|
|
Профил на глумицата: ГОРДАНА МИЛОШЕВСКА од СИДНЕЈ |
Гордана Милошевска е родена во Битола на 21 април 1974 година. Во Сиднеј, Австралија, се доселува во 2008 година. Нејзиниот сон и се исполни, за подобар живот се досели во Австралија но и ја започна актерската кариера во редовите на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во кој се вклучи во 2014 година. Има играно главни и споредни улоги за кои и била повеќе пати наградувана. Дебитира во комедијата „Доктор жими мајка“ во 2015 година каде ја одигра улогата на Магда. За оваа улога Гордана ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога во 2015 година. Со мала улога настапи во австралиската продукција „TheWay“ (Патот) во 2015 година во Bankstown Arts Centre во Бенкстеон. Потоа следеше улога во драмата „Куферот“ во 2016 година во улогата на Татјана. Во комедијата „Баба се мажи“ во 2016 година Гордана го толкуваше ликот на Џеки. Во драмата „Неочекувана забава“ во 2017 година ја играше главната улога и го толкуваше ликот на Мариа. Во драмата „Последниот Македонец“ во 2018 година која се назначи како грандиозна театарска продукција, Гордана ги толкуваше ликовите на Снежана, Ромка, Сениште и Вашиот. За улога на ликот Снежана, Гордана ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога во 2018 година. Гордана со нејзиниот креативен лик на Шекира, Ромка од Битола, има направено повеќе комични монолози со кои има настапувано на фестивали, прослави, промоции, радио-програми и две продукции има издадено на Ју-туб кои се видени од повеќе илјади гледачи. Душан Ристевски
|