Среда, 06 Ноември 2024   
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

12 copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во повеќе  продолженија  се обидовме да   го претставиме животот и делото на еден од најистакнатите Македонци на северноамериканскиот континент бизнисменот Стив Пљакас, кој е роден во егејска Македонија, а живее во Канада. И во наредните продолженија ќе се обидеме преку неговото монографско дело на англиски и македонски јазик, насловено како „Стив Пљакас“ од авторот на овие редови, Славе Катин, а во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2017 година, читателите ќе бидат запознати со бројни аргументи и факти за делото на Стив Пљакас како бранител на вистината за Македонија

Да се пишува за минатото и сегашноста за Егејска Македонија, за поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Тоа е причина што често се вели дека Македонија е најубавата земја на Балканот, а егејскиот дел на Македонија е срцевината на таа македонска убавина.

И не случајно, зашто на тие простори некогаш било седиштето на македонската држава на Филип и Александар Македонски и на бројни знајни и незнајни јунаци. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо.

Според зборовите на Стив Пљакас: „Мајката природа на Егејска Македонија ѝ подарила богатство од убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани.

Затоа Македонците од Егејска Македонија каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во сите делови на поделена Македонија, се гордеат и го чуваат таквото богатство за идните генерации.

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела – престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар.

123 copy

Костур

Но, со проширувањето на границите на Македонското Царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред сè, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење“, вели Стив.

Инаку, Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што на север е заграден со планините: Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на реката Места. Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западните делови на Родопските Планини. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри.

Долна Македонија, пак, за разлика од Горна Македонија, е претежно рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејско Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Ворас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на реките Вардар и Струма.

Реката Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна; западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос. Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 квадратни километри) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Денес, Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34.153 квадратни километри, половин од цела Македонија.

На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, како што се денешните граници на Грција спрема север, на запад со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд.

На југ граничната линија достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Перија и Олимп и се мие од Егејското Море, а на исток досега до реката Места

Стив Пљакас го има речено следното: „Карактеристиките на релјефот на Егејска Македонија се состојат во тоа што планините ја делат земјата на многубројни мали и големи низини и котлини, со голем број реки и езера. Според денешната администрација на Грција, Егејска Македонија е поделена на следните окрузи: Костурски, Кожански, Лерински, Воденски, Кукушки, Солунски, Серски, Драмски, Кавалски и Халкидиски округ.

Македонија е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомната како земја на неколку места и во Библијата и многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја. Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и поновата историја, се фасцинирани од неа.

Затоа се вели дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии, каде народот на своите плеќи почувствувал освојувања, империи, промени и бројни непријателски јареми. Меѓутоа, таа ја задржала својата волшебност и своето име.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.