Среда, 20 Ноември 2024   
СЕ ОДРЖА „БРАЈЧИНСКА СРЕДБА“ ВО МПЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 16 ноември 2024 година во салата на МПЦСв Климент Охридски“ во Торонто, се одржа „Брајчинската средба“. Во донаторство од повеќе семејства од Брајчино, во преполнетата црковна сала присутните кои се чувствуваа како да се во Македонија, ги забавуваше естрадниот уметни Соња Лозановска заесно со Бендот Оливер.

Селото Брајчино е уште едно автентично село кое припаѓа на Брсјачката етнографската целина – Долна Преспа. Се наоѓа на илјада метри надморска височина, извезено на ридско-планинскиот  предел, од двете страни на живописната Брајчинска река, која го дели селото на четири големи маала: Горна Маала (го зафаќа источниот), Долна Маала (северозападниот), Чороловска Маала (западниот) и Камејнче Маала (јужниот дел на селото). Секое маало раскажува приказна за себе која ве остава без здив, особено кога ќе ги погледнете куќите од резбан камен, калдрмисаните сокачиња кои тајни кријат и ве водат кон најубавата глетка на тоа што природата го створила, а тоа е Преспанското Езеро и соседните села, како ѓердани нанижени на планинските предели.

Брајчино е село од збиен тип, со најголем атар од сите села во околината на Преспа. Опколено е од сите страни со иглолисна и листопадна шума, бујни ливади, далеку познатите јаболкови расадници, минерални извори кои водат до Пелистер, брзи водотеци (леви и десни притоки на Брајчинска или Стара река како што ја нарекуваат Брајчинци.

Во минатото, ова село броело до илјада жители, имало и свое училиште во кое се изведувала настава до четврто одделение, споменик на НОБ како дел од богатата вековна историја.

Инаку, Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

Заживувањето на селото Брајчино се должи благодарение на прекрасната местоположба и неповторливата природна убавина, климатските услови на воздушна бања, бистрата и ладна изворска вода и другите природни реткости. Тоа е особено изразено од влијанието на Пелистер со Баба Планина и на Преспанското Езеро.

За Брајчино нема точни сознанија или документи како го добило своето име, но според мислењето и кажувањето на некои постари жители од селото и од други места, се вели дека постојат неколку верзии на преданија кои имаат различни толкувања. Така, во едно од нив се вели дека некогаш пред многу години од селото Браилово, Прилепско, дошле да живеат двајца браќа со нивните стада и крупен добиток.

Во Брајчино условите за живеење биле подобри, а за овците имало доволно пасишта, вода и сè друго што било потребно за стадото, а, од друга страна, пак, местото било позасолнето од арамии кои им краделе овци, јагниња сирење и др. И по тие двајца браќа од Браилово, населбата ја нарекле „Брајчино“.

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едниот манастир. Свети Никола е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите Света Богородица, Свети Илија, Свети Архангел (обновена 1916 година), и Свети Атанас (обновена 1984 година).

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

МПЦ „Св. Илија“ цо Мисисага

Секако, манастирот „Света Петка“ е едно од поважните духовни светилишта не само за Брајчино, туку тој е и еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај. Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век. Во чест и слава на света Петка, селска слава за брајчинци се слави на 8 август.

Според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа. Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси. Меѓутоа, за еден подолг периот манастирот и конаците биле руинирани, а и човечката рака оставила лоши траги по фреските и по ѕидовите.

Иницијатива за враќање на стариот сјај на манастирката црква „Света Петка“ започнала во 1978 година, кога жителите на Брајчино сами ја почнале обновата на конаците. Се чини пресудна беше 1995 година, кога Селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови манастирот и конаците.

Затоа, во изминатиот период брајчинци и нивните пријатели се потрудиле да создадат подобри услови на луѓето кои доаѓаат од многу места од Македонија и од дијаспората. Како резултат на тоа, во манастирската црква „Света Петка“ сé е обновено: конаците, фасадата, чардаците, скалите, изградена е кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба и три соби за спиење.Со тоа манастирот „Света Петка“ во Брајчино стана значаен религиски споменик во Преспа и во Македонија.

Поучени од селската црква братичани кои живеат во Канада се членови на македонсаките православни цркви во Онтарио. Затоа и оваа година ја организираа првата „Брајчинска средба“ во  црквата „Св. Климент Охридски“, во Торонто. Друштвото ,, Брајчино,, од Торонто ја одржа ,,Брајчинската Средба,, во чест на зимската слава Св. Петка.

890333333

Претставници од македонската заедница во Канада, повеќето со потекло од живописното долнопреспанско село Брајчино ја чествуваа зимската слава Св.Петка. За одличната организација на настанот беа заслужни членовите на управата на чело со претседателот господин Питер Шуковски.

Средната сала на македонската православна црква Свети Климент Охридски беше претесна да ги прими гостите, а за прекрасните цветни декорации се погрижија Питер и Сузи со нивната продавница Нофрилс.

Вечерата беше подарена од господин Крис Шуковски, музиката беше дар од госпоѓа Тодорка Мачковска со семејството како и господин Јосиф Попјаневски со неговата фамилија. Госпоѓа Мачковска која е позната и призната Македонка, дарителка во Македонската заедница и овојпат го обезбеди медиумскиот простор и рекламата на настанот во македонските медиуми во Канада, радио програмата,, Обединета Македонија,, и весникот ,, Македонија,, . Во организацијата на настанот учествуваше и госпоѓа Вера Вежовска Петревска.

На банкетот присуствуваа претседателот на црквата Света Недела од Ејџекс господин Славе Бунтески, претседателот на прилепското друштво ,, Маркови Кули,, господин Ице Јанкуловски, како и претседателот на друштвото ,,Мала Преспа ,,господин Босилко Аговски со членови на нивните семејства и управи.

Добрите пријателски врски со Брајчино во Торонто ги потврдија и претставниците на многу црковни управи. Лебот,виното и пченицата од кумата за оваа и следната година госпоѓа Милица Најдовска ги благословија отец Илија Димитриевски,отец Александар Тодоровски и отец Благој Пенев.

Друштвото упатува голема благодарност до сите кои донираа подароци за лотаријата, но и на вредните Македонки за домашните слатки десерти. Брајчинскиот банкет во чест на Св. Петка беше збогатен со веселата музика на Крис Димовски и Соња и Оливер Бенд.

Според зборовите на донаторите очекуваат вечерта да остане во сеќавање на сите присутни. На првата „Брајчинска средба“ гостите се чувствуваа како во Македонија, а тоа им го овозможи изведувањето на позната естрадна уметничка Соња Јовановска со Бендор Оривер, кои со својата  игра и песна ги одушевија присутните на вечерта.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.