Среда, 30 Октомври 2024   
СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

112

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во аналите на семејните корени на Стив Пљакас стои дека таткото на Стив – Ламбро (1912-1999) исто така е роден во селото Зелениче, во летинската околија. Соочен со тешкиот живот, без перспектива, во 1948 година заминува на печалба во американскиот град Питсбург. Им се придружил на своите браќа Славе и Коле, кои како постари печалбари и сложни добри браќа веќе биле таму. Подоцна, тие ќе му помогнале на Ламбро околу купувањето на фармата во Канада.

Ламбро бил многу трудољубив човек кој вредно работел, печалел и се пробивал во новата средина, па наредните четири години во Онтарио го носел товарот на целото семејство на своите плеќи.

Инаку, печалбарската традиција на оваа фамилија е уште од дедовското гурбетџиство. Така, дедото на Стив, Ване во почетокот на минатиот век, заминал преку големата вода до источните брегови на северноамериканскиот континент каде останал, речиси, три години. Со заработените пари и многуте идеи за подобар животот, тој се вратил назад во родното селото.

Меѓутоа, Ване освен со парите се вратил задоен со многу патриотски дух во себе. Дошол со голема желба заедно со истомислениците и хероите да стори сè за слобода на својот народ, за ослободување на Македонија. Кодошите секогаш му биле зад петиците. Му го мереле секој збор, го регистрирале секој негов контакт и секое негово дејствување.

Во 1943 година џандарите го фатиле и тој бил осуден на три години затвор. Причините биле, неговите слободарски и патриотски идеи. Го издржал тој неподнослив тригодишен затвор, кога конечно излегол од зад решетките. Ама и натаму дедото Ване не мирувал. Сите го знаеле и почитувале. Ване посветено, а тајно, многу тајно, создавал мрежа од патриотско-македонски ќелии во егејскиот дел на Македонија.

Инаку, да потсетиме, дека според семејното стебло дедо му на Стив, Ване дошол од Албанија во селото и се оженил за Магда од Зелениче. Според зборовите на Стив, Ване бил најдобриот дедо кој во скутот го држел Стив и неговите браќа. Долго им раскажувал најубави приказни и ги заспивал на своите гради.

И секако дека предците по прадедовска, дедовска и татковска линија имале силно влијание врз развојот и формирањето на младиот Стив. Тој напросто впивал сè учејќи од своите предци. И, не случано, таквиот патриоски дух постојано го носи во себе како нешто свето, како нешто најсилно. Дедото и таткото на Стив, низ разни преданија, сказни, песни и настани, му ја кажувале вистината за својот народ, му пренесувале идеи и завети како своевидна семејна традиција.

Стив Пљакас по Втората светска војна го завршил шестото одделение во селското училиште со многу свои врсници. Потоа следела преселбата и патот кон канадската земја. Во 1958 година, кога веќе бил отиден од родното место во беломорието, тој добил покана да се врати назад за да го отслужи воениот рок во грчките армиски формации. Меѓутоа, се разбира, не се вратил назад. Ништо не можело да го натера да појде и да биде војник во земјата од која заминал. Било најдено Соломонско решение, поточно, платил казна и го затворил тој случај.

Во меѓувреме, во Канада сè поуспешно чекорел низ животните и бизнис патиштата. Бргу се снаоѓал со својата упорност, храброст, умешност и капацитет, за кој бизнис и да се определел. Го бирал тоа што му носи убава перспектива, профит, име и углед во тамошната доселеничка средина.

Со избраничката на неговото срце – Лили, тие за прв пат решаваат во 1972 година да го прелетаат Атлантскиот Океан и да дојдат во Европа, а со тоа да ја посетат Република Македонија и родните огништа во Егејска Македонија. Тоа било и прво нивно доагање на македонските простори од поделената етничка земја.

Најпрвин пристигнале во Хрватска, а попатна станица им бил Загреб, од каде со автомобил го прокрстариле брегот на Јадранското Море, посетувајќи ги Дубровник, Сплит и други места и градови долж јадранскиот брег. Натаму, преку Црна Гора стасале во Македонија, каде во оваа земја тие секогаш ке бидат свои на своето.

1122

Селото Зелениче

Речиси еден месец колку што престојувале во Македонија, најмногу денови поминале шетајќи низ селата и градовите, воодушевени од убавините на татковината. Во собе носеле прекрасни доживувања од престојот во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп Гевгелија, Хераклеја, Пелистер, Стоби, Преспа и каде сè не. Милениумските цивилизациски траги во времето и просторот, биле најверната личната карта за својот род и својата библиска земја.

Отпатувале и во Егејска Македонија. За прв пат по преселбата во Канада, заедно го посетиле родното место, селото Зелениче, кое според литературата припаѓа на Општина Лерин, а духовно, со црквата припаѓа на Костур. Повторно по низа години, Стив со многу емоции и спомени чекорел низ маалата и сокаците, се присетувал на детството, и носталгично застанал на куќниот праг каде што не можело ни солза да се задржи.

Во Зелениче со сопругата Лили ги споделувал спомените   од некогашното време, раскажувајќи детаљ по детаљ од спомените за она што непрекинато навирало во тие мигови. Стив и’ раскажувал на Лили за минатите детски години и со солзи на очите евоцирал спомени од тоа време.

При средбите и разговорите со најблиските кај Стив се пластела тага во душата , бидејќи неговите соселани  не сакале да зборуваат на својот мајчин македонски јазик, уплашени да не ги поткаже некој на грчките власти, тоа е нешто кое тој никогаш не го заборавил,  доживувајќи го како  проклетство, кога ти го забрануваат најсветото.

Стив и Лили Пљакас си заминале од Европа и се вратиле во Канада каде понеле многу спомени кои ги потврдиле со безброј фотографии. Сето тоа било прикажано пренесено на своите најблиски и на голем број пријатели. Тоа патување за нив бил вечен спомен кој им ги отвори патиштата на вистината и ја потврдил љубовта кон Македонија.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.