdF).

Во подолгиот разговор со господин Стив, во врска со масонството, тој рече дека масоните често се нарекуваат „тајни здруженија“, велејќи дека тој термин повеќе соодветствува отколку терминот „езотеричко здружение“, бидејќи поголемиот дел од нивните активности се тајни.

Тајните активности во модерните масонски ложи се начините за препознавање меѓу членовите, како и одредени делови од ритуалите. За тоа се уверивме во Измир, во Турција, кога Стив не се чувствуваше најдобро и, преку прстените се препознаа со еден масон, кој со сите заложби вети дека сѐ ќе направи за Стив.

Инаку, кандидатот за масон мора да влезе во ложата од својата држава. Треба да биде прашан од веќе постоен член, дали сака да биде масон. Доколку се согласи, станува кандидат за член. Во некои ложи се практикува можниот кандидат да биде прашан три пати. 

Останатите членови го одобруваат неговото членство со ставање на „бели топчиња“ во кутијата за гласање. Доколку се појави едно „црно топче“, кандидатот ќе биде одбиен. Бројот на негативни гласови за одбивање на кандидат не е ист кај сите ложи, но најчесто еден глас против е доволен.

Според општите услови за станување масон, меѓу другото, се: стапување во организацијата по своја слободна волја; верба во врховното битие; кандидатот да биде со добро реноме, добри морални вредности; да биде психофизички здрав; да биде способен да ги прифати карактерните правила на ложата и друго. Отстапувањето од еден или од повеќе од овие услови се смета за показател за одбивање од масонската организација.

Интересно е да се спомене дека од 1723 година, прифатено е дека масон може да биде само маж. Најголемиот број масонски ложи не примаат жени во своите редови. Сепак, пред 1723 година, постоеле неколку жени кои станале масони. Во денешно време, жените си формираат свои ложи по углед на машките, и ги практикуваат истите ритуали. Женски масонски организации постојат низ целиот свет.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.